Дури сега читам мама,немам мн.време. Честитки,голема мома да расте.. Лесено и брзо опоравување на тебе,а и како инаку со 3 деца. Живи и здрави сите
Во 12та/13та ми кажа матичната да отидам за Торч и брисеви ама на одмор ќе е и се мислам дали на приватно може да си пуштам торч како иде, брисеви секако може.
Пред да оди на одмор земи си упат зашто да плакаш приватно. Упатот трае месец дена. Јас правев во институт за јавно здравје бесплатно е и трудници не чекаа ред.
А зошто одиш кај толку многу гинеколози? Самото второ или трето мислење ствара конфузија. Секој др.има поинаков апарат, различно толкување и пристап, детето се менува со секој нареден ден итн. Мојот совет ти е да си одбереш 1 доктор на кој му веруваш и да си ја тераш бременоста според тоа тумачење. Вака само се измачуваш
Жени кажете ми се мислам за креветче бебешко за почеток да земам вакво, за да не ми зафаќа многу простор. Дали некоја од вас го има користено, дали е стабилно и до која возраст се користи? Или класично дрвено е подобро? Искуства ваши ме интересираат. Фала однапред
Јас за вакво слично се одлучив да земеме, малку потесна ни е спалната и таман ќе се вклопи. Ако и се допадне после 6 месеци ќе земеме друго поголемо. Со првото зедовме дрвено големо креветче од Либерта мислам се викаше и воопшто нема спиено таму
Зар и овие имаат големини? Во живо не сум ги разгледала, се вака на сајтови вртам и мислев сите се отприлика иста големина, зошто и по цениве тука некаде беа сите. За 25.000 ден не сретнав некое, поголемо. Хм малку е тоа до 6 месеци, мислев барем до 1 година може да се користат овие.
И тоа ако ти се погоди поголемо бебе на 4месеци ќе го надрасне. Имаш транспортни креветчиња со една страна отворено, ист принцип 5.000ден на пи-ки. 100% подобра опција по мене
Mozno sto ne mi e majcin jazik makedonskiot i odamna ne ziveam vo mk ti preci nesto sto ne sum makedonka???