Браво мајка честитки, живо и здраво да е синчето. Ќе си имаме исто дато за роденден Побрзо опоравување за тебе
Многу паничиш. Смири се малце. Повеќето трудници не ни прават торч во бременост. И да, може да се фати било кога, на пример токсоплазма се добива од мачки, мислам беше ако дојдеш во контакт со измет од мачки (нека ме поправи некој ако грешам) Јас цитомегаловорус прележав во 16 недела бремена со првото, немав ни поим дека е тоа, дознав откако прележав, па еве го синов, 4г здрав прав. Не си стварај непотребни стресови во глава .
Мила, мислам дека се имаш побркано. Точно за инсеминации/ивф бараат тоа што го пишуваш, ама тој е друг панел и е различен од TORCH. Како што пиша Калатеа, TORCH-от е панел испитување на токсоплазма, рубеола, цитомегаловирус и херпес симплекс. Овој не го бараат при ивф/инсеминации и обично некои од докторите го даваат да се испита во прв триместар или после повторувачки спонтани, затоа што ова се инфекции кои може да преминат низ плацентата и да предизвикаат компликации не дај боже кај бебето за време на бременоста или при пораѓај. Секако овие инфекции се многу ретки, за рубеолата повеќето сме вакцинирани така што имаме антитела, ама токсоплазмата најчесто се фаќа од домашни миленичиња (најмногу мачки) и убаво е да се провери за тие што чуваат домашни миленичиња за секој случај иако е преретко.
Za invitro za vaucer baraat infektiven skrining,a Torch nebarale za nisto,osven sam na svoja raka ako si proveris
Да, се збунив, паметот ми отиде на инфективен скрининг, хпв, хепатит и др. Тоа го испитував повеќе пати.
И така даваме стопати крв во бременост ништо не ве кошта ТОРЧ да си пуштите плус е скроз бесплатно за трудници. Не е исто со инфективниот скрининг, забуната доаѓа од тоа што доста матични даваат да испиташ ТОРЧ заедно со ХИВ, хепатит б и ц заедно на еден упат.
Јас зедов од Дм 89ден мислам беше затоа што уште сега ги осеќав суви и перутести за 2 дена во нормала ми се вратија
Па искрено од тоа и се збунив. Последниот пат матичната го спомна торч, па гледаше во документацијата и ми рече си го испитала повеќе пати нема потреба. Затоа мислев дека се’ заедно се испитува.
Да, те сфаќам зашто другарка со ивф исто мислеше да го скокне па си ги разгледа пак документите дека од ТОРЧ нема ништо испитано. На спонтаните бремености никој нема пуштано инфективен скрининг па гинеколозите ги комбинираат на едно одење да е.
Од измет на мачки, ако јадеш живо месо, ако пиеш несварено млеко ( од оние што се варат), ако не миеш овошје и зеленчук.
Не ме разбирај лошо, ама свесна си со паникиве што правиш на бебето? Непотребен стрес. И што и да ти кажеме , треба да знаеш дека сите сме различни. И еве ќе ти кажам, се што си имала во прва може да немаш во втора, а и се што си немала во прва може да имаш во втора. Извини вака што сум директна, ама ако мислиш за доброто на бебето, пред се паниката сведи ја на минимум. Бидејќи секој стрес и паника што ја имаш, ја осеќа бебето.
Добив совет од сестра на гинекологија што раб, на секое туширање со пешкир да се тријам на градите и брадавиците, за да ги приспособам за доење, да не ми се разранувале. Вика со триење , се тргал некој слој што сме го имале и олеснувало после за доење.