И јас почнав со Солгар, па земав на Now исто ми правеа нагон за повраќање од што се големи. Најзадоволна сум од Synergy мислам се 375мг цитрат и поголема доза Б6. Уште терам со нив и презадоволна сум. Не се као апче, него пластична капсула далеку помала од другиве. Со цена се горе-доле исто сите ..
Koj mg e najdobro vo bremenost? Pijam edni kesicki od alkaloid no realno isto mi e posle piev mg direkt, citam imalo 4vida na mg koj e najdobro za vo bremenost?
И јас ги пијам тие, земам една наутро, една навечер, но исто како да приметувам дека не ми толку делуваат имам затегнувања и како грчења. Па почнав по една наутро и две навечер да зимам. Претходно ги пиев на синерџи со б6 што се и мислам дека ми беа супер. Да ги дотрошам овие и пак ќе си ги купуам.
Јас во 4ти месец ојдов на дежурен на гинекологија со болка ниско долу в стомак најверојатно лигамент или мускул и ми рекоа при појака болка слободно аналгин, дозволени се.
Абе се и сешто пиши, ама со храна јас ни пред бременост не можев да го кренам железото а не пак сега.
Мислам да не ставаш, има многу хемикалии, со оглед на тоа што ги суши влкната. А така и мириса, како киселина. Брич му е мајката
Со короната ми беше 4ка и ај еден месец здрава храна и некои бош апчиња од 1000ка и ќе се кренело, веќе почнав да припаѓам реков готова сум то паднало на 3ка и многу други вредности од крвната слика со стрелки надолу ај тотхема неколку дена почна да се крева, си ги зедов ферофолик па се вратив во живот Затоа сега се чудам на женава шо не и даваат терапија, ко шо велиш то ќе си до опадни уште повеќе..
Зависи до организмот. Јас цела бременост со мед и семе од коприва го контролирав железото,немам пиено ништо друго. Беше за проба па ако не биваше ќе земев и таблети некои ама искочи дека немам потреба од дополнително
Како се викаат тие за железо што ги зимате во Грција? Читав овде задоволни членки, ама не запамтив име.
Од се што кажаа овие 2 страни, само кремава за депилација ми беше шубе и не сум ја користела. Се фарбам, дури и со амонијак обична еднаш се исфарбав. Анестезија локална примив во нога, интервенција правев. Бев со есктремни болки по пуштање на анестезијата, урлав плачев се виткав и на крај испив и бруфен (ми дозволија доктори), а бев 11+ нед. Не ми помогна којзнае колку, ама на таа болка морав да испијам нешто да олесни... Парацетамол пиев и за болки јаки во кичмата (ишијас ме фати најверојатно, ми се кочеше и цела нога) и плус и за корона кога фатив сеа пиев пак Парацетамол...
Мене ми беше супер железото само со ПреМама ама како напредуваше бременоста почна да влече бебе и падна на 11 железото со 11 хемоглобинот. Фатив корона падна 5 железото 10 хемоглобинот. Јас задоволна сум од Феррум лек (оди и на рецепт). 2,3 недели пиев по едно апче во ден (100мг железо има во едно апче, додека во една Тотхема има 40мг) и пиев по едно вит Ц апче заедно. Проверка по 2,3 нед, 21 железото, 11+ хемоглобинот.
Јас засега сум ок, ама скоро ќе одиме за Грција па да ги земам за секој случај ако ги најдам. Читав и не се скапи, па така да ги имам за секој случај. Сепак ти благодарам