Од колку саат боцкаат за ддимери? Во 7-7ипол да одам си велам работат, кај нас во Битола се посебно трансфузиологија најверојатно секаде е така
Денес 35+2, на регуларен преглед докторката ме провери и со прст да види дали сум отворена и до кај е главчето на бебето дека ниско го носам. Откако дојдов дома почна да ме боли стомак, и приметив малце розевко на бришење. Да не направивме проблем да не предизвикаме предвремено породување да не е таков знак?
Жени чисто информативно. Пишував овде пред некој ден за вит д, ми испитуваа на ендокринлогија, ми излезе запрепастувачки низок 3.00. Исто шеќерот покачен. Денес повторно ме пратија на испитување, но ми рекоа оди на клиничка биохемија. Таму вредностите фала му на бога во нормала. Така да доколку правите крвни анализи на ендокринлогија и во центар за дијабет, резултатите земете ги со резерва, имаат проблем некако со реагенсите. Ова ми го рече и самиот ендокринлогот.
Може може, јас и по раѓање бев во темите Може таман сум родила, ти си дошла Еве и сега така, јас пред раѓање, ти доаѓаш
Па да и мене докторката ми рече нема потреба од печат, електронски е валидизиран овој документ и како институција сме валидни за крвната група. Но јас им реков печат секако да ми стават.