И јас сум со болки и чести стврднувања, му кажав на матичниот ми рече се спрема матката, ама пак си велам на едно цтг да ме пуштеше, ептен менструални болки ме фаќаат баш ниско долу и притисок исто. Утре сум пак кај него ќе му спомнам пак, ама еве па сите сме така изгледа последниве недели..
Еве само што се вратив, рече нормално си е за неделите да те фаќаат.. да не се секирам чим се такви на неправилен интервал. Он вика мирно е цтг за контракции сега, а ја гледам по некој бран до 50 има Бебе нешто лудуваше, како ме вклучија на цтг приметив многу брзо некако срцето ама ај си ќутам паметна да не се правам... па за 2мин кога фати да урла апаратот ТИТ ТИТ ТИТ, да алармира. Дојде сестра, викам што е? Малку е тахикардично бебе, но не е страшно и ме остави. За кратко пак аларм, па дојде и ме заврти на страна... да не си јадела благо сабајлево? Викам не, ништо не сум уште јадена. Ама го гледаше докторов и тоа, ништо не рече. Наредна среда пак на контрола. Плански царски спомна накај 38, но со мал простор за природно. Ќе видиме... Супер си е со килажа, 2700 35+2..
Значи нормално е , и ова мирно мирно па ко ќе почни да мава и на нив им се смачи внатре ти барем си почна со прегледи на една недела јас уште не, утре сум за клексаните да одлучиме дали ќе ги преќинам па најверојатно ќе ме пушти и на болница кај докторката оти треба да се договориме за царскиот, би требало и јас во 38 ако не и порано како шо иди поголем му велам паника ме фаќа ми вели зошто па не ти е прво, е не ми е му велам можи баш и затоа ти како си спремна си психички?
Па одмори моево 2 дена, за на цтг баш да полуди... до 190 пулс имаше, откачено Па спремна психички сум да ти кажам, не ми е страв ич како и да биде. Мене не ми се и верува дека ми летна времево и дека за 2 до 3 нед бебе ќе имаме дома Морам максимално да ги си уживам и преживеам овие последни денови со бебе во меше, зошто толку од моите труднички денови
И мене не ми се верува многу брзо ми помина оваа бременост, како вчера да праев тест туку ај да почниме да периме и пегламе алиштенца, уште ништо немам фатено
Некоја нервоза чувствувам деновиве, веројатно од претоплово и ограничување на движењата во спиење. Можам да се напивам Б комплекс, така? Има некое дневно ограничување на количина?
Можеш б6, б комплекс. Мене ми дозволувале по 2х б6. Добро што спомна, ќе си се напијам. Дали од што бев на лекар и со срцево на бебево, па и јас се вознемирив и сеа и мене пулс 120+... Не можам да станам од кревет (а сакам да си средам нешто), се задишувам како да сум трчала... и притисок 100 со 60. Ама па цела бременост со низок, па и понизок сум..
Исто и јас почнав да мислам на тоа, а др ми вика ако не ти истече надвор, значи аплицирано е во телото. Јас за до понеделник имам. Ќе видам петок резултати што ќе бидат. Ама се тешам ајде уште малце остана. Месецов за пола поминат го рачунам. Следен штом влезам во 9 ти , веќе е друго.
Ауу јас еве 3 дена кога ја вадам иглата од кожата ќе истече по една капка, дали е тоа знак дека не е апсорбирана каде што треба или треба доста течност да излезе Јас во понеделник ќе ги купам и останатите 10 тоа му доаѓа 30 купени со нив Во прва бременост примав 5 недели посчедна недела од 7ми и цел 8ми И д димерите ми беа скоро 3000 и тука ми ги стопираа и веќе не се боцкав Јас мислам дрка и цел 8ми ќе примам Ајде дај Боже да ти се подобри резултатите А одиш кај Јани Уште цели 2 месеци до термин ми е и плус 10 дена некаде
Мислам дека и доста паничиш и би ти рекла немој. И јас сум таква не дека не, ама и мене ќе извадам и ќе излезе капка од клексанот и колку пати и крв и не сум помислила дека една капка ќе направи проблем. А, да знаеш и 2-3 пати не ја аплицирав убаво инекцијата и пола течност од инекцијата заврши надвор. И со првото така ми се има случено и нормално дека моментално се изнервирам опцујам и чекам следна доза. Ќе бидеш добро, примаш инекции те следат на ехо се гледаат и протоците. Мене тука па не ми ни објаснуваат и немам појма дали ми гледаат протоци, се надевам дека да.
Ништо не е една капка, и мене знае да ми истече, ти 0,4мл аплицираш неможат во една капка да излезат.
Ми капнува и мене ама не е тоа страшно. Посекако примети дека и во шприцот скроз на крај останува и тоа никако неможе да се алпицира и нормално е да истече капка. Битно ми е што протоците ми се одлични. Тоа и завчера ми кажа др. Вика мене протоци ми се најбитни, а кај тебе се предобри и бебе расте за машала.
И јас завршив денес работа Правев 2 ЦТГ, морав да го повторам првото и пред тоа да кснам сладолед и кока кола. Бебе качило 600г за 2 недели и докторот беше импресиониран Уште си е ниско, спуштено со газе, си продолжувам со утрогестан уште 3 дена и 3 дози магнезиум до крај за болките и грчевите..За 7 дена контрола ваљда ако не и порано, на таа контрола закажуваме царски бидејќи веќе е доволно големо и многу лошо поставено, не треба да чекаме Еве го извештајот, ако некој се разбира да ми ги преведе скратениците Инаку за папочната кога прашав дали уште му е околу врат, докторот си преќуте..што разбрав како потврдно..