Од 28ма едни пишува некаде 27ма. Не знам зашто така. Ама на google коа ќе пишеш од 28ма смета 7ми месец.
7ми месец не сетив, го истуркав. Сега осмиов маки мачам. Тежок е третиот триместар, барем за мене. Вториот ми беше најлесен
@Feniksgirl @gwenst јас не знам како да опишам, првиот многу ме болеа јајниците и живеев во голем страв, вториот добро почна, па ме уништиа киселините и многуу повраќав. Сега како да сум подобра и удари мали од бебе осеќам. Потешко ми е наведнувањето и некои активности по дома. Само да помине се добро, па ќе ме фати паника од породување.
Првиот изгледа кај сите е исто. Страв, анксиозност Немаш потреба од паника. Мене сеуште ме нема фатено
Да, ни мене, а од тоа најмногу сум стравувала во животот. Сега сум фокусирана се да е во ред, имам страв постојано во мене дали ќе го износам до крај иако се трудам да сум позитивна.
За грло, стави лажица сол во млака вода и прави гаргара. За нос исто можеш бебе капки за нос оние Оперил Х ли како беа ќе прашаш во зегин бебешките што се. За сила можеш ургент ц или јас дома правев 2 јаболки 2 моркови 1 портокал 1 лимон Лажица сол Малце ѓумбир Се ова во соковник или ако немаш во нутри со малце вода мене ме враќаше од мртви. 3 пати бев болна трудна, веќе 4тиот си отидов на пораѓај со 40ка темп
Кај секој различно,мене ми викаа чекај 2 триместар кесе препородиш,мене сеа маките ми почнаа,нагло ми порасна стомачето,ме влече напред некогаш боли кичма,за спиење почнува тешко вртењето,некој ден лесна ептен како пердув,некој ден едвај од кревет да станам.5 месец,а каде мие 9 месец и искрено страв ме фаќа дал ке издржам.
Пијаш магнезиум? Мене тоа ми олеснува за спиење, барем така мислам Ако немаш, купи си перница за спиење за трудници. Јас се препородив со неа.
Пијам магнезиум,ми зголеми сега 800мг дневно внесувам.Перница земав и јас пред некој ден ми стигна од Лала и топ е сеа малце со неа ми олесни иначе тешко.