Јас со второто си вечерав вечерта (накај 7,8 ) дека за природен ме спремаа, па чепче ноќта добив, сабајле добив уште едно. Во 9 сабајле царски завршив... Сабајлето не треба да си јадена пред царскиот, а за вечерта мислам и нема врска.
На темата Вонтелесно оплодување, жената пиша за Пролутекс. Само тој се зема една дневно. Прашај во Жива фарм Велес. Ке најдеш број на нет.
Мене прва бременост ми е, и за градите очекував потемнување, ај што се толкави круговите ок. Ама баш се чудев што и долу е толку потемна машко носам. Читав некаде, ако линијата не е правилна на стомакот, ако се разидува кај папокот дека е машко. Ако нешто ти значи ова
Притисокот ми лудува, метилдопа 4 на ден втор ден по ред, од 140/85 иде на 150/90, не мрда ни покрај терапија, како да не делува воопшто. 38 полна утре. Што да правам, на гак да одам? Беба ја чувствувам, со малата сама сум дома ако решат да ме задржат, баби дедовци немаме
Да одиш на Гак. А што ако добиеш болки и пукне водењакот? Тогаш кој ќе ти ја почува. Снаоѓај се, оди на контрола една.. може има тригер некој кој ти го крева..
Јас дома се олеснив во двете бремености. Се сеќавам дека ме прашаа кога последен пат бев во вц. Ништо не јадев откако отидов таму. За првото не ми се јадеше, а за второто одма ме качија во предродилна сала. Ми рекоа јадење не. И тогаш не ми се јадеше.
Незнам како оди на Гак. Задржуваат ден уназад или сабајлето одиш? Незнам до душа и во Ремедика како оди закажан царски
Јас отидов кога добив болки. Со првото дете се пораѓав во стара гинекологија. Во 1 ноќта добив болки. Во 4 веќе бев на Клиника и се породив вечерта. Отворена бев 3 прсти. А ме задржаа затоа што имав јаки болки. А со второто дете се породив во новиот објект на гинекологија. Сабајле во 5 ми пукна водењакот. После 10 минути добив болки. Во 7и30 бев на Клиника. Се породив во 17и40. И тогаш бев 3 прсти отворена. Дојдоа две акушерки да ме проверат и сакаа да ме вратат. Се јавија кај еден доктор (не ми текнува на името) и тој им рече да ме качат горе. Како така ќе ја враќате жената, а водењакот и е пукнат. Без врски се пораѓав.
Рано ми е за линијата сеуште со двете машки ми беше и под папок и над, баш како што е опишано, долу ми беше многу потемна, но дане е рано и за тоа незнам кога потемнуваше
Кога одите на контрола кај Јани, одите со веќе проверени хемостаза и димери или докторот тогаш ве праќа да проверите?
Јас кај мојата одам не боцната, ми дава упат за се што треба, па ме боцкаат. После по вибер комуницираме за резултат и дали да терам со иста терапија. Претпоставувам и кај Јани е така.
За Ремедика мене Докторот ми закажа кој ден рече сабајле 7:30/8 часот да бидам таму. Ме примија, земаа крв, урина прашања некои ми поставуваа запишуваа и кога ме спремија ајде во сала Во 10 часот веќе бев породена
Оди секако бидејќи мене и тука ми рекоа ако вака ми се движи 3-4 дена веднаш да ни се јавам. Па извести не
Не е значи со задржување и лежење ден уназад. Е добро, можам све јас да очекувам веќе Освен ако не и текне на женската сама да излегува кога сака. Чекаме сега 38 полни, па да видиме што ќе правиме. Јас лежам, одмарам, не се наведнувам за да истерам... ама имам чудни знаци Едвај седам на газов, огромен притисок имам доле Па и ова струјата во препон од време на време што ме мава, незнам што е.. дали нерв некој или се подотварам... Вчера толку јако ми се закочуваше, што и на стапалото пред прстите доле ми се рефлектираше некое стегање и грчење и контракци нерегуларни стандард. Мислам да фатат појаки, ќе е тоа тоа...