Ич нема правило да ти кажам. Може да немаш симптоми, а да бидне оддеднаш. Еве јас па од кога имам, а терам. Еве денес океј беше женскава на цтг, ја чекаме сепак да одлучува сама А симптоми имам, скратен цервикс, грчења, од ноќеска и кичма ме наболува. А ко за инат, ќе затера Вагинално те гледаа? Таму до кај си?
СРАМ МИ Е, не пијам од вчера, ќе ми каже што сме праеле со години, хахаха, ќе дадам крв без апче, па ќе видам дали има разлика, па ако има ќе и признаам
Прашај ги и тие во лабораторија и матичен Мене и кај матичната дека ме имаат боцкано неколку пати (лаборант доаѓа) и таму ме прашувале за апчето
Јас сум на терапија скоро година ипол И секогаш прво вадам крв па пијам терапија, чекам пола саат и јадам пијам Е сега јас примам клексан и некогаш во ист ден правам анализи за д димери хемостаза и тироидните незнам дали се точни резултати што читам по ова А на 125 сум еутирокс секој ден
И кај мене движењата се болни 36+3 сум, долу осеќам притисок од туркање со раце со глава си мислам во секој момент ќе излези, горе со газе и нозе во желудник во џигер шо и како се дешава ќе ми кажат утре а и ќе закажам за царски А за природно чекаат и плус една недела од термин ако е се во ред, со лесно ајде уште малку имаш
По книга е на 4 прсти/цм. Тоа од анестезиологија кога учев ми е запаметено. А во пракса како е не знам, нека каже некој што поминал низ тоа.
Јас денес, првпат после толку време, пропешачив 4 км без да осеќам притисок долу. Баш се чудев како некои се активни во одмината бременост. Не се работи за енергија, имам, супер се осеќам, не ме мрзи да пешачам исто, ама од константно чувство за уринирање човек не е удобен два чекори да даде. Дали нешто си се поднамести бепче, кој знае. Јас вчера пред легнување осетив благи во кичма, па и ко менструални да имав. Сабајлево станав свежа, ништо не ми беше. Ајде, мајка ми доаѓа за два дена, а и креветчето остана за во недела да се монтира. Се надевам ќе издржиме уште некое време.
Женски овие ми се од пред малце рез. а на 29ти имам преглед на гак и да ми одредат за клексани, а инаку Јани ми ги препиша последно 30 ама немам порано термин, во август имам Дали да купам клексани до 29ти на своја рака? И плус ова со хемоглобинот има 4 месеци ми е под граница, пред беше 106 сега гледам 104 многу ниско Со што го покачувате? Дали да земам ампули тотхема или нешто што имате корист лично да знаете дека имавте добри резултати и да не боли желудникот 32+4 сум
Според мене да земиш клексани, јас два дена ги прекинав одма скокнаа скоро дупло ддимерите и пак ми ги вратија, штета нема од нив ми рекоа поарно е да се примаат, а и гледам едно од времињата ти е доста намалено, примај си ги. За хемоглобин да можиш ферофолик од грција да ги земиш, воопшто не сметаат на желудник.
И јас мислам да земиш клексани на своја рака мила, нема да имаш штета никаква. Дека и да одеш кај Јани со вакво време и димери секако ќе ти ги продолжи, нејќе да ризикува. Не се плаши, боцкај се и ќе биде сѐ во ред.
Здраво! Само што дознав дека сум бремена, се уште немам тргнато на гинеколог( бидејќи нели после 2 недели треба затоа што сега ништо не се гледа), ме интересираа дали треба да почнам да пиам нешто или како оди, зтоа што според претходно добиено сум бремена 3/4 недели.