Јас сум поназад од тебе, од утре ја почнувам 30 недела, но исто осеќам веќе некое време. Минатава недела поготово, менструални болки доле и чести затегнувања и бракстон контракции. Баш пишав и тука. Бебе исто доле многу го осеќам, ми мава на нешто цервикс, бешика ли е јајник ли е ама така ќе ме пресече. Многу се непријатни. Некад не знам дали бебето се превртува или ми е контаракција, не можам разликувам.
Не се секирај, кај многу се јавува таков исцедок, јас во 5 недела имав. Од тогаш до 14 недела боцкав пролутекс секој ден. Ама според мене боцкај одма не чекај вечер. Ти ќе си бидеш помирна.
Цела бременост совршена. Дури заборавам дека сум бремена. Ама жении, еве трет ден ќе збудалам од киселини не се да кажам, мачнина во желудник, ме тера да подждригам, па ми се крева храна нагоре, навечер сред ноќ ако не повратам, неможам да спијам. Побраќам киселина. Ми гори цел хранопроводник. Земав од тие гел кесичките од Зегин, ама некако слабо ефект гледам. Ноќеска со 4-5 зрна ориз некако заспав.
Jas so prvata bremenost grickav takvi i mi pomognaa stvarno,inaku ispraveno spijev na krevetot,potrpena glavata na pernica od mnogu kiselini
Ако веќе те боцнале со прогестерон депо, покриена си со соодветно ниво на прогестерон и слободно можеш да си го наместиш утрогестанот кога ти одговара временски највеќе. Прогестерон депото е во уљана форма, пополека го ослободува хормонот и го одржува соодветно нивото на прогестеронот ~7 дена. Утрогестанот е додатно плус за секој случај, нема телото или плодот штета од повеќе прогестерон, битно да нема дефицит.
Јас сум тука околу тебе, менструални не сум осетила сѐ уште. Многу непријатни болки имам кога мрда доле со главата, пошто така е свртено бебево, како струја, бодежи кога ќе почне да мрда, а мрда прилично. За лажни, не сум сигурна кога се лажни кога е само мрдање, ама и тоа некако често се случува, како грч да ме фаќа не некои делови од стомакот и пушта за кратко време. Мене ова ми е втора бременост, не сум осетила вакво нешто претходно, а и двете се на преден ѕид на постелка. Ми рекоа да одмарам и да лежам, ништо друго.
Не мила не ме боцнаа затоа што никаде не најдов. Докторката ми рече само утрогестанот земи го тогаш, затоа прашав дали да почекам до 8 затоа што така повеќе ми одговара.
Моето скоро цело време највеќе го осеќам скорз долу да мрда кај цервикс. Ама имаше моменти кога не осеќав ваков притисок долу. Сега дали пак се има завртено со глава надолу и осеќам притисок, затегнување и нонстоп сум во вц. Водата мислам што ќе ја испијам за 5 мин сум на шоља. Јас ја осеќам и кога се тегне и веднаш вел стомак ми е цврст и ме стега. Ќе појачам овој ден магнезиум, може ќе ми помогне незнам.
Мене не ми помагаат гастрогард, мислам од нив полошо ми е како пена повраќам.. такви се малце кога се топат како пенасти..многу гадни ми се мене
Најубаво матичната да потврди, ама и да го земеш сега, па од вечер кога ти одговара највеќе да си го фатиш редот на 12 саати не верувам да има штета. Чисто да бидеш мирна дека си покриена со прогестерон
Така и планирам да направам, сега дека не сум дома да го испијам орално колку да го имам во систем, после веќе од дома ќе ставам вагинално. Фала мила, те гушкам и тебе и сите што ми пишавте
Магнезиум и б6 зголеми доза. Не знам веќе ни јас што да мислам, веројатно како навлегуваме во трето тромесечие се зголемуваат овие симтоми. Нека кажат и другите членки од искуство. Се трудам да мислам дека е нормално зошто инаку ќе се скренам од само тумачење на симтоми.
Не тумачи, нормално е. Мене ми е од почеток на 7 ми надоле со глава и така си е уште. Баш вчера на преглед е со глава доле и свртена со лице према грбот мој. За идење во тоалет не коментирам. Тоалет хартија колку имам потрошено Па како мрда така цел стомак се стегнува . Па ако се истрти како топка си стои.
И мене на последен преглед ми рекоа со главата е доле и цело време таму повеќе осеќам како мава, а пулсирањето на левата страна доле исто го осеќам, дали ика таму што ли прави не знам