Здраво женски, цело време ги читам форумиве конечно се решив и јас да се вклучам. ☺️ Трудна сум 13нед со второ дете, малку сум постара. И првата бременост скоро па да не ја осетив а и за време на Короната беше. Вторава ми оди доста потешко. Премногу ме боли главата ми се лоши постојано не можам да се движам, железото слабо. Ама најмногу што ми прави мака се нозете, ужасно ме болат од колената надоле. Бебето е се во ред, единствено денес ми кажа доктор дека постилка е на преден ѕид ниско. Дали сте имале и вие вака тегоби со нозете?
Постелката е нормално во таа недела да е така ниско, тек ќе почне да се крева. Не знам колку годинки имаш, ама може и од годините, а може и од времето што се менува како на дугме. Не знам колку си активна, и од многу лежење исто може. Јас сум 23та и не спијам од грчеви во колкови и нозе…
37че имам Вообичаено сум доста активна, ама од преголема измореност телото бара да лежам, но обавезно во денот наоѓам време да извежбам колку можам. Интензивен вежбач сум. Ама болката во листовите е секојдневна, не можам да функционирам, а насабајле дури се како олово тешки. Дури за две недели треба да идам на доктор, за да го прашам.
Јас мислам умирав секој ден по малку до 13та недела. И на инфузии завршив од дехидрација. После тоа наеднаш ми дојде сила, дури и не знаев да се понашам од што не ми беше ништо, чудно ми беше. Може ќе ти се олабави кај и да е. Втор триместар меден месец викаат
Maltofer naracaj od bg ili gr em porftini daleku em dosta efikasni. Za edna kutija kaj nas ke pies cela bremenost maltofer
Извини ама кога прочитав “малце сум постара” одма памет ми отиде дека си 45 год. Како стара не зезај, па овде не’ има многу над 30. За болкиве во нозе да не ти реагираат на промена на време? Мене многу ме болат време кога се менува.
Ај да се надеваме дека ќе го доживеам медениот период, пошто у прва бременост скоро па цела беше медена
Во Германија живеам и тука жените бремени над 35г се следат како поброблематични . У таа категорија сум влегла . Иначе знам дека ние жените сме лавици, годините ни се само бројка . Иначе вообичаено немам проблем со времето, не сум метеопат. Ама имам ишијас си го добив за време на првата бременост. И знаеше од време на време да заболи десна нога. Ама сега веќе и двете болат да не можам да функционирам. И ептен сум загрижена.
И тоа пијам, најдов некој микс магнезиум, као тој помагал само за мојот случај, за сега ни тоа не помага
И мене на почетокот многу ме болеа, од колена надоле таква болка, вртење на коски што викаат старите. Фала богу како напредуваше бременоста се намалија, а и почнав со калциум и зголемив доза магнезиум, мислам ми помогна тоа многу. Јас примам клексани па докторката ми рече го црпи калциумот и плус залегнав нагло и се собраа работи. Пробај земи калциум од 500 мг, и зголеми доза магнезиум па ќе видиш дали има подобрување.
Жени вие што сте на почеток на 7 -ми, колку често ги осеќате затегнувањата во стомакот и бракстон контракциите? Значи само кога лежам ми е опуштен стомакот, инаку при секое движење, станување одма ги осеќам и чувство дека ќе ми прсне стомакот и голем притисок и тежина осеќам. Пијам и магнезиум и б6. Не знам дали е нормално, се нервирам многу.
Па ќе осеќаш се повеќе. Јас навикнав веќе на тоа, па и не му придавам значење. Две докторки ми рекоа нормално е и така си терам.