@nikja @mariz @nancyyy Фала ви на споделеното искуство, ќе пробам меѓу две проверки со пренаталниве па ако многу скокне од јодот ќе барам друго чаре
Немав прележано како мала, ни јас, ни сестра ми (она дојде намерно кај мене да фати и фати и она). Фатив од некаде, незнам ни јас од каде... избив 3ти ден на море, итно се вративме. Немаше место каде немам осип, точка до точка... од глава, во очи, уши, на дланки, табани и плус многу ми беа мене воспалени.. не беа само точка со вода, туку ко вулкани огромни, ми жежеше целото тело. Дигнав и температура, па на инфективна ми дадоа Ацикловир за да се смири ситуацијата малку.. Со бременоста натака проблем немав, па ни со бебето. Иначе како знаеш дека е зостер? Другарка имаше еднаш зостер на образ, тоа страшно изгледаше... огромно, болно... @flower55555 не мерам, ама мислам се до 30 сек. Инаку може да траат и 1м
Може и да не ти пукне водењак до крај, мене таму ми го пукнаа И откако ми почнаа болките мене одма ми беа на 10мин. Не се намалуваше времето измеѓу нив и така беше неколку саати само дека беа издржливи мислев не е време за пораѓање и грешка сум била
@Abc baby имав јас на лева плешка зостер Обавезно на лекар да се јавиш Не те плашам ама не е така за да не го третираш Имав терапија од 10 таблети на ден
@mariz а дали добиваш и болни контракции? Денес од нормални кратки стегања, ми почнаа јаки дури и болки добивам долу. Е сега не се породилни па да знам дека тоа е тоа… Се напив и два магнезиума еве не поминуваат. Па и исцедок де густ де водлест. Не знам дали да трчам на итна или да се стрпам.
Јас кога имам стврднувања на стомак некогаш се малку болни, некогаш само стврднувањето е, а ги имам сигурно од 23 недела, сега 34та сум и пред 2 недели се некогаш со болки ама минат, се додека не се на правилен интервал, која недела си ти ?
Не.. не се болни. Поболно ми беше она грчење и стегање кое го имав во второ тромесечие, ама тоа беше па грч доле во матка што држи и со минути, саати, грч да не можам да се свртам, станам. Друго нешто беше тоа. А со контракцииве болка немам, имам језиво чувство и стомакот само ми се стврднува до горе, до желудникот буквално. Фацата ми трне при контракција. Ако е нешто што не се трпи, секако тркни до доктор. Јас исцедок никаков немам и тук там на 2,3 дена ќе падне парченце крем, густо. Можам со тоалетна да го земам од влошка... На доктор толку, итно не одам и онака сум 35+ веќе. Среда контрола имам, ќе си траам до тогаш Еве ме и инсомнија, лежам чекам да ми се приспие и од 11 до сега две ме стегнаа Баш ме копка дали нешто од овие би се регистрирале на цтг...
31+2 сум и еве сега ги пратам временски 00:48, 00:57, 01:09, 01:16…и бебево се размрда а иначе нигде го нема, дали од што се вознемирив. Баш кај бешика некаде ме боли и се шири. Читам на форумов доста почнале да осеќаат болни контракции или менструални болки баш оваа недела. Немам лесни услови за да отидам на итна, инаку веќе ќе бев нацртана. Малото спие со мене, јас не возам, мм прва смена на работа… @mariz да и мене ми се такви језиви и скрос стомакот камен, ако сум седната морам да сд исправам од незгодно што ми е. Ама вечерва и болки долу, баш стега. Изгледа ќе се оди на контрола
А кога ќе пушти, меко ти е стомачето? Мене ништо не ми е тогаш, болки никакви немам, стомаче меко, бебе си мрда. Само тие 30,40сек нелагодност, стврднување и толку... воопшто ни кичма ме заболува, ни доле ме заболува кога стега. Доле ме заболува само бебево ако ме акне со цела сила
Ајде да заспиеме, може и е умор си е све Примети баш дали сабајлечки ги имаш... Јас мислам се после пладне ми се јавуваат Баш утре тоа ќе забележувам...
И тие си имаат денови да некогаш се и премногу активни и тоа може да предизвика повеќе контракции, како што кажа mariz одмарај на страна лежи ако можеш би требало да ти се смират.
Мешковци ајде ве молам за совет, додека не отидам на доктор Од вчера сум затната цела, глава ме боле ќе ми експлодира, многу ми е мака ни можам да спијам ни ништо, се осеќам како претепана Смеам ли да се напијам нешто?
Настината сум веќе мила. Кивам цело време, носот скроз затнат и немам енергија, се осеќам отепана. Температура мерев, немам. Ќе одам после на доктор да видам што ќе ми каже, само незнам што може да ми даде освен парацетамолот
Ништо за жал... ептен антибиотик се дава ако се влоши состојба. Многууу олеснува инхалации над тенџере со морска сол. Ама така асално ќе ставиш морска сол на зовриена вода. Ќе се покриеш преку глава и ќе дишиш од тоа... и многу цедени лимони, течности, супа...
Значи за џабе и ќе одам на доктор Ќе пробам со лимон, супи и со инхалацијата што ми ја кажа. И парацетамол ми е страв да се напијам. Фала ти многу
Нека не ти е, дозволен е во бременост. Повеќе витамини, супа, лимон и ќе пројде. Повеќето таа недела поминуваат со настинки. Уживај се ќе е во ред.
Па ако немаш температура, не го ни пиј... нема ништо да ти смени Лежи, одмарај само. Јас корона прележав и поради температура пиев парацетамол, ама омалаксаноста, тешкото чувство си го имав и покрај него После па 50ка црп, многу фатив да кашлам и морав и антибиотик.. Многу течности за побрзо да помине, друго нема.. Со лесно