Женски како сте деновиве, ви мрдаат ли бебињата или не се активни со топлово? Јас денес бев на контрола, првпат така да го видам мирно да седи, едвај еднаш рачето само го префрли. Пиев кафе и кока кола, ама пак беше некако мрзеливо. Можно ли е од жешково да им влијае да не им се мрда?
Да мила, влијае. Коа бев така 16та и ми беше редовен преглед на ехо, исто вака 500 степени беше, и вака како што викаш само рачето така одвај го мрдаше. И дури криво ми беше некако на ехоно ја гледам ко да не ја видов така се осеќав, среќа за недела и пол пак бев на ехо па тогаш се превртуваше. Нормално е да се некад такви, може и баш коа спие си го фатила. Не се секирај ако се е супер на ехо, си одмараат и они. Еве мене денес низ стомак ми искача, нешто сафра и е изгледа, летаат клоци на сите страни хахаха.
Да, доктор ми ги препорача да ги пијам во ситуации кога болката е појака. Има доста низ форумов што ги имаат пиено, повеќето мислам се низ темите со скратено грло, серклаж и сл...
Луѓе некој со болка од ишијадичниот нерв во глутеален предел? Кај мене конкретно лево... Болката е во секунда при напор до ногата/половината, толку остра што солзи ми надоаѓаат... Маж ми на одморов како инвалид да сум ме поткрева цело време, за да не правам терет. Ама боли у пм. Не можам сама ни од столче, ни од тоалет да станам... Била ли некоја од вас на масажи во Систина? Таму знам дека има столици за трудници... Ви помогна масажа? По консултација со ортопед, почнав да се истегнувам веќе недела дена, ама џабе кога не помага.
Па може таков момент бил, јас бев кај матичната успано беше, после на гак исто, ама затоа кај Котларова едвај ја измери, се скрена не знаеше кај попрво да тргне. Се пресмеавме салта правеше па се исправи на нозе абе хаос. Така да како ќе им се погоди и на нив моментот. Јас пред прегледот кај Котларова испив лименка кока кола, може и тоа да имало врска не знам
Јас долг период бев со таква болка, десно кај мене беше и дури и цела нога десна ми се кочеше. Оддеднаш ми ја снема... Имав проблем со ниска постелка, па некако со тоа поврзувам. Како се крена, така и болката ја снема. Сега во третото тромесечие при замор ме заболува само кичмата во средина повисоко, такви сечења и кочење десно ниско (баш ишијас) веќе не ме фатиле... До душа и појас за трудници земав некаде од 30та недела, може и тој да помогна нешто
Јас си имам проблем со тој нерв, одамна го зезнав со неправилно згазнување при симнување од автобус. Со масажи ми помина и долги години немав проблем, ама како останав бремена и со лежењево одма се активира.. Јас не смеам па ни да се истегнувам, ни да одам хаха се масирам сама кај нервот демек ќе ми помине ама не иде баш...
Кога ти почна болката тебе, и ја снема пред трето тромесечие? Јас до сега сум немала ваква болка, прв пат во бременост. Со постелката се' е океј. Единствено што ми е сомнително е ендометриозните цисти на јајниците шо ги имам. Што и да е причината, болкава е ептен лоша, секое движење ми е на штрек веќе аман. Не знам како да си помогнам. Тек сум 6ти месец, кај ми е крајот...
Како издржуваш алал нека ти е... Јас освен за нормално пешачење, за друга активност имам забрана. И сега истегнувања некои по консултација ортопедот. Мислам дека единствено останато ми е масажа...
Ич не ми текнува, се жалев тука.. немав ни стомаче уште.. а се влечкав на моменти И мене никогаш до тогаш ме немаше фатено, а трета бременост ми е.. во другите две не сум имала такво нешто. Баш како што кажуваш, ни од кревет, ни од стол неможев да станам... Еден ден нема да го заборавам, излеговме да купиме до Point нешто и прво до Дм влеговме, од што ме болеше како во магла нешто купивме и право дома.. а план имав да шетнеме низ продавниците. Има нешто што ја предизвикува, стиска нешто на нерв некој. Мене така преку ноќ мислам ми ја снема..
Се надевам и кај мене ќе биде така... Зошто ќе полудам, се вртам како рингишпил низ кревет дури станам едвај.
Само моево не застанува и не си смета топло? Вчера еден удар така ме здоболе, викнав дури. Ми вика мм, сабајле ти спиеш, ти гледам шета низ стомак фудбалеркава.
Мене матичнава ми вика твоево седнало со нозе скрстени како шефче не мрда маж ми вика по спиењето е на мајка му. Ако, блазе си ти, само нека си биде активна, летна мома е твојата моево зимурличе изгледа, летно време хибернира.
Мојава како Г буквата е наместена. Глава доле и иде нагоре накај папок и на десно. Уште од 12 та недела навака, она е со сите најчудни позиции што постојат. Нозе врз глава, па една нога доле една преку глава. Со маки ја мереа докторкиве. Ама нека мрда. Му плачев на мм, дека ќе ми фали мешево и бременоста.