Да, сега ние сме, мојава вчера мирна беше, денеска исто мирна е, дека метилдопа пијам полна доза, успиена е изгледа. Тргна у 34 отворена, болки, вака, така, еве денеска 38, таа мирна, цтг мирно, ќе си тераме уште изгледа
Јас Нифти Про го правев пред некој ден, во Гинекаликс, чекам резултати. Честитки мајки, живи и здрави бебките! Мило ми е кога читам убави искуства за Чаир и ГАК.
Честитики мами А јас за доручек што мекици се најадов пред време. Како да знаела мајка ми дека форумски бебиња еден куп ќе се родат
Честитки, да е живо и здраво бебчето, и на сите што сте се породиле, да ви се живи и здрави бебчињата.
Честитки до сите кои денеска добивте бебиња, да ви се живи и здрави големи да растат @QweenSM почнав сабалје да ти пишам и не сум пратила, ми се случи и мене да имам малку крв, па после тоа повеќе при вагинален преглед некаде 8-9недела. Денес се случи пак поладнево никаде, дремнав и кога станав имав на секојдневната влошка темна крв, директно на дежурен заминав (среќа има) се е супер ме виде и вагинално и на ехо, нема хематом нема нешто што предизвикало да има таков исцедок значи се во ред. Бебка не застануваше, цело време беше активна од утре сум 15та недела за пол уште не се сигурни само прета и се врти,се израдував кога видов дека е се во ред. Ме боцнаа прогестерон и тоа е тоа веќе немам ништо. Да не ни се повтори на никој, Господ да не чува, колку и да не е за стресирање кога ќе видиш, стрес е.
Станувам рано, ми се спие, ми се плаче, но неможам да заспијам. Ќе легнам пак и се вртам во кревет и тоа е тоа, станувам. Сакам кафе. Добро утро.
Добро утро Јас долго време со инсомнија и незнам како функционирам. Ноќеска заспав во 2ипол, станав 2 пати на мочање до 5 и веќе во 6 будна бев А не ми се спие. Дали е возбуда веќе некоја... а баш би сакала да можам да поспијам Ќе дојде бебе, нема спиење. Еве маж, деца спијат и ќе тераат до 9,10 сигурно... 37+6 денеска Два дена е премирно бебево, ме плаши дури на моменти. Башка сум приметила дека кога е мирна тој ден, премногу ика и по долго време....
Ти си при крај, памтам и јас тогаш бев бетер, па со првото лето ме фати, лудило. Си заспивам навечер како јагне, ама ранобудец од навика сум станала , хормони сега се натпреваруваат Ќе биде се, после како ќе се будиме навечер, мене тоа ми е најтешко. Навечер друга личност, се ми смета, преку ден сосем друга личност бев