Во претходни бремености си ми беше низок константно, стандард како што си го носам… сега се надевам нема да ме мачи цела бременост…
Мене стомакот премногу ми тежи и ми почнаа лажните Контракции кои воопшто не ги сакам Отоци на нозете, несоница, превртување во кревет цела вечер... Забавно
Мене прва ми е, и се ми е паника хахах. Еднаш се исповраќав од толку што ми сметаше… Ама не верувам, мислам и времево влијае. Така да ќе паднат скроз температуриве кај и да е ќе олесни.
Јас па не можам крај да видам од сечењава доле. Значи веќе и магнезиум и што не.. не знам три дена добро после пак исто. Не знам дали и од стомаков е што тежи… а тек трет триместар… од кревет ли нема да станам..
Мила, а кога кивате/кашлате ви се случува ли доле да ве пресечи? Мене вчера ми се случи и се извадив од памет
Можам да потврдам дека со близнаци малку повеќе се осеќаат симптоми, друго стомак што расте вака рано и тоа си тежи. Во споредба со бременост со едно и сега со две, ќе биде потешко и како што поминуваат месеци Мислам дека најтешко ќе е товарот од стомакот Ивф нема улога во бременоста, ни со едно ни со две, не прави разлика да ни е потешко од другите
Можеби треба да пиеш утрогестан? За тие сечењата што ги нарекуваш. Една моја другарка од такви грчеви, цела бременост пиеше утрогестан
Јас кивам од почеток на бременост, секое сабајле без исклучок по 4-5 пати а во текот на денот сигурно уште толку.. Многу ме нервира и ме сече и мене некогаш. Кога сум легната и на страна свртена помалку чувствувам така низ стомакот дур кивам. Пробај така и ти нареден пат
Даа, тоа се кружните лигаменти. Еее уште колку ќе имаш така. Тие се најдосадни, дека се оптегнуваат цело време, во втор се најизразени дека нагло расте стомакот. Не се плаши, магнезиум дупла доза и опуштено. Колку пати на сред спиење кивам леле.. господ го гледам мислам. И поминува. Јас се поднаведнувам кога кивам и не ме боли така.
Ставам вагинално цело време, ферона пијам, магнезиум дупла доза, тродупла со фероната ако бројам. Џабе, никогаш сум немала стомак, и сеа ова ми е мислам од тежината ваљда.. ама пак ич не е пријатно.
Може линк некој дами пратиш ако знаеш некој добар појас,јас прва бременост ми е и нени знам дека има такви појаси
Знам дека инвитрото не е дани биде потешко,еве ти можеш да направиш разлика и со едно и со две како е.Ама мораме да издржиме и да бидеме јаки.
После 30та недела колку често одите на контрола? Јас сум 31ва денес бев и докторот ми рече следно за 1 месец некако многу време ми е како за неделите...
Исто е и кај мене. И јас мислев почесто ќе одам на преглед, ама еве скоро 34та недела, а а сеуште прегледите ми се на месец. Мислам од 36та дека е на една недела за цтг