Не не чепкање никако. Инаку јас го прашав нојот гинеколог, рече не е ова гинеколошки не е за кај мене ама и не знаеше каде да ме упати дали хематолог или трансфузиолог. Ај баш биди со трансфузиолог кога ќе одиш на контрола па сподели <3
Жени вие што сте правеле трет скрининг во Систина го наплаќаат како скрининг или обично ехо? И во која недела е најдобро да се закаже, дали од 30 до 32 се прави?
Ако следиш бременост кај нив како обично ехо, ма да мислам дека и генерално како регулар ехо го третираат и така о наплаќаат
Што е со хормониве во 9-ти месец? Значи, волку емотивна не паметам кога последен пат сум била. Буквално за секунда можам да се расплачам, како ништо по неколку пати на ден.
Се убивам од повраќање по цели денови и ноќи, киселините се неподносливи. Денес бев на цтг, леле се ближи денот, почна да ме фаќа паника. @senza.parole не да ме дрмаат хормоните, дури мислам дека неподнослива сум
Јас денови сум рамнодушна, денови рикам за глупости Пред некој ден се убив од плачење во 6 сабајле, дури отидов во вц липтав на глас од сон еден што ме потресе Друг ден маж ми го сонував нешто, па станав и лута му бев ради сонот Мене соновиве ми се екстремни нешто, реалистични, ама и пречудни.. Јас 37 полна од денес, одам денес на официјално последна депилација пред пораѓај. Каков притисок осеќам доле, се надевам нема водењакот да пукне на сред депилација Нека издржи уште денес, од утре што сака нека прави
Нормална појава душо. Навечер пиј по еден чај за добра ноќ и Б6. Ова за несоницата. А за нозете што вријат имаше постирано една членка едни чорапи што се ладат па се облакаа.
Јас па вчера цел ден бев напната, не расположена туку така без причина едвај чекав да се стемни да си легнам не се трпев ќе речам едвај чекам да се породам да помини се ама искрено страв ме фаќа шо ме чека после
Па кај нив ги правев другите скрининзи и ехо прегледи. Ајде нека пише и некоја друга членка што правела таму.
И јас блага паника осеќам, како врват деновите, а особено кога идам накај болница, макар за редовен преглед. Леле, значи не ми се верува. На редовен термин денес 36+6 во болница, освен детални прашања за анамнеза, ми мереа само притисок, обем на стомак и некакво си благо притискање на стомак, и плус со малото делче од цтг само слушнаа дали се правилни отчукувањата на срце кај бепче. Ниту ехо, ниту цтг. А, баш се почудив зошто бајаги трудници во поодмината бременост исто, бргу влегуваа и излегуваа од ординацијата. И замислете, следен термин на ден на термин, после три недели.
@senza.parole јас веќе секој ден треба да одам. Плодовата вода се намалува, а бебе одговара за недела поголемо. Не ми се верува кога поминаа месециве.
И јас сама спијам само се вртам место не ме фаќа не со др. да спијам инаку климата ја пуштам ама пред спиење ја гасам дека дирекно во мене мава и ладно станува ама мене нозете ми се проблем, станувам ги мокрам чорапите или на чешма ќе идам и стојам под млаз вода ама тоа за секунда потоа пак ми вријат мислев да не ми е од клексаните дека ги ставам навечер а и рано ми 27 недела сум, реков последните два месеци ако ме фаќа несоница мене многу рано дали од топлото дали хормоните. И бебушко навечер е многу немирен и од него неможам да спијам..
Па, и мене тоа ме плаши. И моето поголемко излезе за најмалку недела дена на последен преглед. Како да знам дали се намалува без преглед. Стварно не се нормални тука.
Е то е лошо шо дува во тебе, нашата скроз на др крај е и не дува директно. И јас се боцкам клексани навечер ама не верувам да е до тоа, од хормоните си вриеме целите
Мене истово ќе ме чека Имам закажано контрола на 15ти Август, тогаш ќе влезам здравје во 35 недела. Ниту ми спомнаа за микробиолошки брисеви до сега, немам појма дали и тогаш ќе ми земаат. Последно сега Доктортката само измери главче, стомак, бутна коска и дали имам доволно плодова вода. Ниту ми гледаше протоци дали се добри дали не. Тебе со лесно нека ти биде, веќе одиш кон крајот
Никакви микробиолошки, само стрептокока. Па, и не знаев дека во посебна лабораторија се правело, немаше да чекам до 35+3 тогаш, бар 7-10 дена порано ќе направев. А, ете готови се, ама не можам да ги отворам, ми го згрешиле бројот. Таман викав ќе им се јавам денес, зошто гледам уште немаат вратено на мејлот, гледам дека денес пак од 15:00-19:00 работат, значи не се ни почнати. Се надевам ќе се оправам до после.
Девојки, бев малку клекната сега (немаше ни 5 секунди) да земам нешто, ми зазвоне телефонот и нагло се исправив да го потфатам и многу ме пресече во долниот дел на стомакот, се извадив од памет бидејќи вака ме нема здоболено досега. Веднаш легнав со перница меѓу нозе ама уште чувствувам блага менструална болка, особено при благи движења. Дали ви се случило? За плашење ли е? Дали да земам магнезиум да ме пушти малку или да одам да ме видат на ехо? И пишав на матичната ми рече да не правам нагли движења, се прецвикувала матката ама ако ме боли многу да отидам да ме види. Многу се уплашив.
Девојки денеска се боцнав за пренатален, многу сум исплашена ама сакам да верувам како што е Господ, така никој не е. Кажите ми, како ги поминавте деновите додека чекавте резултати? Уште сега ме фаќаат паники и сум нестрплива. Резултати најрано ми рекоа петок, мада не верувам дека ќе имам за толку брзо.