Да можев и јас би се шатирала, ради капата не доаѓа до контакт до кожата, но нема да ми ги покрие сите влакна. А за фарбата ми е шубе на скалп да ја ставам да не ми направи некоја реакција сега.
I mene mi e kazano da vnimavam na dvizenjata i pocesta proverka na plodovata voda...sto se ocekuvanjata od bolnica? Hospitalozacija ili potemelni pregledi?
И јас сакав да пишам во врска со движењето. Некако овие денови послабо го чувствувам, и не толку јаки удари. Не е вече мало 33+ сум и мерено 1800 на последна контрола. Ваљда им е топло и нив па одмараат повеќе…
Дали ви ги покриваат белите влакна тие фарби? Да не биде џабе фарбање, зошто многу одамна на Сајос по грешка земав без амонијак, ништо не ми покри, привремено малку после одма падна бојата. Кои фарби ги користите ако може сликче, фала ви Јас сакам оваа да ја пробам, вика е од природни работи, ако ха пробал некој нека пише искуства
Денес 35та недела, кога летна времево... Следната недела одам на ГАК да се договорам за пораѓај и почна паника да ме фаќа. Некако според плановите за брзо ќе дојде бебе. Викендов планирав да си спремам се што ми треба ама многу е жешко за шетање. Се фарбам со обична фарба и до сега не сум имала проблем. Планирам во теков на неделава повторно да се исфарбам, да бидам убава и млада за бебе
Два пати се имам фарбано со фарба без амонијак, ама на фризер, и искрено не знам со каква фарба беше не прашав. И супер ми беше косата, се покрија белите влакна и ми траеше. Сега чекам уште некоја недела пак ќе се исфарбам, и ќе прашам која е фарбата.
Моето вика газот му е надоле стуткан е нема место да се врти Можеби така и ќе остане рече Ме фати некоја паника Дека царски ми е страв само што сум будна да беше целосна анестезија супер ќе беше За движењата на крајните недели баш не се активни и се помирни од колку е тесно, се сеќавам со првото сешто во глава си мислев дека не е живо недај Боже Уживај уште малце барем ќе се спасиш малце од топлово Јас неможам да дишам Док. ми вика што е ова воопшто не качи килажа, ехх реков да беше да ми останат барем 15 кг на мене немаше да се бунам ама ништо само 3+ толку
Мене таа недела па активно ми беше се до 34 скоро... 35+4 сега и ептен слаби ударчиња и тоа се на исто место. Дали нема место (а кај мене е цело доле сместено, спуштено). 2700 беше средата, ни кај мене не е мало па да не го осеќам До душа наместена е баш најправилно што може за раѓање, гледа накај мој грб, грбчето и газето тука кај мојот папок и се.. па си викам и да мава, мава и чепка назад накај грб
Ајде дај Боже барем да биде до крај со глава доле Да се надевам, ама во лоша позиција ми рече стуткан е со газот доле накај моја лева страна кај бешиката
Еве и кај @angel4444 беше во таква позиција и не се врти. Сигурно има различни карлично поставени... па некои имаат шанса за вртење, некои не...
Еве сум. Фала Богу сѐ е ок. Докторкава ми вика нормално е во твоја недела да ги осеќаш и помалку и послаби ударите. И нормално е вика плодовата како се намалува и они се сѐ поголеми, да им бидат редуцирани ударите. Јас ѝ викам можеби едно триесетина пати го осеќам на ден, ама послабо. Она вика доволно е толку. Цтг, урина и ехо ми направија. Бепче излезе 82 грама потешко од кај на матичната ехото. 2742 гр. Ми вика ако е сѐ во ред, сѐ уште чувствуваш исто удари, немаш болки, контракции, или крварење, да одам на следниот редовен преглед (за точно 10 дена ми е, 22.07).
Зимаш закажуваш или викни некој да те исфарба. Мисли на тоа дека милион жени во светот се фарбаат и раѓаат деца.
31 ва почнав од вчера, не застанува детево. Предходната недела ја измерија 1800. Ја нема пола ден, ама после надокнадува. Дури вчера имав на неколку пати баш удари. Ама како растат ограничен простор, па само движења ќе си осеќаме.