Мила, кога прочитав дека си бремена не знаеш колку сум се израдувала, значи како за сестра Да ми ти е со лесно бременоста!! До која недела стаса ти? Не ми се верува како се наместија коцките, на крајот и двете во исто време трудни
Ти благодарам мила за одговорот. Со апликатор се ама јас ја ставив таблетката со прст. Сепак ризик ми е со апликатор , а и имам голема сувост долу. И со прст едвај ја ставив дека е ептен сува таблетката, едвај се топи... како да ми се залепи внатре ама се надевам се растворила до денес барем ги имаш користено Канестен инаку? Јас до сега Микотрит користев ама не ми помогнаа, а канидата си ја имам цело време на брисеви, друго е чисто бактерии нема. А кога имав бактерија користев полигинакс, и ептен попријатни беа се топеа како крема стануваа дури и немаше многу да истекува од нив. Затоа ми е страв од Канестенот да не се изгребав внатре со таблетката? имав болки во долен дел од стомак како оние во ПМС, ама помина за 20минути болката откако ја ставив таблетката.
Девојки за прв скрининг матичната ми закажа кога ќе бидам 11+4, ќе правам и пренетален плус. Читам дека се оде од 11та недела, ама па повеќето гледам сте оделе во 12та, па си викам да не ми закажа многу рано или таман е?
А магнезиум до колку беше дозволено дневно? Нагло ми рипа стомаков и некако ме сече доле, и не знам што да се напијам, цервикс вчера мерен супер, ехо во понедленикот супер исто. Најверојатно се лигаментиве, пошо осеќам како ми се оптегнува стомакот. И бебево се доле ме мава, на ехото со нозете таму беше.
Те прати на гак или она ќе ти прави? Таман е иначе, така имало термин па ни се паднало 12та. Има некои и во 13 та прават.
Она ќе ми прави мила. Оставам само на неа овој првиот скрининг дека ќе правам и пренетален нели, ама после здравје за во 20та недела кај неа и кај Димчев ми е во план.
Обично по 800 мг, ама последниот пат др ми кажа дека според новите истражувања и по 1000 можело да се внесува дневно.
А чекај нели е рано за брисеви или ти сама сакаше порано? Почна и кичма да ме боли многу кажувајте што правите вие? Дали и стомакот ти се стврднува?
Слободно со апликатор не се плаши. Далеку е бебето од тоа и безбедно е. Имам користено и со апликаторот за секунда се ставаат. Инаку кандитата ја имаме сите. И јас ја прашував др и она ми вика, ама сите ја имаме и јас ја имам. Гледај благо и тесто избегнувај, пиј јогурт колку можеш, одмивај се со камилица и со малце содабикарбона.