Единствено што ми го крена хемоглобинот е Hemovit Plus. Имав пробано со GlobiFer и Флорадикс но немаше никакво подобрување од нив
Пиеш некакви суплементи за железо? Мене сега последен пат ми беше на долна граница. Сега гледам да внесувам храна која има железо, не земав додаток суплемент, па ќе ќе видам на наредна крвна дали ми е паднато. Инаку си правам смути од цвекло пола, пола лимон и боровинки еден ден, друг ден пијам лимонада па чаша органско какао одма после тоа. Зимам по неколку зрна аронија, брокула јадам еднаш неделно и гледам зелени салати да јадам два пати неделно. Она што ми остана е да купам семе од коприва и да го додавам во храна. Овде членки многу се фалат од семето од коприва помешано со мед, има рецепт на интернет најди и на гладно по една лажичка.
Пијам да железо директ. Од утре ќе земам и јас цвекло, добро ме потсети. Мед почнав пред некој ден да јадам. Пред бременост јадев многу месо, сега многу ретко. Аронијата помага, само некаде читав дека не се препорачува во бременост. Мора да го подобриме хемоглобинот
А зошто не смее аронија? Не сум знаела. Јас по три, четири зрна земам и тоа на неколку дена. Ме замисли сега Инаку да и месо мора да почнеш да внесуваш, барем два пати неделно.
Мајки, ми треба малку утеха… 5+3 сум, имам закажано прво ехо во вторник, ќе бидам 6+2 и се надевам ќе слушнеме срце Ама деновиве имам некои чудни болки, као грчеви во долниот дел од стомакот и ме фаќа малку шубе… Немам исцедок ниту крварење, само болки. Ставам утрогестан и боцкам клексани (од пред трансфер), така што покриена сум со тоа, ама така имам чудно чувство… Втора бременост, ама некако сум заборавила.. Има некоја мама што сме ист период?
Дали знаете no spa во кои аптеки може да има, во жива фарм прашав немаа достапно, а пошто касен преглед другиве се сите затворени..
Здраво на сите идни мамички и мамички, дали некоја има искуство со д-р. Ненад Лазаров околу следење бременост?
Нормални се грчевите за тој период, јас имав доста интензивни од тест па до 9та недела. Спомни на преглед сигурно ќе ти дадат магнезиум во некоја форма, се шири матката не се грижи.
Земав прокопав по нет, ме заинтересира. Реално никаде стриктно не е наведено дека не смее, како за ананас да речеме и папаја. Само има одредени работи за и против, бидејќи е јака за желудник и симнува притисок па не се препорачува за трудници со низок и осетив желудник. Инаку и тие работи што беа наведени како негативни конкретно беа за сок од аронија и тоа ако се испие во поголема количина. Но генерално не се правени некои конкретни истражување за неа во бременост па некои доктори од тие причини велат да се избегне бидејќи немаат доволно податоци. Но скоро секаде беа нагласени бенефите од неа, така да останува на личен избор дали ќе се конзумира или не.
Зс Ти велам одмарај си зашто и мене ми е втора бременост и на почеток бев многу опуштена и со детето,ја кревав и се правев низ дома и во 13та недела добив крварење..и од тогаш одмарам, повеќе лежам итн..
A do koja nedela se osekjavte bez sila? 14 sum i koga sedam ili koga se dvizam naednas ostanuvam bez sila,i odma sakam da legnam,oti ne mozamm na noze da stojam
провери си железо.. мене така ми беше на почетокот 9та 10та недела значи не ми се живееше..станував уморна, сила немав ич.. и проверив железо 2ка ми беше..