Што се случи? Оди на друго мислење и тоа одма не чекај. Малку е нејасно ова што го пишуваш но претпоставувам си во паника. Пиши што ќе направиш Како не им се свиѓа плодот, каков коментар е ова
Девојчиња, да ве прашам.. Вие што не сте од Скопје, дали пренаталните тестови можат да се прават во некоја лабораторија на пример во Охрид или Струга или треба да се доаѓа до Скопје? Ви благодарам
Мене ми земаа крв во ординацијата на матичната. Дојдоа од Скопје и ми земаа, немораш да одиш дирекно кај нив.
Здраво, извинете што се надоврзувам на муабетов, а дали знаете каде во Охрид, Струга можам да испитам скриен шеќер и со колку боцкања е две или три?
Мајка пораѓај таму е ко ваѓање заб. Нишо чудно и да те пратат дома неколку часа после пораѓајот. Ако си на мисла, секогаш можеш да одиш на итна, кажи имам болки, тогаш те ставаат на цтг. Ама неѓа потреба стварно. Јас прво цтг направив на прием на пораѓај, отворена 7 прсти.
Како се справувате со отоци на нозете и стапалата? Немам висок притисок, урината ми е уредна, ама сепак имам отоци. Ставам облоги со ациди борици, но нема некој ефект. Од жешкото мислам уште толку ми отекуваат
Дечки, лигав секрет нормален е во бременост? На бришење забележав секрет буквално како мрсул. Беше бел и немаше ништо кафено, само што не сум забележила до сега па да прашам. Утрогестан ставам еднаш навечер па дали е можно да е од тоа?
Леле само што мислев да пишувам дали некоја има искуство со пораѓај тука по овие земји. Мене првиот ми е царски во Мк и некако и сега сакам повеќе пак така да биде. Иако последно Докторката ме разубедуваше дека природно е подобро да пробам, бабицата ми рече сепак твое тело и како сакаш ти на крај. Со природно мислам ми рече бабицата дека една ноќ ќе седам, е сега ако бидам со царски незнам колку време се седи во болница дали е како во Мк по 4-5 дена незнам. Една познаничка скоро се породи природно и до вечерот ја пуштија дома
После царски престојот зависи индивидуално, ама е 3 дена макс. Само види, таму се пораѓаш и бебето ти го оставаат, никој не ти го зема како во мк за да те одмори малце. Доколку си со царски мораш да имаш придружба со тебе што ќе се грижи за бебето. Природно може да се снајдеш и сама.
Ќе ти се менува исцедокот стално, поготово заради утрогестанот. Некогаш пообилен некогаш белузлав некогаш воден, во глобала ќе се појачува како расте бременоста. Појачај на гаќи или секојдневни, пошо апла помочана ќе си цело време. И да не ставаш утрогестан ќе си, тој дополнително си праи исцедок.
Синоќа ставив и во моментот немав секојдневна, во рок од пола саат буквално како да сум се помочала Само многу језиво чувството поготово трудна кога осеќаш дека нешто ти тече, и цело време трчам да се осигурам дека е од утрогестанот
Да да така е, јас ставам пред спиење, и сабајле коа ќе станам така ми се дешава. Од утрогестанот е, плус и мрсничок е одма се растопува, гледај да лежиш барем саат време од коа ќе ставиш утрогестан. Уште многу ќе трчаш така верувај, еве ме и ден денес исто на секое трчам у вц, хахах.