Cekaj kade bese ti vo italija? Sto Bese rabotata ti izlegoa site brisevi pozitivni? I ne ti davaat antibiotik?
Скроз неправилни и моиве стврднувања, па некои напони мислам ќе излези во секој момент, препони па си болат одамна и внатре ми се чини секоја можна коска до отвор долу ме боли , овие два дена ич неможам да се движам и стомак и препони си болат а и глад почесто осеќам, можно е да се спуштил подолу си велам, вака гледајки неможам да проценам. За умор остај не збори, нити ми се оди негде нити па сакам некој да ми дојди ќе се чудиме шо ни е уште некој ден ајде сега фатив убава позиција ако заспијам значи ништо не ми е..
Кога те гледаа последно на ехо? И јас со гладот иста. Незнам дали сум гладна или на некоја нервна база јадам
Јас да чукнам во дрво, освен првите четири месеци кога се осеќав како полужива и нон-стоп повраќав, друга болка мислам дека не осетив во бременоста. Е, денес благо ме болеше кичма на моменти. Да напоменам дека не пијам ниту додатно магнезиум. Може редно е да се напијам сега еден. Инаку, да се надоврзам на муабетот за брисевите. Многу ми се смешни што на позитивни брисеви те оставаат на пораѓај да те лечат, а кога е цтг во прашање, ее има време, еве ти термин во точно 40-та недела. Да се смееш, или плачеш работава. @Abc baby, не ми е тој планот, се надевам дека нема. Ако немаш индикации и водиш нормална бременост, секогаш природно пробуваат.
Мајки помош,неколку дена имам огромни болки кај бубрезите дури нема шанси на страна да легнам поради огромна болка ,испитана урина и уринокултура се е чисто а болките се неиздржливи .
На нефрологија упат и на ехо, може е песок, камен, цистит или пак некоја друга состојба. Секако и гинеколошки преглед обавезно, знае позади да боли и од други работи. Битно не чекај воопшто при ваква акутна состојба.
Со првото уште кога дознав дека сум бремена само на лева страна се спиеше, па дури ретко и на десно се вртев јаден мој колк дека така прочитав е најдобро. Сега пак гледам да спијам на лева страна ама се вртам и на десна и на грб. Сега ако ме прашаш на грб ми е најубаво за спиење не осеќам никаква тежина ни болка, додека пак на страна кога сум цело време мислам го притискам бебето па се местам и по цела ноќ само се вртам ич не спијам убаво.
Се помирив дека е помирно бебе ама па да не беше до волку аман, само стресови. Инаку кога седам и стомакот ми е така понапред и имам уште сало, мислам доле ја протискам кај самата свивка кај препон и јас осеќам нелагодност. Ќе пипнам и таму ќе ми мрдне. Незнам како да опишам.
Женски дали за вадење на д димери хемостаза и крвната слика мора да сум на гладно, и на еутирокс сум дали треба пред таблети? Ако некој знае
За димери и хемостаза нема врска јадена, гладна. За крвна слика нормално гладна треба да си... Хормони за тироидна 10г проверувам, сабајлето не пијам апче пред проверка (по совет од доктор), го пијам откако ќе земат крв.
Нема врска дали си гладна или не за димери. А за крвна слика гладна и некои 8 часа без храна пред анализа.