Не знам како поинаку да објаснам, па морам вака со слика Дали некој имал болка во овој дел (обележано со црвено). Не знам дали е од бактеријата во урина, примам моментално антибиотик за тоа. Болката ми поминува со Но Спа ама ме нервира што ја имам, некако не ми изгледа да е поврзано со ширење на матка и слично..
Да со цимерка ако си не е добро да седи мн посетителот, ама ако си сама во соба/апартман може да поседи повеќе време значи
Јас поголемо искривување имам на сколиоза (рбетот ми е во буква Ѕ, 40тина степени бев на времето, сега нз), ама за тоа никој проблем не рече дека е за боцкање. Итен царски, со контракции на 30сек бев, па од прва ме боцнаа. Сигурно ако сум царски и сега ќе сум со спинална. Сестра ми оперирана е пример од истото, ама беше 70% и има рез од врат до доле и шипки и штрафови. Она ни природен нема да смее, ни царски со спинал. Само со општа... Сеуште нема родено, ама така и кажаа. Си знаат сепак кај треба да оди иглата, па и да има накривување. Ептен во случаи како кај сестра ми, не би смеело.. Седи ти мирна и слушај како ти кажуваат. Сигурно знаат што прават. Па @danichap еве има две природно, трето царски, четвртото природно мислам (и тоа големко бебче), ако не се лажам, нели?
Да, четвртото беше природно, без анестезија, 4кг, 54цм. За пукање на рана од предходниот царски воопшто не им беше тема на дискусија.
Кај мене колку е искривувањто незнам, бидејќи немав појма додека не ми кажа анестезиологот бидејќи осетив баш голема болка кога ме притискаше со прстот и од што не издржав се мрднав, дека не очекував такво нешто. Искрено иглата воопшто не ја осетив не ме ни болеше, проблемот беше додека да види кај да боцне и притискаше доста силно уфф и мене таа болка ми се врежа во глава. Мислам рацете и ги искршив на сестрата што ме држеше. Јас од друга страна мислам дали ќе бидам доволно силна да издржам природен пораѓај, цело бебе треба да излезе од таму уфф. Алав нека ви е на сите што не ве мачат тие мисли...
Леле браво и бебче 4кг, нека ти се живи и здрави. И тука ми кажуваат дека тоа е застарена метода ако првиот е царски дека ќе мора пак така да биде. Дури рекоа и да дојде до пукање, вели доста сме брзи и ќе се среди. Мене повеќе ме плаши самиот природен пораѓај.
Јас искрено на тие контракции едвај чекав да ме боцнат, па не се сеќавам ни на стискање, ни игла кога влегуваше, ништо Искоментираа за сколиозата (ама да ме прашаат онака), дека доста видлива е, особено така на наведнување цели десни ребра ми се издигнати, лево вдлабнати. А јас обратно, сакам па да пробам природно Не би форсирале доколку не оди и доколку има ризик. Сала за царски секогаш е опција. Вториот е итен, буквално за 2мин во сала бевме... Како биде така, битно да е се добро. Него како падна дождот јас не можам да се соземам. Вака нефункционална не сум била од првото тромесечие. Секое сабајле со тахикардија, задишување, вртоглавица, сребрени ѕвездички од време на време ми се појавуваат пред очи. Немам сила да се избањам, косава ми е крш... Што ми е незнам Седни, стани на секое правам... сакам да си завршам некои работи, а не можам...
Јас вчера цел ден лежев, сабајлето спиев до 10 после во 1ипол пак си легнав еден саат, вечерта уште во 7 бев в кревет. Абе прстот да го мрднам ми беше тешко која нервоза ме фаќаше неможев да се поднесам, денес машала по друго е барем по дома потсредив.
Јас долго време сума таква, немам сила за ништо, се уморувам од најмала активност и само гледам да легнам и дремнувам по два три пати на ден. Го препишувам на тоа дека долго сум дома и улежана, друго објаснување немам што од активен спортски тип не можам до тоалет да отидам без да се задишам.
Еве собрав сила се избањав со се коса Правам јас се што морам, ама со тешки маки. Едвај доручек за мене и децава... мислиш маратон сум трчала, седнував на секое Па машина на два пати ја пружив (зошто мислам ќе се срушев врз сушарата) Вчера не ни перев иако имав, па и спиев преку ден (што не се случува НИКОГАШ) Прво тромесечие имав вакви периоди. Ме фаќа паника крвната слика да не ми е лоша. Рекоа пред раѓање ќе проверат, а мислам подобро е и побрзо да направам.. немам 1м точно правено. @Laura7 а крвната слика океј ти е?
Ке ти велев за железото ама нели пиеше терапија зар пак да падни ама и таа короната мене скроз ми ја поремети крвната слика провери си за секој случај, јас пред еден месец проверив во ред беше сега не провервам пак, ама дефинитивно ќе продолжам со премамата и после пораѓај.
Тоа се round ligament болки, нормални од ширење на матката. И јас ги имам од двете страни, некогаш само од едната, не е страшно. Најнормални се во текот на цела бременост, највеќе се осеќаат во втор триместар.
I jas sum so silci,lordoza,diskopatija i polidiskopatija.Kako raste stomak pocnuva da boli kicma i niedna poza nekako nemie pogodena.Tebe po sto te vodat so koja dijagnoza i dali ti dozvolija carski.Jas posekako moram carski
Болката тука може да е и round ligament pain,поврзано со ширење на матка,можеш да пробаш со магнезиум и одмор дали ќе се смири.
Јас имам 2-3 дијагнози. Отидов дека пред да останам бремена имав и снимка од карлица и сакав мислење. Ми рече можеш и природно слободно, можеш и царски , слободно со анестезија во кичма.
А не правиш крвна еднаш месечно? Последнава крвна ми беше воглавно ок, железото и хемоглобинот на граница но не ми рекоа да земам нешто само со храна терај не било страшно. Ќе видам здравје понатаму дали ќе треба додаток некој.
Здраво , ме интересира искуство , дали некоја од вас го има пробано овој метод или па некако се поврзува со вашата бременост( се мисли на полот на бебето) Dr. Shettles method( однос пред плодни денови-женско, во плодни-машко
Ова нема никаква врска со ништо, машкиот сперматозоид е тој кој одлучува. Ако оплоди машки, ќе биде машко, ако оплоди женски ќе биде женско. Тие се носители на Y ние сме само ХХ. Така да методиве се нереални.