Имаш тема за колички во Бебе категорија. Таму има веќе мајки со бебиња, повеќе искуства таму ќе најдеш
Како е подобро да се става утрогестанот? Мора ли да е вагинално? Многу ми е шубе Иначе синоќа немаше некое време кафен исцедок ама еве од сабајле има. Кога ќе се избришам на тоалетна нема, после на гаќи ќе приметам некои точки. Значи да се нема мир во бременоста, неможам да уживам .
Не се секирај, ќе се смири. За утрогестанот шубе е, ама ќе се навикнеш, на почеток е така. Стави на среден прст и буткај колку што можеш подлабоко. Утрогестанот може и да се пие, ама подобро е вагинално да се аплицира. Се боцна ли прогестерон? Одмарај овие денови, ставај прогестерон и ќе се смири.
Без грижи, ставај вагинално подобро делува... Јас ти викам имав кафеаво и црвено доста прв ден, а после уште 3,4 дена на влошка кафено и на бришење... Лежи си одмарај си, чим е толку малку не се секирај. Стварно мн честа појава е...
Исто и мене мила од постелката што е ниско до цервиксот, што е нормално за таа недела и во 11та и во 12та имав. Најнормално не се секирај, на многу им се случува. Утрогестан ми дадоа тогаш, се смири одма. 23та сум уште ставам вагинално, ништо не е не се секирај. @Kala22 исто имав во 16та отидов се ме проверија, мускулно е и е најнормално. Воопшто да не се плашиш, зголеми магнезиум и одмарај.