Па, и јас затоа спомнав и на матичната и во болница кога бев. Нормално било ударите да бидат редуцирани, немало многу место. Јас од 32-ра осеќам промени. И тие "земјотрес" удари јас што ги викам, кога ти се тресе буквално цел стомак, од секој ден, почнав на два-три дена да ги осеќам. Повеќе се како ролање ударите, како бранови. И низ апликациите пишува така, дека од 32-35 недела кај повеќето има промени.
Па искрено мислам дека сите сме на ниво на преживување од топлово па кај сите различно ни делува.. А и они сигурно ни ја осеќаат маката. Ама еве бебле кај мене не прекинува да дивее. Вчера малце полабавка беше само. Да пробаш малце морска сол или електролити да додадеш можеби ќе ти помогнат во конзумирањето на водата во телото.
Мене ударите не ме болеа ич, а страшно мрдаше раце нозе низ стомак искачаа... вака полошо ми е што не мрда цела недела. Јас дека само стомакот ми е, буквално го фаќам бебе (кофчиња, грб, све се познава), па ме плаши дека така стои и не мрда. Сега штрчи кофче некое, а не го мрдна иако го допирам...
Да така, ко тегнење осеќам само, како бутање се на едно исто место. А големка е сигурно (а стомаков не ми е толкав како за големко бебе), па толку и е просторот изгледа. Плус што е доле, језиво ми изгледа. Јас стомак над папок немам
Se sto pisuvate i kaj mene. Udarite tapi kako branovi ne se tolku ostri ovaa nedela.. ovie denovi tezina osekjam karlica boli. Ke meram sega pritisok i puls. Koja nedela si mariz sto bese na ctg?
Сонц јас се утепав од повраќање цела бременост, ти ја осеќам маката. И болеше секое мрдање и кај мене. Сега особено коа се тегне 38+4, лудорија сум. Особено последнава недела отеков цела, па тешко стана све. Торбица до пола ми е спремна и тоа ми е кај моите на другата страна од градот. А дома ни е све разрушено реновираме на велико, ни креветче ни бутур неаме спремно... Сакам да кажам дека ќе истрпиме уште малце ајде ^^
Пијам вода тон (иако не сум по водата), се силам и пијам. А и што лубеница јадам. Ама ме утепува мочањето. Маж ми вика: Како станеш да мочаш, пиј вода. Може добра му е идејата, зошто и вака и така секако ќе станам. Може така нема да дехидрирам... Преку ден сум одлична, немам гајле. Ова само како легнам, се потам, мочам по 3,4 пати и станувам утепана.
Јас на цтг бев 35+2. Трета бременост и докторот рече порано да почнеме. Среда пак сум на цтг 36+2. А и да направиме план за пораѓај. Докторот рече до 38ма ако реши бебка да излезе ќе пробаме природно. Ако не 38ма царски. Е кога 38ма ќе ми каже среда... дали 37+ некој ден или полна 38ма.. Ваљда 38 полни.
Докторката вели денеска сите трудници со мака од притисокот идат, ми даде метилдопа ми рече чим го осетиш да ти смета напиј се. Цтг во ред, бебе на ехо исто машала супер. Нагло смени времето овде кај нас, мене од секогаш низок ми бил зато ме зашемети денес ептен, ми вели над 140 е опасен. А ти го мериш ко ќе ти е лошо? Ја сод вчера сум вака, ама денес два пати ептен ми се слоши за малку ќе се онесвестев и затоа го мерев.
На иста мака сме сите изгледа и кај мене се редуцирани движењата, баш како што опишувате вие осеќам и јас како брановидни движења низ стомак. Јас сум во петок на контрола тогаш ќе бидам 34+ па ќе видам што ќе ми каже докторот. Во секој случај имам чувство како да сум цела година трудна и едвај чекам да се породааам
Мерам, јас останав со низок цела бременост (иако природно 130/70 ми е). 100 со 60 периодов ми се движи, горе доле разлика малку. Јас и не спијам и тоа ме утепува изгледа, иако мислам дека не (као божем нормално функционирам). Касно заспивам, многу пати станувам за мочање и 6 сум будна ококорена
нека не те фаќа паника, јас отидов на порагај а креветчето и остало не беше наместено… Само алиштата ми беше средени и исчистено дома, козметика набавив пред 9м, отидов на преглед и по некој саат ми пиша докторката да одам утре за порагај, а јас со цела торба храна испазарив мислејќи таа недела ќе зготвам за во длабоко и да се досредат креветче и торбица, и ништо страшно, средија дпмашноте честитки на сите!
Ама и времето ни смета дефинитивно, со сите трудници шо се сретнавме таму истото го зборевме. А јас навечер на секое станување за мочање пијам и вода, неможам да се донапијам.
Почни, така па ќе си стануваш уште почесто за мочање ама секако си стануваме на сабајле исто само шо ќе станам одма две чаши ладна вода пијам па после јадам, оваа навика да ја имав и порано убаво ќе беше.