Збори ми за тоа, 5 работи купив у несвест паднав хахаха, одвај ме извади маж ми од продавница. Иначе не знам како ќе се изнесев со пола бебешки дел мислам
Да не сум јас таа другарка ти? Исто како мене да ме опиша значи! Да се надоврзам и мене сеуште многу ми фали групава и бременоста, се надевам мене ќе ми дадат малку порано зелено светло за второ дека спонтано се породив.
Преубави алиштенца си купила мами Ќе имаме пресладок баткооо а овие денови ќе видеме дали бате ќе има другар или другарка Леле јас во петокот влегов во Синсеј и се стопив кога видов какви алиштенца има Сакав да грабнам нешто неутрално што ќе носи и машко и женско ама си реков дека ќе издржам уште малку
За алиштенца да не зборам, абе кога ги видов 0+ колкицки се, таму во сред продавница се стопив, солзи од радост ми дојдоа Од мерак морав да купам нешто
Јас се чудам како ми се смени желбата од купување за себе до купување за него. Сега не ни гледам за мене, влагам во синсеј и право на бебешко во слободно време дома висам на интернет нарачувам. Инаку за тебе имам чувство дека е мома.
Леле исто хахах, порано зара ја прегорував… абе секоја недела нарачки само стигаа пакети дома и висев на странана… сеа не знам коа последно имам отворено… само за бебка гледам.. и буквално само во бебешеки одели влагам за мене ништо си викам леле што ми стана, маж ми па среќен е вика конечно да прекинам со трошење пари на глупости, ама не е свесен кутриот што го чека коа ќе се роди бебево пола зара ми е севувана, само се чека хахаха.
Тоа е се менуваат приоритетите и јас за мене немам со месеци купено облека, само во бебешки оддели идам Со стомаков што и да гледам, знам нема после да го носам и не се ни замарам за мене. Плус како ги гледам цениве луди и списоков што го имам со опреми, гардероби, козметика коса ми се крева. Ама дали се нормални со цениве се напукано
Инаку кога сме кај цени, стварно некои продавници ОСЕТ НЕМААТ. Во енци менци едни шпихозни 2300 денари па нагоре. Ќе ги носи максимум 2-3 недели? Па јас за мене зимска јакна дебела сум купувала за тие пари. Стварно се чудам кој им ги купува. Се наоѓаат боденца 5/1 во зара за 999, што е сосем океј. Во синсеј се убави и евтини, не знам за квалитет после неколку перења ама и онака ги надраснуваат брзо. Искрено до максимум 600 денари за шпихозни ми е океј, над тоа ми е претерување за толку малецко парче гардероба. Јас земав и од сестра ми шпихозни облечени на внука ми 2-3 пати што се понеутрални за по дома. Имам многу мерак и навистина купувам и нарачувам, ама гледам да не ме банкротира, бесмислено е.
Сори морам да те дематирам 33гн на контрола ме прегледаа вагинален преглед Шок 2см отворена Примив зреење и........ се породив со провокации 16 дена над термин Како си со болки сега? Верувам дека и самата знаеш Може да престанат а може и да станат на 5мин Сепак мислам дека ке издржеш до сабајле за контрола Ке пробуваш природно? И јас ве читам редовно да си знаете
За спонтано нема ограничување после колку време можеш. Сеа, не да е одма после 40 дена, хахаха ама не и после 2г, како за царски на пример
Цело време сум таква подмочана од почеток па до сега. Некогаш е повеќе, посебно ако е потопло. Тоа е по сто пати во вц и само менување гаќи
Исто е и кај мене Јас сум 32 недела. Од почетокот сум како помочкана Докторот ми кажа дека е сосем нормално, така да не се грижи. Мислев дека се куртулив од влошки, но еден куп пари фрлив на секојдневни А за ударите, уште некоја недела и нема да можеш ни да спиеш. Кај мене буквално реагира секогаш кога ќе ја ставам раката на стомакот.
И јас сакам три деца, вчера дури лежев и чекав да ме сошијат си реков две доста се, освен друг ако ми ги раѓа
На почетокот кога имав гадење , му реков на мм, дека второ ќе си посвоиме Па бев одма второ ако нели сум природно и ако е се во ред. Па дека сакам и трето кога ќе направат првите две по 5-6 години. Ама ај да се породам, па ќе видам која одлука ќе падне
@Marsi* @gwenst фала ви за одговорите. Јас стварно бев загрижена, дури и срам од мм дека на пеколов по гаќи седам дома а мокри. Јас секојдневни не користам, ама менувам често гаќи. Почнав веќе како тежина да осеќам при вртење и седење. Денес средував фиоки и бев седната на паркет, не можев да ја досредам фиоката, како стара баба се осетив, не можам да се наведнувам толку. Се ќе истрпам, само да се роди здраво… позитивнс сум и насмеана, ама со бременоста само си мислам дали ќе биде се ок, постојано ме мачат мисли.
Леле искрено ви љубоморам кога кажувате колку често и силно ги осеќате бебушките, само јас сум некое чудо изгледа Исто 32 недела сум дури овие денови претерано е мирна и само ме плаши. Дали осеќаш некои стврднувања, нелагодности ? Денеска и тоа сум ужас, многу ми се затегнува долниот дел на стомакот и кога малце ќе мрдне бебето, веќе незнам дали е така нормално.
Ќе биде се ок бе. Тежина си носиме, неможеме како пред бременост се да средиме во еден замав. Пред бременост за еден ден средував се низ дома. Е сега еден ден една соба. Ама имам време за се. Полека полека средувам. Фати одмори си правам цело време. Мокри гаќи…ееее. Секој втор ден машина со гаќи врти. Едно идење до маркет, гаќите ми се утоп. Ем се потиме, ем исцедок си имаме.