Јас коа лежам повеќе немам, а почнам да се движам повеќе, и поготово вака коа е пекол… ко помочана. Некад помалку имам некад цистерна, баш тоа приметив периодов.
Komentar od Dimcev: ne ja pies farbata pa da e stetno slobodno farbaj se, eventualno mozes nekoja bez amonjak
Не знам ама стварно немам, ни на бришење и баш мислам дека е од лежењето.. Можда кога одам на прегледи и ако се раздвижам така знае да се деси тогаш да сум по мокра ама вака не
Ништо страшно, нормално е, си варира. Опуштено и без грижи. Се ќе е во ред. И мене ми е така, еден период ама буквално помочана бев. Али еве ти викам а не сум активна со денови драстично се намалува и тоа ја ставам утрогестан иначе нема ни да имам тогаш.
Колку е бебето заштитено во утробата? Денес при патување, Скопје - Битола, имавме места на автопат со дупки и тресење, секако со многу мала брзина ги поминуваме но сега ми е во мисла дали тресењето можи да му наштети на бебето.
Да знаеш каква е улицата кај што поминувам дур дојдам на работа… крпен живот… така да уживај, презаштитено е.
Ништо не му е. Мм не постои дупка што не ја погодува. Па и улиците што ги возиме се крпеница до крпеница.
Знам дека е така, но мм денес нешто авантуристички беше расположен и ајде малку рутата да се смени, преку Катланово да возиме и патот никаков. Тешко нас, секако сакав да пишам и да прашам од непромислено штета да не се направи.
Не се секирај, јас во 4та недела патував 7 саати до Црна Гора, по грешка фативме по еден планински пат при крај се истрескав на најјако. Исто бев вака ко тебе под стрес, со перница под задник се возев. Еве добра сум си сега, некогаш и на мотор се качувам со маж ми на кратки релации.
Еее возењето со мотор колку ми фали летово…. А до лани вака летно време, секаде си идевме. Ни гужва ни ништо не сум сеќавала.
И мене ми фали ептен, маж ми моторот не го остава преку лето, за 10 минути во гужвите се враќа од работа. Сум се качила во бременоста со него едно 3-4 пати ама ептен негде на 5 минути од дома, не можам ни физички повеќе.
Жени денес бев на рутински преглед кај матичната. Се е во ред со бебето но, постелката ми рече дека ми е многу ниско. Не е над грлото но одма е до него. 16+1 сум. Ме праша дали вежбам, и реков не, и ми рече периодов да не бидам МНОГУ физички активна. Терапија ништо не ми даде ми рече уживај ќе се крене, ова обично се гледа после 20та недела ама јас си гледам и сега. Грлото ми го измери, 3.78цм. Не се секирај ми рече ќе се крене. Односи ми рече никако (секако немавме до сега освен еднаш пред 1 месец, траеше 10 минути). Се слушнав и со Котларова и ја кажав ситуацијата, (кај неа бев на прв скрининг запознаена р колку толку со мојата бременост) нејзината реакција беше зашто толку рано ти е кажано тоа, таква дијагноза се дава дури во 28ма недела. На почетокот на сите им е долу постелката ќе се крене ми рече. Ја прашав за мирување, ми рече слободно движи се и не залегнувај. После тоа пак и се јавив на матичната, и викам што ви значи тоа да не сум физички многу активна, дали смеам да пешачам навечер по пола саат или слично, да работам по дома, ми рече обавезно да се движиш. И сеа искрено ме збуни, што и значеше тоа првото да не сум многу физички активна? Дали стварно не се проверува толку рано како што ми рече Котларова? Си викам да ја водев бременоста кај Котларова немаше ни да знам за ова до 28ма недела.. Какво искуство имате вие со ова? Искрено се исплашив..
Јас прв триместар се фарбав без амонијак, јас сум плава и многу лошо фаќа, морков боја, па што викаш капата на глава дека беше зима, после од 18 недела почнав со нормална фарба да се фарбам, баш ништо не се случи.
Совет од лично искуство, не се движи премногу, значи не долги реалации, не вежбај никако и тешко да не креваш, за односи веќе ти е кажано. Мене ми беше ниска постелката, одма до грлото исто ко тебе и исто ми рекоа слободно движи се. Но и покрај пазење ми се јави црвено-кафеав исцедок и итно на ехо постелката скроз се спуштила, го покрила цело грло. Па ме ставија на строго мирување и инекции депо. Така да гледај да не претеруваш во ништо, ме се опуштај многу, пази се додека не се крене убаво. Ништо нема да ти биде ако повеќе си мируваш периодов.
Абе да не ја пиеме, ама зошто докторите тогаш забрануваат во прв триместар? Дека преку порите на скалпот навлегуваат хемикалиите од фарбата и плус вдишуваме од хемијата. И сето тоа може да влијае, тоа ме мачи мене. Плус што читав ради хормоните дека може и иритации и алергиска реакција да се јави, иако претходно ја немало. И сето ова мене ми прави страв. Но ќе морам дефинитивно да го надминам, ќе ве послушам и ќе се решам некој ден и ќе пишам тука
Секако работам од дома периодов и повеќе одмарам ама навечер пак сакам барем едно кругче да свртам не се седи дома цел ден на топлово.. фала ти
Никој не забранува, не читај такви работи. Душо воздухов надвор е 100 пати позагаден. Опушти се и фарбај се, секако пред да се фарбаш можеш да се тестираш на рака дали ќе ти појави алергија. Не мораш одма на глава да ставиш.
Те разбирам, колку време преседов дома да знаеш, со денови не излегував од страв. Веќе ми стана навика и еве прошетките ми се многу кратки, до пола саат и да сакам не можам одма осеќам притисок доле се уморувам, дека долго време лежам и сум на патолошка.