Забележав дека мокрачата ми е пенлива од вчера на моменти. Читав дека тоа значи проблем со бубрези и протеини во урина. Пред две недели правев крвна слика и урина, гледам и протеини ми провериле и пишува негативно. Дали да одам да проверам пак?
Подобро да не ме праќаат, само да се сеќирам за нешто. Смачено ми е од боцкања само, јас не знам како порано раѓале деца без ништо испитувања и преглед само два пати во 9 месеци. Во странство сѐ уште ја имаат таа практика, само кај нас ни прават стресови и се малтретираме по лекари. Што е подобро не сум паметна, само знам дека сум под стрес цело време наместо да уживам во овој период.
Sestra mi vo stranstvo bez indikacija nisto plus ne ispituvase. Nie ovde bukvalno se i toa sto treba i toa sto ne treba.
Женски бев на преглед еднометрум 12мм и жолто тело има во десен јајник не знаам ова како е ама не е вонматерична ??? Утре бета ќе правам пак
Мене мојот гинеколог ми даде упат за витамин Д, исто многу низок под граница . Трет месец кај што пијам од 1000 + има во Фемибионот + сонце. Ми кажа август да проверам пак, за да провери разлика. Било важно да е ок , малку ме зачуди - ни една другарка/познаничка не испитувала околу мене.
Исто и околу мене, а еве и многу членки тука не испитувале, а ми рече гинекологот дека е важно да не многу ниско, затоа се загрижив. Ако е важно зошто не ги упатуваат сите трудници не ми е јасно. Пијам и јас веќе два, три месеци секој ден од 1000, плус во премама што има, но изгледа е малце. Е сега сонце не гледам, ретко, дома сум преку ден дека сум на патолошка и повеќе мирувам. Но и од сонце, ми кажаа многу малку се апсорбира, па мора со витамини повеќе.
Бетата не е репер за вонматерична. Кога имав вонматерична бетата ми растеше исто како во нормална бременост. Само ехо и тоа подитно кај добар гинеколог за да ти потврди дали е стварно вонматерична. Етопична бременост не е шала и не смееш да чекаш.
Не, да не читаш ништо. Нормално е да е пенлива некад. Повеќе течности и ќе се среди. Не му ја мисли. Оваа ти е топ на сликава.
Вонматерична не е ама тоа corpus leteum е на десен јајник еднометрум 12мм јајниците се во ред .... И сега како тоа леле не се разбирам ама ич аман аман аман
Не исплаши жено, па корпус литеум е сосем друго нешто. Бремена си, рано е да се види, која недела си? Објасни ли дека си имала касна овулација? На десна страна била овулацијата. Тоа е.
Ум немам ако ме веруваш ...трудна си ама нема ништо. Прилеп бев на ехо на болница ми рече 5та недела си,во Плодноста ми рекоа 3-4 ....Грешка прам што одам кај две докторки
Јас во 5та бев одвај се виде точка, со таа бета ништо нема да се види. За две недели најубаво да идеш. Вака само си правиш паники за џабе.
Можно ли е да го чуствувам бебево со саати, не знам може саат време осеќам како скокоткање , како црв дс поминува? Нема никаква болка, ама во лежечка положба го осеќам . Да напоменам 21ва недела сум.
Јас ја користев ама бев мислам 7ми месец и немав тогаш стрии, ми искочија крај на 9ти. Не ме воодушеви нешто посебно затоа и ја сменив откако ја потрошив.. убаво мириса, не е мрсна, лесно упива. Може ќе ти се свиѓа пробај ја ќе видиш, ок е цената