@baguf4e женска, што ти дадоа на гак за болките? Вчера бев заради болкиве се е супер, само ми зголемија магнезиум и мирување. Ништо не помага, кој магнезиум го зимаш ти?
Здраво мила, мене ми препиша но спа во комбинација со магнезиум, ама не знам зошто не земав, се двоумев дали и на своја рака останав само на магнезиум. Иначе го пијам оној на алкалоид директ со б6. Не ми помага многу ни мене, малку да залегнам на пример на грб после едно добри 2 минути се мачам да станам. Ако ти се неподносливи консултирај ја матичната дали можеби треба да земеш но спа, ми кажаа на гак дека делувал слично како спазмекс. Ако имате некој предлог за подобар магнезиум кажете го женски.
Јас користам Но Спа кога имам болки што баш не поминуваат и искрено за половина час веќе ги немам со тоа, додека со магнезиум не ми поминуваат баш. Инаку од магнезиум го користам оној на Солгар магнезиум цитрат, сега го земав тој што е во комбинација со Б6 зошто првиве ми се преголеми и од толку апчиња почнав да се давам со нив хаха
А што болки имаше? Колку магнезиум ти рекоа дневно? Јас вчера имав доста менструални болки, и некоја болка која се ширеше накај грб и паника ме фати, многу чудно ко бранови контракции.
Не знам точен состав, ама еве подолу за што претежно се користат. Мене ми се препорачани од доктор во ситуации кога имам поголеми болки и до сега се покажаа супер. Другите денови сум само на магнезиум.
Јас но спа и магнезиум 2х400 кога ги имав... ама гледав но спа да пијам, ептен кога беа неподносливи, некако па ми беше шубе. @Laura7 тие се баш за такви грчења и спазми во матка, бешика, жолчка, желудникот, цревата...
Јас го пијам навечер пред спиење. а јас прокрварев во 12 недела со син ми свежа црвена крв наеднаш како локва. се извадив од памет . право во болница циста сум имала и пукнала. ме буцнаа со утрогестан. после уште некој ден се дочистував а со бебето се во ред . исто и во 5 недела имав ко кафеаво тоа ваљда беше доцна имплантантација дека беше покасно зачнато.
Си доаѓам тука во темава зошто мнооогу ми фали ❤️ Како би се придружила пак лелее @QweenSM како си ти? Кога резултати од НИПТ?
И јас редовно си ги читам, посматрам btw. честитки до сите мамички, здрави и живи да ви се бебчињата.
Па имав сечења, не можев да одам нит да седам нит да лежам, одвај се облакав. И ајде на гак отидов се е во ред, не гледаат причина од што се болките. Најверојатно од ширење и тежина на стомакот. Да појачам магнезиум, и мирување. Пијам ферона и магнезиум од натурал велт. Сеа можам комотно 3 пати магнезиум. И покрај тоа ферона што пијам. Не ми дадоа но спа. Само магнезиум, ама на бебе главата доле и е може и притиска не знам. Ми мереше цервикс пред одмор ми беше 40мм сега 35мм нормално е да е вака? Или може и да не измерат добро? Мислам оке е не е ризичен ама пак ме збуни.
Мене не ми кажаа ништо но спа, само да продолжам со фероната и со појачан магнезиум. Се мислам на Синерџи да го земам, го фалат тој со б6 комбинација што е. Некој ако го пие, да каже искуство. И само мирување повеќе, обавезно мирување, а ја не можам да спијам, на вртење ме боли… жива ненаспана сум..
Која недела си? Мене 17та ми го измерија 30мм, па 22ра 38мм, па 34та 30мм, 37ма без цервикс (ама ајде крајот е тука) И мене ми е доле во карлица од старт, дека широка карлица имам... Појас да си земеш? Мене тоа мислам ме прероди кога го купив... Грчеви до крај имав до душа, кога појаки, кога послаби... Инаку на две места во ист ден да отидеш, различно ќе ти измерат. Плус нешто зависеше и бебе како го има стиснато во моментот, бешика полна/празна итн. Ама 35мм е супер како и да е. Има трудници кои тераат и под тоа и со 30мм до крај... Ама ств треба мирување, особено на топлово.. гледај и на топло да не движиш и седиш.
Јас го користам тој, мене супер ми делува. Навечер го зимам, а преку ден ги допијував на солгар магнезиум оо едно. Е вчера го купив тој дм ефтиниот сите тука што го збореа, па од него земам сабајле, а навечер од тој на синерџи. А колку мг ти се собира сега вкупно магнезиум? Инаку и мене стално различно ми го мерат, во Систина ми беше 40, на ГАК 30 ми го измерија, после на следен преглед во Систина пак некаде 40 и нешто. Сеа нареден преглед здравје ќе видам. Битно се различно ми мерат и само од памет ме вадат.
23та сум, бебе поголемо за недела дена. И да доле баш некако главата баш кај и што ми се болките. Да баш се зачудив некако со меркава. Не знам со мирувањево, јас и на работа одам. И баш и приметив многу повеќе мокрам, и тоа мислам ќе се помочам ако не одам одма да мочам. А не е дека нешто различно пијам вода.
Па скоро 800мг, ако внесам три магнезиум со се фероната и 1000ка ќе биде. Ама си оставив на 2 магнезиум и плус фероната што има значи 750 ќе дојде. Се мислам да го земам тој на синерџи, колку е тој во мг?
Не е скап, околу 400, 500 денари е ама имаш две ленти внатре. Јас знам некад и лента една само да земам, не е повеќе од 180 денари.
Мајки здраво ќе пишам тука можебо некој има искуство со хематомче на главата на бебе добиено од породувње кое е безопасно но подолго време се ресорбира