Претежно се префрла помеѓу деца, ептен ретко кај возрасен. Внук ми го имаше, никој од возрасните не фативме, јас бремена плус, ниту па некое дете низ игралиште што се играат. Откако се исфрли тогаш открија дека го има, а префаќањето е додека трае инкубацијата, а тоа не е видливо или пак има некој симптом за тоа.
@mariz , кај мене исто беше кремасто беше. На 35+1 прв пат, јас плус со скратен цервикс. Баш како желе, јас еднократно на хартија извадив. После 2 дена исто веќе на бришење, на хартија поголема количина. За ден, два после тоа и се породив.
Kerka mi imase, jas ne fativ od nea. Go prasav ginekologot i mi rece ne spagja vo najopasnite virusi.
И сака да те спаси тебе од пеколов, да се олесниш барем јас со првото се плашев се тресев до 36та после до 40+2 го износив, сега од шо ми е мака едвај чекам да биди, сабајле до 3 неможев да спијам од жешко, ми се плачеше, ми се чини вриев На преглед ко бев докторов ми вели поголем е понапред е , епа нека излегва му велам, чекај рече уште ви е многу рано
Ти жено спремај се, што чекаш Ова бебе изгледа ќе сака порано да излегува. Иако сум читала и со паднат чеп тераат уште, ама ти спомнуваш и контракции. Се ми личи дека во скоро ќе се гушкате со бебе.
На муабетов до 40 та носење. Прееска ме прашува др како сакаш да се пораѓаш и јас како во шок бев. Викам па незнам…хахахах, само да не ме оставиш да терам до 42 ра зошто ќе пукнам до тогаш. И стварно незнам што сакам…
Јас да треба да бирам пак би одбрала царски, а за првото до крај бев за природно, ама сега дека ќе чекам шо велиш скроз до крај и ќе поминам низ целиот тој процес на природен пораѓај баш и неможам, психички неможам да издржам си мислам.. има и лесни природни пораѓаи фала богу, ама нека фала
Некако ме фати неспремна. Периодов ич не размислував на тој дел. Оставивме за нареден преглед да зборнеме пак околу тоа. Рече е се по протокол и како треба ќе те породам природно, ако има нешто идеме царски. Ама ај ќе почекаме.
Јас сум во план и на депилација уште еднаш да отидам Рано е ств, бар 37, 38 нека фати. Ќе почнам од денес да пуштам алиштенца за перење. А козметика, влошки, пелени, најверојатно онлајн ќе порачам... зошто ако го чекам маж ми заедно да одиме, ќе го дочекам
Втора бременост со терапија, си пијам фемибион и ми ги одобрија, не сметаат на тироидна, не се сеќавам дали рекоа мала количина е тоа, ама навистина не ми сметаа и минатиот пат и сега, тироидната си функционира нормално со терапијата и по породувањето немав проблем
Дали некогаш ударите и движењата на бебињата ви се болни? Некаде ми мава доле, дали на бешика, дали на јајник не знам, абе како струја доле да ми поминува. Буквално како да ме сече нешто. Можно да ми прави бебуш контракции со движењето?
Дали воден исцедок е нормален? Нема мирис, боја, иритација никаква. Буквално како вода, по сти пати менувам гаќи. Суво е само преку ноќ во спиење. Инаку скрининг поминат прошла недела, се ок - цервикс затворен 37мм , но се нешто се плашам..
Нормално. Цела бременост скоро сум мокра. Да не читаш тука, имаше еден период сите до една бевме мокри хахахахах