Честитки мајка да е жива и здрава. Зошто висока, таман е, околу 6 недела треба да си според ова што го кажуваш.
Не бе кај со таа бета 6та недела. Порано е тоа. Јас со последен циклус на 06.11, бета 235 имав пред доцнење на 2ри декември (циклус на 30-32 дена). Тек на 20ти дек бев на прво ехо и бебе беше 6+2 Значи со бетата 235 сум била едвај 3 недели бремена... @Lady Maria таман си е бетата. Ако си фатила баш овулација тогаш, таман си сега макс 3,4 нед бремена. Со лесно! Сега најрано на ехо за срцева реакција за 2 нед
Ако последна менструација е 03.06 тогаш според мои пресметки денес треба да е 5+0. Провери бета и утре да видиш дали се дуплира. За два дена каснење ти е добра вредноста.
Фала ви на сите да не ве цитирам посебно секаде господ да дава. Мене ехо утре ми закажаа не знаам зошто ама рече утре секако дојди за вторник да појдам
Појди утре, во 5+1 точно како што би требало да си според циклусот би требало да се види точка во матката макар и милиметарско. Сега гледам кај мене на 3 дена доцнење бета била 325. Честитки, пиши ни што си направила утре.
Ама имала доцна овулација ако била овулацијата на 22ри. Но нема врска, битно е добра бетата Јас 235 бета имав 4 дена пред доцнење на 2ри декември (требаше да не добијам на 6ти), а на 20ти тек бев на прво ехо и бев 6+2 точно и по менструација и по плодот со едвај само што активирана срцева реакција Со таа бета утре, мало сакусче ќе има.
Леле женски јас денеска пукнав. Се изнаповраќав денеска, главата ќе ми пукне, нос затнат. Бев на доктор му кажав дека сум бремена ми даде едни таблети Zincovit-C. Прашав во аптека рече му ги давале овие на трудници и биле безбедни. Сте ги пиеле?
Вака составот им е океј, витамини се... Антиметил земи за повраќањето (ѓумбир е тоа). А спреј за носот ти дозволија? Септаназал детски јас прскав...
Живи и здрави да сте мајка и лесно опоравување Се изненадив и погледнав 32+ недела си Јас сум 30+1 и имам стврднувања на стомакот по неколку пати на ден и со болки и бебето ми е странично уште ниту главата му е доле ниту горе, дали и јас да се надевам да не е 7мо месечно бебе Пиши ни кога можеш како сте како помина, зошто дојде до порано породување
Да имала порано овулација според бетата, ти имаш доста покасно. Затоа и бетата ти е на тој ден толку.
Женски јас се породив вчера Сите да си дочекате ваква убавина и чувства во животот кој не се опишуваат !! Само господ да ви подари убав пораѓај, а како мојот ни на душман не посакувам !!!
Кај мене првите две ми се како кај тебе, со доцна овулација. А ова третово е точно на средина од мојот циклус. По менструација бев 6+2, а плодот на ехо беше 6+3. Значи кај мене точна, ни рана, ни доцна овулација @_budaletinka* живо и здраво! Брзо опоравување и гушкање дома Се се заборава, битно да сте добри Кога ќе можеш, пиши во породилни приказни.