Ti barem imas od prethodnoto jas nisto ni krevet ni kolicka nisto a od 30+ mnogu sum izmorena edvaj se dvizam sekoj den se potesko mi e
Би те советувала да не земаш прескапа цуцла. Можеби нема да ти ја прифати баш таа, а можеби и нема да имаш потреба од цуцла. Јас зедов една од Canpol, околу 180 денари беше во Зегин, да имам колку да ми се најди ако притреба првите денови. Па подоцна ќе експериментираме. А шишенце си зедов стаклено од Авент, ама ми рекоја и цуцла и шишенце требало од иста фирма, па не знам баш..
Различни ми се шишето и цуцлата. А зошто да бидат од иста? Исто и јас на Авент стаклено земав. Другарка шишиња авент имаше за малата, а цуцла од Дм на бејбилов.
Јас од искуство со синко би рекла нема врска дека треба да се од иста фирма. Еве го 8 месеци е цуцла само авент ја сака, а какви се не му дадов. Шише пак на авент никако не го прифати, до ден денешен е со шишиња на чико, а имам цела колекција различни шишиња, ми стојат дома за украс Така да бебе само си одлучи што сака, што не.
Наводно немало да ја сака цуцлата или шишето.. дека различен облик. И јас не знам за ова и не знам дали има стварно смисла
Ајде ќе правиме експерименти. Ќе видиме на крај што ќе сакаат беблциве. Затоа се по едно земав, освен цуцлите идеа две во пакување, па ќе видиме за што ќе се одлучат
Јас нарачав од виа фарм 2/1 бибс цуцли, имаа некој попуст две за 470 ама земав и две рандом обични поевтини, па која ја фати таа. Инаку нарачав и 2 авент шишенца, се надевам ќе ги сака. Не можеш да знаеш вака дур не се роди. Внука од сестра ми 10 месеци направи, цуцла не фати и точка. На другарка бебето само евтините цуцли ги сака, а шишенцата не и се иста фирма, го сака авент.
Јас едно земав шише само. Со ставот сум дека ќе дојам. Ако не иде , ќе доземам шишенца. Затоа не ни зимав ништо премногу, зошто незнам што ќе прифати. А дека има бебиња што никакви цуцли не фаќаат има.
Се согласувам, и јас имам желба да дојам, ако даде Господ се да е по план и добро. Две земав зошто фатив некој попуст, едното е за +6 месеци и повеќе го земав за период кога ќе почне да пие водичка. Ако треба, ќе докупиме. Не можеш да предвидиш, пак на крај од бебко зависи и како тоа ќе сака така ќе биде.
Исто и јас планирам по едно или две за почеток да земам. А кажете ми по колку количина бодиња, шпихозни, тетра пелени земате за почеток? Немам осет ич
Тетри зедов 7-8 јас, да видам прво за што ќе ги користам, па ако треба ќе се прикупи Бодиња имам 5 со кратки ракави, 5 со долги. Терминот ми е средина на септември, па затоа зедов пола пола. А шпикозни исто имам некаде околу 10 пара, и 2-3 комплетчиња. Мислам дека попрактични ќе ми бидат шпикозните му зедов еден куп чорапчиња, така ми имаа кажано, па изнакупив
Тетри ќе земам некои 10. А облека поарно да не ти кажувам колку имам. Ама се ми е дадено. Се мислев да доземам шпихозни, дека само 4-5 има, ама па имам еден куп бодиња , панталончиња, па не ми се фрлаат пари за нешто што дали и ќе стигнеме да облече. Си реков нека се роди, па ќе видиме како ќе биде.
Тетри колку сакате, не се вишок никогаш За почетокот спасот се овие шпикозни со чорапчиња и ПАТЕНТ што се отвара од две страни, сред ноќ само доле отвараш за пелена, овие се пижами, ама нас ни беа се и пижами и за секој ден, неколку вакви и само ги вртиш, раат. Мислам дека и од ракавите се пуштаат ракавички, се што ти треба за првите денови во едно алиштенце
Сликава сега ја одбрав за пример од Next, а јас имав купувано и од George kids мислам така се викаше имаше една страна на инстаграм ги носат. 1800 мкд беа комплет 3, тоа се сеќавам купив 2 комплета, прво еден, кога видов колку ми одговара одма втор порачав. Сега Next има во Diamond, не сум проверила ама сигурно ги има, еве на страната ги имаат. Може и во други продавници да има, ама битно е да е со патент на две страни, да има чорапче и може и ракавичка ( тоа не е пресудно ) хахаххаа, овие се спасот кога ти се спие да смениш пелена