Јас тие не сум ги пробала... зошто 9г сум горе доле со железо, па на секое пијам. 2,3м ќе е океј по пауза од железо, па ќе падне... ќе пијам ќе се качи, па пак добра 2,3м.. па ќе падне и така во круг. Додека чекам некој да ми донесе и правам залихи и ги мислам, си ги најдов овие и си ги погодив. Доста стар лек е (дури свекрва ми на времето млада трудна го пиела). Има и сируп (кој има скроз ист состав како Малтофер Грчките)... Инаку подобро да сте со добра крвна слика (да пиете железо ако треба), него мака да мачите со слабо. Незнам зошто не би давале...
Жени на колку време ехо правите? Дали еднаш месечно издржувате? Во Систина последните два три пати на месец ми закажуваат, но јас во меѓувреме идев и на ГАК на козилијарно и таму ме гледаа на кратко па ми се погодуваше значи на две недели. Се научив така и сега на месец многу ми се гледа, да не претерувам а?
И мене ми е многу еден месец, кај матичен тркнам, и ми се фаќа на една недела или две, зависи колку ќе ме фати паника Инаку и мене во Систина ми закажуваат на еден месец, не можам толку да издржам
МагнезанБ6 се добри на Dr. Viton. https://alfalab.mk/proizvodi/dr-viton-magnezan-b6/ Ги има и во други аптеки.
Терам паралелно на приватно и кај матичен, па на околу 2 недели му доаѓа, сега во прв триместар не можам да издржам на повеќе. Понатака ваљда полесно ќе е на 3-4 недели
На месец, се шекнувам, ама тоа е. Обично така е после 12 та, на месец закажуват. Јас сеа бев и кај Димчев на скрининг и на гак сум па ќе ми се фати на две недели иначе… месец дена дури.
Јас еве пред 10тина дена бев на преглед и здравје ќе одам пак овој петок што иде, ако ми верувате мислам се шекнав. Цело време мислам дали е сѐ во ред. Инаку ви завидувам вие што сте од Ск, барем има каде да одете плус, ние тука во помалите градчиња само кај матичните
Јас на 2, максимум 2ипол недели. Матичната почна да ми вика дојди за 1 месец ама не ја слушам. Кај мене онлајн се закажува преку вебсајтот нивни и си закажувам сама кога сакам. Не можам да издржам преку месец за да го видам, анксиозноста е преголема.
Добро е, значи не дека јас забегувам, сите исто се мислиме дека е многу цел месец. Стварно мислата е голема и не се издржува толку време без апдејт дали се тече како треба.
Па не е многу, ние така сме научени, плус паничарки. Замисли да сме во странство е тек тогаш ќе скренеме.
Мене нон-стоп ми излегуваат некои рилс дека во Америка (USA) само два прегледи имале во цела бременост. Е, тоа е лудило. Леле, не ми се верува дека уште помалку од месец до термин. Како лета времево. Едно време се има чувство дека цела вечност трае бременоста, а сега еве го кај е август. Башка за помалку од 48 саати влегувам во 9-ти. Добро што кај мене сѐ е испрано и испеглано одамна. Денес ќе се кречи еден мал дел од дневната, па монтирање на креветчето ќе остане за некој нареден викенд. Среќа што мајка ми доаѓа за десетина дена. Уште козметика, лично приборче и некои ситници останаа за бепче. Тоа секако онлајн ќе оди. Ме нервира што изгледа на жештиниве ќе треба да излегувам за број на пижама, не ми се ризикува на невидено.