Многу лоша навика ми е тоа што веднаш го мислам најлошото, а знам дека не треба. Ќе се потрудам да останам смирена
И мене не ми направи ехо последниот пат. Само цтг. По него и си гледаат како се однесува бебе и ако има потреба прават ехо. Е само што мене ми закажаа и за денес преглед (а во средата бев само на цтг). И кај мене бебка е машала големка, но ќе тераме додека има простор. Денес мислам овој преглед и ехо ќе ми прави... Па ти за 3 недели ќе си веќе 40та, ако дотераш до тогаш Којзнае кој претерува, дали нашиве.. дали тие таму
@baguf4e, напиј се магнезиум и легни одмори. Ако и после некое време чувствуваш болки и нелагодност, оди на преглед. Ама мислам дека не е ништо. @QweenSM, не спиев ич убаво и само на тоа мислев. Моите дома само ме караа и уште толку неубаво се чувствував. Точно една недела го чекав, иако и мене ми земаа примерок понеделник, па ми кажаа дека петок ќе биде готов. @mariz Луда работа, богами. Баш сега прашував по групи, нормално било. На почести прегледи оделе само ризичните бремености. Вака само ако помалку го чувствуваш од вообичаено, или имаш и др. индикации. Дури и тест за плодова од аптека советувале да се земе, за да знаеш дали било обичен исцедок, или плодова. Нервоза почнав да осеќам после јадење, без разлика дали малку, или малку повеќе ќе каснам. Некогаш и само после вода пиење. Ова преку ден. А, инаку стандард се будам на саат, два, а некаде кога ќе се разбудам околу 4, е тогаш дури 6-7 ме наоѓа пак да задремам. Мислам некаде после 30 недела почнав вака да се осеќам. Ама едно Б комплекс и АСМР видеа, па се комирам. Само што сабајле ретко ми текнува да се напијам.
Јас од почеток до сега имам такви сечења и при нагли, но и при обични движења некогаш. Лигаментите се тоа најверојатно. Еве сега на депилација легната на една страна долго, па да станам ме пресече доле лево пак таква болка и траеше се додека не се намести убаво стомакот... Истата болка и на ехо на гинеколог еднаш ме фати. Да станам после ехо, ме пресече да неможам да се исправам. Одма ме виде матичната на ехото пак, ништо невообичаено немаше во матка... така да лигамент некој.. Ако не се смири, отиди до лекар. Ако се смири, немаш гајле..
Супер ќе биде резултатот, се’ ќе биде во ред Ова ти го кажувам јас како најголема паничарка ама за тестот ти се верува ли дека си мислев позитивно, чудо некое Каков пренатален правеше?
I feel you…Јас во толкава паника бев што ги докторирав сите трисомии и микроделеции. Се до детаљ прочитав за нив и кој е исходот. Час бев ко демек кул, со помислата што биде ќе биде, ама имаше моменти и кога неможев да се смирам. Па само пребарував статистики која е веројатноста нешто лошо да покаже на резултатот. Страшно, на никој не му ја посакувам мојата психа во тие моменти Иако во тој момент изгледа бесконечно, ама си врви времето и за час ќе помине. Пробај ако можеш да си правиш дистракции, да не размислуваш толку. Ако сакаш ќе ти ги пратам статистиките мене ме смируваше кога ќе ги видев бројките и ќе се осигурав дека преретко се случува. Плус ништо не е финално, ако е low risk, стварно нема, ама ако е зголемен ризикот немора да значи ништо. За секоја трисомија има PPV (positive predictive value) која дополнително укажува колкава е можноста, во зависност од годините и некои други фактори. Затоа и советуваат амниоцинтеза и милион пати потенцираат и се оградуваат дека овој тест е дијагностички. Ти испраќам позитивни мисли . Се ќе биде во ред, ќе видиш! Плус, наскоро ќе си го дознаеш полот
Чул те Господ мила, си велам само да ги добијам резултатите и да биди сѐ во ред, па да можам да почнам малку да уживам во бременоста, да му се сневиди Инаку го правев CentoNipt во Генеа. Се одлучив за тој дека примерокот го праќаат во Германија. Леле мила иста сум до детал како што си била, значи добро е ме разбирате како ми е. Ќе гледам тоа трисомиите да не ги читам за да не си стварам дополнителен стрес, дури и овој ми е многу. Ќе се потрудам да не мислам на тоа, мада тешко ама ќе пробам. Дај Боже да сте во право! За полот искрено не ни размислувам моментално што можи да биде дека од паника не ми е битно, само да биде сѐ во ред Прво да бидат океј резултатите па после ќе се радувам за полот
Нормално е да се сеќираш, посилно е од нас. Да не ти кажувам кога ми се јавија од таму за резултатот, тоа нозе ми се тресеа и пресекоа додека да ми го соопшти. Морав да прилегнам. Гледај да не мислиш воопшто на тоа, најди нешто што ќе ти го одвлече вниманието, иди почесто со луѓе, по кафиња и само помисли дека секоја негативни вибрација и стрес ја осеќа и бебето. Затоа опуштено и ќе биде сѐ супер.
Исто! Кога видов дека ми ѕвонат од лабараторија почнав цела да се тресам, седнав дури за да се јавам, и не се сеќавам што ми збореа, само слушнав се’ во ред и крај, ептен бев изгубена Ама ајде помина, кај сите нека има здрави бебчиња.
Лигаментите се мила, мене некад и на спиење при вртење абе коа ќе ме пресече, и маж ми од памет го вадам. Не се секирај ништо не е, во втор триместар ќе ти се поизразени, зашто нагло ќе расте бебка. Пукавте ли балонче??? Што бидна.
Ајдеее, само позитивно се ќе биде супер. Ќе видиш. Нормален е стравот, мене на скрининг ми викаат се е супер нема потреба ја се препотував коа ми се јавија… станав од сред јадење цела упрпана, ги исплашив сите, па и дур ми каже се е оке мислев цела вечност помина. Ама ете веќе 10 недели поминаа од тогаш. Се ќе е супер ќе видиш.
Фала ви многу за вашата поддршка, вие колку што може да ме смирете никој друг! @Konstrakta Да основниот, платив вкупно 39480ден.
Млечен исцедок. Али било нормално. Сега петок правам последни брисеви, се надевам се ќе биде ок. Предходните беа чисти, се надевам и овие сега ќе бидат.
Исто, ама ако го забележам еднаш на ден, околу него е водникаво. Значи, нема само млечно, или само водникаво, туку заедно. Читав дека е нормално, ама пак да прашам.
Ehe po 3 pati menuvav gaki dnevno, 2 pati min se tusirav. Normalno e se dodeka nema peckanje cesanje sepak sledi si.
Јас цело време си имам исцедок, не е престанато. Сега гледам некогаш имам млечно на гаќите и одоколу воденикаво. Многу се и потам јас, од хормоните бетер.