Без гајле биди си тогаш. И жештините само ни отежнуваат уште повеќе За среќа јас поминувам без болки во кичма. Само лажни Контракции што ме убиваат. Имаш уште време за уживање. Секој нареден ден и месец има нешто ново и интересно
Кај мене две и повеке влечат.Инаку јас си имам пред бременост проблем со кичма и затоа осеќам потешкотии.Едвај чекам да поминат побрзо месециве
Јас првата бременост абе песна, тек во 30та недела имав мака…сега втора бременост ми е,толку сум уплашена еве 26та недела веќе, само крвни слики правам,секој месец брисеви…ми е страв од контракции итн…бидејќи во првата бременост едвај дотуркав 36та недела, по болници од 30та фатив …
Здраво, дали ја излечи бактеријата? Јас ја имам истата пијам Ампицилин за почеток, колку време ја имаш? Се надевам бргу ќе ја снема
Испив една доза Амоксиклав, сега треба деновиве да проверам уринокултура да видам дали ја снемало (се надевам ја нема ) Инаку од почеток ми се појави некаде 6та недела, за некој ден влегувам во 18та недела. До 12та не примав ништо антибиотик само чаеви, Д мануро, пробиотик оној со брусница и витамин Ц. 13та примив Лендацин во Систина кога ставав серклаж и пак ја имаше после тоа и еве да видам сега со Амоксиклавот дали се решила.
Ти си со близнаци, мислам дека и трет бетер ќе ти е. Сепак се дупло осеќаш, па и поголема тежина две бебиња. Само одмор повеќе и ќе пројде брзо, па кога ќе си ги земеш бебушките во рака ќе заборавиш на се.
Со што спуштате притисок? Јас го носам низок секогаш 100/70 , а сега ми е кренат во нормала 120/80. ( за мене висок) Имам големи главоболки .
Офф никако, б6, јадам нешто со лук што има. Исто ми е, 80/60 цел живот, сега 120/80 мислам ќе умрам. И вака б6, нешто со лукче. И ќе падне. Во глобала не е опасно, само што сме навикнати на низок многу и сеа ова ни е претешко.