Девојчиња, кога почна да ви се познава право трудничко меше? Уште малку ќе влезам во 15 недела, сега за сега имам ептен малку што кога ќе седнам е многу меко и се собира во фиокички како сало, многу лошо изгледа. Останав трудна со 5-6 вишок кила, ослабев 2, па вратив 1 ама не бев вака како истурена и некако од страна како проширена.
Девојки, во април месец никаде немаше клексан, од аптека ми дадоа турски некој, но во фондот сега не ми ги прифаќаат. На сметката стои ИНЈ-ИНХИЏА 4000 анти-Џа И. Дали некоја ги има користено и Ви имаат рефундирано?
Секоја трудница различно, јас уште во 12та малку се познавав, после во 15та наеднаш меше. Другарка тек у 8ми . Така да уживај нормално е, ќе ти рипне наеднаш. Правевете ли балонче?
Мислам зависи од конструкција на жената, јас сум пополна од 24та некаде ми рипна ккако Џери се осеќам а имаш ли апетит мене сега почна пак д а ми се враќа апетитот кога не треба и тоа од сабајлечки
Дали некој се разбира во чепот повеќе. Нели е кремав, а некаде цел ако падне е кафен, крвав итн. Ми паѓаат мали крем парчиња веќе 2,3 недели на 2,3,4 дена. Ми падна сабајлево пак мало парче желирано пола крем, пола кафено Кафеново е веќе крајот на чепот или нема врска? 35+ сум... Со другиве две ми падна после 39та и веднаш беше и со кафенко, после оние појаки прегледи.. на 2,3 пати оддеднаш поголеми парчиња..
Уште не сме правеле, ги чекам моите да се вратат од одмор па да ги соберам на еден ручек и заедно да го пукнеме. Ама цело време си мислам дека е машко, така и ќе излезе. Според тоа како сум проширена и симптомите, дечко ќе да е. На почеток до кај 9 недела имав апетит, како ненаситна јадев. После тоа драстично ми падна, почна да ми се гади (не повраќав). Сега откако влегов во 14та пак имам апетит, ама не е нешто особено голем, можам да кажам релативно нормален. Јас си имам мака, склона сум на дебелеење, мислам дека од вода можам да се поправам, а тешко слабеам. Среќа што сум 173 висока, па се распоредува. Моментално 72 кг сум, све вишок ми е во бут, стомак и раце.
Мора да ти се исто како на извештајот. Вака како тебе беше снаа ми и она ме поучи да внимавам, дека нема да ми рефундираат. И сега барам каде има да земам точно како што пишува, наоѓам во една аптека во Чаир, па и другарки станавме со девојката дури.
15 та веќе имав заоблено меше. Баш рано почна да ми се познава, негде од 12 та, а 15 та веќе се познаваше. Ќе почне кај и да е да се оформува убаво мешенце.
На преглед може ли да се види дали е чепот? Денес на Гак си бев кај др на преглед. Бебица одлична. Напред една недела, 1800 гр е. Протици за хранење што иделе до неа, одлични. Иии плодовата вода е супер. Тоа што јадев се , освен благо ( исклучок праски, јаболка и ретко еден ред чоколадо) се исплатело. Е сега има да здробам пола лубеница.
Мене н извештајот што ми го даваат ми дават клексани и некој други,за во случај ако нема клексани да земам од другите. Инаку јас одам една недела порано во аптеката и се договарам за клексани колку ми се потребни да има тој и тој ден.
Поима немам, среда сум на контрола се надевам до тогаш нема да тргне нешто. Не ми се оди порано, не сум ништо спремна А деф е чепот, нема што да е. Брисеви чисти, секрет не сум имала ваков пред овие недели. Желирано парче, можам да го земам од влошка и гаќи со тоалетна. И пред некој ден ми заличи ко да смени боичка и како малку кафенко да беше, ама денес баш кафена... Се ѕиркам сеа на секое, нема пак ништо сега за сега Ама чим ме здрмуваат и контракции, мислам е нешто полека тргнато. Чудно чувство имам Не сака бебево изгледа да пропушти многу од летото
Herpes zoster не се префрла од некој што има варичела.. него го имаме во телото да не објаснувам постручно да те збунам ама ти од кога си имала сипаници го имаш во тебе и можи да се активира не од друг што ќе ти префрли..затоа не треба многу тука ни да се чита оти само ќе се испаничиш..се надевам имаш одено на лекар,ќе ти прешише антивирусна терапија,ќе ја пиеш и нема да имаш ништо ни ти ни бебето
Devojki na odmor so kakov faktor se mackavte,sakam da odam na odmor pa neznam od koj da zemam dase mackam koise dozvoleni vo bremenost
Колки е опасен тој вирусот во градинкиве што го има,децата ок поминувале само трудниците потешко,парво вирусот,да не има некој искуство,кај малиот у градинка се појави кај друго дете,па малку ми е страв сега
Фактор со физички/минерални филтри барај, не овие поевтините што се со хемиски филтери. Тие се дозволени во бременост и сигурни. Секако земи си со висок фактор.