Јас се чудам како издржував, ај дома ќе легнам ќе фатам некоја позиција по друго, таму на стол па ај станав шетав ама боли бре а ја чекав докторката да излези од царски, и кажав на сестрата дека сум со болки и ај цтг и таа се чудеше како ги издржувам и ми вели ти можи имаш почнато да се отвараш, ќе те задржат сигурно, ама ете ништо..
Јас 36+4 таа рачуна 36та недела заприметив во болница цело време како по назад ги рачунаат неделите, а матичниот 37ма ми ја води. Туку грло можи да се види и абдоменално така? Гледаше ниско долу ама ништо не кажа си имаше специјализанти на нив им објаснуваше нешто
Mene vodenjakot na 9 prsti ne mi bese puknat, tamu mi go puknaa pa se otvoriv 10 prsti sekakvi slucai ima
Ako imas bolki vrati se da te proverat da ne si otvorena ima zeni imaat kontrakcii ama ne osekjaat jaki bolki I se otvaraat slkros spremni za raganje
Може да се види до кај е спуштено бебе, па по тоа се водат дали треба и вагинално да те види. Мене мораше вагинално да ме види зошто на ехото најдоле на таквата скроз гледаа, а главчето на бебе го немаше.. уште подоле наназад спуштена главата Иначе и мене еве 37+3 докторов ми ја води пример како 37ма, сака 38+ да стигнам па безбедно да си се породам. Оно и да бидне порано, не е страшно ама поубаво позрело 38+
И мене со првото не ми беше. Но ако почне отварање чепот ќе испадне. Сега кај мене на ехо чепот докторот рече дека си е тука.. не е паднат. А отварањето почнува баш после чепот. Нема шанса да не падне чеп, а да почне отварање...
Пак осеќам ама не толку јаки, ај да мерам на колку време се ако не И таа рече одговара на 37+5 ама многу е рано за сега да го родиш уште три недели има, јас и велам да не тргни да излегва дома таа ми вели нема не се плаши, ако ептен осетиш мака дојди тука сме, мене плус ми е шо само уште вечерва е дежурна после дури среда ич не ми се оди кај друг доктор Ехх само да си имав едно цтг дома тогаш ќе бев раат Од збунетост не ја прашав ни дали да се боцнам клексан
А мене еден ден пред пораѓај првпат ме проверија вагинално, со надминат термин скоро цела недела и тоа на моја иницијатива што читав тука сите ги проверуваат јас запнав и 3см бев на првиот таков преглед
Во државна. Му велам на мм како да сакаше да ме откачи женава па ме пушти дома, тој ми вели не треси глупости се убо ти објасни, е сега дали е до мене и до хормониве или тој толку разбира ама почна да ме нервира Се осеќам ко Рејчел од Френдс ко беше трудна
На ГАК и супер поминав. Ме пораѓаше Адела, жената е ѕвер. Општо сум презадоволна до сега од третманот во сите одели кои ги поминав. Бебе е 2500 гр. 46 см. долго. Го видов на кратко бидејќи сум со царски, се надевам од утре ќе си биде со мене. Јас сум свежа, немам болки, само нелагодност од катетарот. Ќе пишам наскоро во Породилни.
Нека е живо и здраво, ќе порасне големо Килажава ти ја утнаа? Нели го водеа и за една недела напред... ?
Од вчера имам како некои бодежи во долниот дел и кај вагината, нормално ли е ова? Малку се загрижив.. 16+ недела сум, со серклаж.. во одредени положби помалку ги чувствувам, не се тоа којзнае колку силни ама пак не се ни пријатни
Не знам во која тема пишав денес, ама и јас ги имам и почнаа точно во 16та недела. Не сум со серклаж ама слични симптоми имам. Бодежи во долниот дел на стомакот при вртење, подолго лежење или седење, и кратки вагинални бодежи. Овие вагиналните ми се кратки како струјичка да ми проаѓа, зависи од позицијата во која сум наместена. Претпоставувам дека е нормално, јас од силните бодежи што ми траеја 4 саати завчера бев и на ГАК ноќта на ургентен од што се уплашив, ништо немаше, бебето океј и цервикс затворен 4.11цм. Не се секирај, одмарај си во положба што ти е удобна, јас сум на страна со перница меѓу нозе и земај магнезиум.
Здраво Ми почна некое минимално чешање долу. Секако ќе.одам понеделник на лекар ама до тогаш се паничам. Трета бтеменост ми е, ама прв пат ми се случува чешање за време на бременост. Ставив со прст сода и се туширам само со вода почесто, без гелови за туширање. Сакам и Donafil пробиотик да земам ако е безбеден во бременост. Ве молам за искуства....
Дечки , 11+1 недела сум Кафено видов доле, не беше кој знае колку ама доволно да ме испаничи за да отидам на итна Бебето си е супер си мрда и си одговара за неделата Од што може да е кафеното? Дали е можно дека пијам аспирин? Ми препишаа за утре прогестерон депо и утрогестан и мирување Ве молам за совет
Мила, истово скроз ми се случи во 11+, мислам дека пишувавме и во лп за тоа. Имав оскуден кафеав исцедок рандом, без болка или некаква најава. Отидов до ургентен, на ехото се си беше океј, немаше хематом, а бебе супер. Не можеа да најдат причина од што се случило. Ми кажаа веројатно е чистење на застарена крв. Исто ми дадоа совет за мирување и утрогестан (што веќе си го земав). Пошто исто пијам аспирин, привремено ми го прекинаа додека да се повлече исцедокот. Кај мене траеше ден ипол и само го снема. Два дена скокнав аспирин и повеќе лежев. Мислам дека немаш простор за грижа и дека се е во ред. Многу честа појава е во прв триместар. Легни и одмори се па пиши ни утре како ќе бидеш.