Мене на прстите многу малку, така не можам прстен да извадам, ама ок. Левата нога не ми е отечена, едвај нешто, али деснааатааа ооохохохооо. Од под колено надоле и башка ме чеша
Нормално е битно да ги осеќаме, баш пред некој ден пишувавме за тоа. Кај мене е многу мирно бебчето а сум 30та недела, се радувам кога го осеќам почесто во денот. Претходно дури 10 дена беше ептен ептен мирно, едвај нежно ударче ќе ми дадеше. Таман решив да одам на контрола и од утрето се врати во нормала.
И јас ја имам таа и плус Ешерихија, 3 пати пијам антибиотик и исто си е. Сега треба пак да проверам уринокултура да видам, ама си осеќам печење пак за жал.
Јас освен матна урина и одложено мокрење немам други симптоми. И јас ги имав двете првично, ешерихија веќе немам два пати како проверувам ама оваа не мрда упорно си е на милион единици. Утре сум на контрола па ќе видам што ќе ми кажат. Јас и серклаж имам, примав и лендацин венски ама ете ја има уште
Упорни и досадни бактерии Дај Боже сега да го најдеш овој антибиотик и да ти помогне. Не сум сигурна ама мислам со првото во Мк и јас го пиев тој антибиотик. И тогаш цела бременост се мачев со печење и болки и покрај пиен антибиотик и пред пораѓај исто испаднаа двете да ги имам. Сега исто, само мене Ешерихијата ми прави повеќе проблем и ме пече многу дури ненормално некогаш.
Оф леле, јас прв пат еве се среќавам со бактерии во урина и само се нервирам кај сега баш мораше, ама ајде само нека бидат добро бебињата па ние ќе издржиме некако и ќе се лечиме и после ако треба.
NT размерот (вратниот набор) или носна коска ми е 1.6мм за 12 недела Докторката ми кажа дека треба дополнителни испитувања бидејќи е повеќе одколку што требало Закажав перентален тест за во четврток,исптување на трите синдроми ама цела сум под стрес и паники Нема да ме додржи место додека не стигнат резултатите
Прв пат слушам 1.6мм да се смета за високо, јас колку што знам над 3 се смета за ризично ама еве нека пишат и другите..
Мене ми беше толку во 12+1, и Димчев и Данева беа дека се е супер и дека нема потреба од пренатален, пошо им кажав дека ќе правам и покрај се, они беа као се е оке на скринингот ама ваше си е ако сакате да дадете пари за тоа. Каде правеше?
Точно, незнам кој др ја извадил од памет за 1.6 што за неделата е сосема добро. Мене со првото 12+ гледам 1.71 ми било. Со ова третово 1.02 ама јас бев 11та нед на скрининг, да сум била една нед подоцна ќе било и повеќе. Еве и кај @angel4444 беше така нешто, нека кажат искуство повеќето. За 12та нед нормално е до кај 2.5. Абе за пари све...
Кај мене 12+1 беше 1.5 мм. Не паничи, не е добро ни за тебе ни за бебето. Еве кај сите е тука некаде.
Женски хемоглобинот ми е 112, не е под граница но на сама граница, железо 7,2, долна граница е 6,6. До сега не примав железо, само во премама што има и со храна колку можев. Со кои вредности почнавте со суплементи?
Со 4 ка железо почнав со Феро фолик. Па супер ми беше некој месец, па падна на 10, па пак феро пиев , се крена, сега ми е пак 12 ка. Сега последни месеци највеќе црпи бебе, така што пак ќе почнам со феро, да го дигнам до пораѓај.
И ова сакав да прашам, лимфоцитите ми се намалени (не драстично но под граница се) а гранулоцити покачени малку, кој се разбира од толкување што значи тоа? Минатата крвна слика си беа во ред.