Ако ти е во мисла, ќе си побараш да ти го измери. Кажи му за болките кои ги имаш, сам би требало да ти спомни за мерење Јас сеуште одам на 3-4 недели. Сега треба да одам за 3 недели, на 35 полни, за да ми земи некои брисеви
Кратко е зимањето брисеви. Мене ми зимаше сега во петокот. Само пикна стапчињата, за 15 сек ми ги зема сите.
Кога приметив веќе имаше на секојдневната Е после земав со палома и имаше уште Сега е посветло кафеаво Да не е чепот Леле човек да не е раат И викам за бубрегот на бебето што е тоа 95мм пиелектазија дали е тоа нешто опасно вика ништо не е можеби не се измочкало Се смирив малце ама незнам уште ми е во мисла
Прати колку ќе трае кафеавото, ама мислам дека немаш простор за грижа. А тоа за бубрегот. Органите на бебето растат се оформуваат. Имаш бебиња кои на ехо им се гледаат и цистички во мозочето, кои до раѓање изчезнуваат. Верувам дека ако било нешто загрижувачко и опасно, дека ниту еден доктор нема да остави туку така. Другарка ми е вака како што сме јас и ти со неделите, ја испаничија во Чаир дека ќе треба одма на бебе операција на црева да прават, паники триста, на крај да се испостави во Гак дека тоа е само гомце што стои во цревата. Смири се.
Пиев цела бременост по 2 кафиња на ден ( едно сабајле и едно поручек ), никаков проблем ни јас ни бебе. Само умерено.
Мене после брисеви ми кажуваат стално заради спеклумот дека може да имаш како кафенко, да не се паничам. Фала богу немав последно, ама првиот пат кога отидов бев со кафен исцедок и не прекина после спеклумот туку 5 дена имав. Така да од спеклумот ти е.
Девојки дали некоја се соочила со зголемена количина на плодова вода и колку е опасно тоа? Бременоста ја водам на две места, кај ивф докторот и на гак. Вчера бев кај ивф др. не ми соомна ништо освен нормална количина, бебуш понапреден (цела бременост е една недела понапред) се си беше ок. А на гак денес др ми рече зголемена количина, а бебе одговара на неделата. Иначе на режим сум за шеќерот. Утринскиот ми беше повисок, др е ок. Де боцкам секој ден го контролирам. Дали некоја имала проблем со зголемена плодова , малку ме загрижува.
Обично се јавува при гестациски дијабет. Дали ти имаш? Која недела си? Ма да различно ти кажале двата доктори, ако нешто имало би ти спомнал и ифв докторот. На ГАК што ти рекоа, што се превзема кога е зголемена пл вода?
Имав јас, а шеќерот супер. И скриен правев беше супер. Бебе си е понапред. Внимавав на благо и само на одредено овошје бев.
Без спектрум зима мојата кај трудници. Мојата зима обавезно на почеток на бременост, за ако има нешто да се третира. Во 12 та недела и сега ми зема последни брисеви, што треба да ги имам за пораѓај.
На режим сум, шеќерот на гладно ми е малку повисок, го следам дома мерам веќе 3 недели. 1ч после оброк никогаш не ми надминал 6.6. Ништо посебно не ми рече, на контрола за 3 недели, се си е ок. Ама многу разлика општо во прегледот и во мерките на бебето, а и за плодовата вода не ми спомна докторов ништо, пишал на извештај нормална количина. Стварно незнам