Ако има некоја будна да помогне: Денеска ми е терминот. Вчера бев на цтг, имав болки кога бебето ке се истргнува ама јако не болеше и доле и кичмата. На цтг нерегуларни контракции, малку грлото скратено, отворена ко врв на прст. Имав кафеав исцедок после прегледот. Малку се смирија болките вчера и заспав, сабајле се разбудив пак со такви болки и грчеви некаде пред 5, ама после 5.20 почнав да гледам на саат. Болките час издржливи, час преболни ко менструални, и убав кафеав исцедок. Кога ке ме фати болка газето штрчи горе на стомак, и притиска долу. Воден исцедок или да е пукнат воденикот немам, мислам дека ке приметев. Не знам што да правам, да чекам да пукне воденикот, да одам...? Време му е, ама болките не се регуларни, на 3 минути беа саат време, сега на 7-8 минути... нема ритам...
Иако се нерегуларни, ако се јаки и на толку кратко време од минути... подобро да си одиш на лекар. После тие прегледи за провоцирање да пушти грлото, тргнува отварањето кај некои... Оди, особено ако имаш пат до болница. Тоа некои со 8,9 прсти, без јаки болки стигнуваат во болница. Мислам е подобро да одиш, како и да е термин ти е и нешто се случува веќе... Со лесно
Девојки бев во Понеделникот на прва контрола да ми потврди бременост. 4+5 недела. рече се е нормално и како што треба . супер е. за две недели пак. се надевам се ќе биде океј
Фала ви женски, дзнаете секогаш како да ме смирите. Докторот не можеше да најде причина од што е, хематом немаше, болки немав, бебето си беше супер, па на крај препишавме дека е најверојатно од аспиринот. Веќе немам кафено, фала му на Бога. Ѝ пишав и на матичната и на Трајковски за дали да го прекинам аспиринот, ама мислам веќе да не го пијам. Мислам синоќа животот ми се скрати додека да отидам и видам на ехо. Ај само кажете ми, прогестерон депо инекција е така? Кој треба да ми ја ставе? Можам ли јас сама или мм?
Јас на никаква терапија, две бремености без никакви крварења... а третава бременост исто без терапии сум, а од нигде никаде прокрварев во 13та недела. Прво чиста крв и кафено, после уште 3,4 дена кафено. Матичната причина не најде исто, се беше вака океј.. но ми даде да ставам утрогестан. После 17та па на контрола кај докторов Јане во Ремедика кога кажав за крварењето, рече дека најверојатно било од постелката и замор (дека беше над цервикс доле). Полека како напредна бременоста, се подкачуваше и пак крварење немав...
Јас имав кафеав исцедоцок во средина на 8ма недела и ми траеше неколку дена. Исто ми препишаа прогестерон депо, која се става интрамускулно. Ние дека сме испраксирани со сопругот со инјекцииве, он ми ја ставаше на секои 4 дена во задник. Ама можеш да отидеш на матичен и таму да ти ја ставаат. Ми кажаа да ја примам дур трае исцедокот + уште една недела, отприлика 2 недели се фати. Аспиринот го прекинав дур траеше кафеавото, после пак го вратив. Повеќе одмор и лежење тој период и се ќе биде во ред . Делува страшно, ама очигледно е пречеста појава во прв триместар.
Mene aspirinot Jani mi go dade i on i ginekologot vo Sistina mi napomenaa ako zabelezam krvav iscedok da go prekinam aspirinot i da ne se panicam deka e od toa. Sega sledna kontrola mi e na 5ti avgust pa kje vidam dali da go prodolzam.
Фала мила, многу ти фала ми олесна ептен. И матичната ми кажа не се секирај ништо страшно, и во понеделник уште сабајле одам кај неа. Ги земав утрогестанот, во аптека ми рекоа на 12ч дека се ставаат. Проблем ли ќе биде дури вечер во 8 да ги ставам дека тогаш ставам клексан да бидат заедно или што е можно порано?
Жени се заглавив во лифт, таков стрес доживеав бидејќи имам фобија од затворен простор, пулсот мислам 200 ми се качи и срцето многу јако ми чукаше. Едвај се стабилизирав кога ме одглавија. Еве лежам бебево многу се вознемири исто се размрда, почна да ми пулсира стомакот многу, почна страв сега да ме фаќа да не ми стане нешто од толку наеднаш стрес Ај за утеха нешто, се напив одма б6 и легнав.
Нема ништо да ти стане, си се исплашила и нормално и бебе го осетило тоа и реагира. Добро штом си се напила б6, земи си и магнезиум и лежи одмарај си. И јас имам страв од затворен простор те сваќам како ти е, подобро ми е секогаш по скали да одам не го сакам лифтот ич.
Да ве прашам вие што сте слични недела со мене дали осеќате благи менструални болки? 32 ја почнав од вчера. Бебето кај не го осеќам често, ама кога мрда е скроз долу и овие 2-3 дена посебно ми се изразени лажните контракции. Ќе почне долу да мрда и ќе ми се затегне стомакот обавезно. Од сабајле осеќам и благи менструални болки и се нервирам, контрола имам дури на 15ти Август.
Јас имав во 6та недела ептен една точка црвеникаво, и после 4 5 дена кафеаво. Кај матичната отидов ме гледаше имав хематом мал кој рече дека не е опасен по плодот и ќе се апсорбира сам. Терапија не ми даде ништо иако јас бев преплашена. На моја иницијатива зашто читав тука се и свашта и побарав да ми даде нешто, се убедувавме дека нема потреба и на крај крена раце женава еве ти ми рече дабростон една кутија пиј ги да си мирна. Ја поголема грешка не сум напраила. Толку лошо ми влијаеа тие апчиња значи јас се осеќав како во депресија да сум. Една недела плачев без престан, имав многу црни мисли, буквално депресија. И престанав да ги пијам после 1 недела. Се вратив во нормала матичната рече од нив ти е дека се хормонски. Не лежев не мирував си функционирав нормално, на работа одев. Во 13та недела веќе беше исчезнат хематомот. Така да не се паничи тоа е многу нормално и скоро на сите жени им се случува во прво тромесечие, слушај што ќе ти кажат се ќе си биде во ред. Кај мене без терапија го снема, а ти немаш ништо такво и плус си имаш терапија. Уживај си