Јас мислам најбитно е да сме хидрирани и доволни мрсни. И пиење вода игра улога. Јас претерувам малку со шлапање зошто сум склона на дебелеење и стрии, мислам од воздух што дишам качувам килограми. Не ме гледај мене, не сум репер, само сум со трауми. И пред бременост после туширање се шлапав како нездрава од што сум со сува кожа на телото да избегнам перутење. Ако ти помага еуцеринот терај со него, мене ми е супер. Смесава со павловиќева ја користам навечер бидејќи е евтина варијанта, ако купувам еуцерин колку што мачкам, ќе треба кредит за зегин да подигнам.
Епа добро, ќе продолжам да мачкам еуцерин и оваа кремава си ја зачував ќе ја купам и неа ќе ја ставам понатака
Не се плаши, во право се дека е касно за терапија, пред порагај ако си природно ќе ти дадат антибиотик после и на бебето и се ќе биде во ред. Не читај сега се и сешто џабе стресот.
Не ме с’скај, уште тоа го немам купено во колекцијава масла и креми за мачкање. А сега толку ми требаше, ќе одам да го земам. Во зегин ли го има?
Така ќе му дојде. Еве сега разговарав со близок гинеколог од Мк. Ми вика да, тука да беше и терапија и инјекција пред пораѓај ќе добиеше, ама таму ако така функционираат, стварно нема што да направиш. Единствено ми рече да не ги трпам породилните дома, туку да отидам веднаш во болница како би имало време антибиотикот да делува. И да се надевам дека бепче нема долго да се задржи во родилен канал. После ќе инсистирам да го проверат веднаш дали му треба терапија.
Да ти кажам баш и не верувам на мерките. Зошто има членки тука на кои им мерат помало бебе, а ќе се роди поголемо.. па и обратно големо големо, а тоа ќе се роди и испод 3кг. Ако е се друго во ред, мислам да не се оптерерува со килажата на бебе. Не сме и сите генетски исти, па да раѓаме и исти бебиња. Они по просек рачунаат големо и мало бебе.. а реално на жена 160 и 180 висока, не може просекот да е ист. Башка и по раѓање напредокот не им е ист, некои повеќе, некои помалку качуваат. Битно да е се друго во ред, живи и здрави да се
Кај Адела во државна сум. Не се сомневам во нејзината стручност, па што ми рече тоа направив. Здравје до крајот на неделава ќе ме породи.
Да јас осеќав и пред 30та и после 30та, се додека не се премногу јаки мислам дека не се загрижувачки, индивидуално е.
Во најсигурни раце си, да се опуштиш,да соработуваш, да одмараш до максимум и да се спремаш за јунакот!!! Адела е царица!!! Мн зависи од докторот какво искуство и сеќавање ќе имаш, благодарение на Бога и неа - се беше супер
Jas ziveam vo Germanija i go zemam od DM ama mislam stom tuka go ima deka go ima i kaj nas vo DM mozes da proveris
Кога сме кај мачкање, со првото користев масло на Еуцерин и добро беше, ама последната недела ми се направија доле стрии. За оваа бременост го земав ова од Србија и стварно е мноогу убаво, одма упива, имаше ептен добри ривјус на нет.
Леле те верувам дека се нервираш, стварно во се' се ептен различни. Колку и да ти викам пак не ти е сеедно знам, ама сигурно ќе дадат терапија веднаш ќе ги имаат во предвид резултатите од брисевите. Не се секирај, ќе бидете добро. И јас денес одам во болница за инекциите се возиме саат време, маж зема слободен ден за да отидеме и таман влегуваме и ни велат денеска џабе дојдовте дел од резултатите уште не се стигнати ќе ви закажеме за 2 недели Јас здравје тогаш 34 недела ќе сум. Мене дури ми падна смешно од 12та недела сум тука и цело време на секоја контрола ме викаат и зборуваат за Клексаните зошто и како ги примам. Па ни текна пред скоро 2 месеци да ми прават некои крвни анализи што сега уште не се готови Ќе дојде време за породување ние уште не сме го решиле случајот инекција
Јад бидејќи одам и на работа, сабајле пред работа мачкам од путерот на хип, а навечер си мачкам пред спиење од маслото на еуцерин зашто е помрсно. Некогаш и ако се истиширам преку ден пак ставам од путерот на хип, за да сум хидрирана цело време. И преубаво мириса плус, и не остава никакви траги, а маслото си е масло, затоа навечер, јас малкам и гради зашто ми се млекара и малку ми излегоа стрии на некои места на градите, пошо наеднаш некако ми пораснаа, мачкај си ги и нив.
Градиве млекара е мал збор, цели ми се со вени отежнати, после туширање ги мачкам, а навечер пред спиење не ги мачкам, ама за некој месец ќе почнам со медела на пупките да ставам, минатиот пат не ги спремав и одма ми испукаа од цицање, сега ќе ги омекнам со време
Здраво, 37+1 сум денес, бев на ЦТГ мирно беше, ама после прегледот со рака ми рече 3 прсти отворена… Не осеќам ништо од болки. До кога би можела да седам вака отворена? Како да знам дали уште се отварам или не? Страв ми е едино да не отидам прекасно во болница да не се отворам 6/7 прсти без да осетам и да не не ми фати епидуралот… Ми рекоа дека ако не фати може да ми стават light spinal. Има некој искуство со таа анестезија?