Абе до сега се така, ама упте2 месеци здравје нз како ќе се фаќам, страв ми беше да одам да се депилирам какомпд страв така и од бактерии па пак фатив некаде батерија
Јас бев на одмор во 18 недела и да ти кажам најискрено истеравме баш одмор. Многу добро ми дојде, и самиот воздух и водата. Сега сакам пак во септември, бар еден викенд да истераме. Ако ти е уредна бременоста не знам зошто така ти рекла докторката. Па има ли поубаво од море?
Колку што јас знам во втор триместар е дозволено да се бањаш во море, дури некои доктори пливањето го препорачуваат и го нагласуваат за да се прави почесто. Единствено што мислам е дека во базен а малку по ризично од причина што има бактерии, инфекции и поради хлорот не е добро. Инаку за море мислам дека можеш но сепак зависи и каква бременост имаш.
Ова со ставот за одмори не го разбирам Мене гинекологот сам ме праша дали ќе сум го шлапкала бебето во море, ама таа година не отидовме на одмор оти од корона се пазевме. И ко му кажав дека заради тоа нема да одиме ми рече па поубаво корона на море да фатиш отколку дома у стан затворена ама ти си знаеш И 3 години подоцна, уште се чудам зашо не отидовме на море еве
Мене ми рекоа слободно одмор и бањање во море, а базен и езеро не. И општо сите што ги знам е исто, не знам зошто е твојата со таков став..
Зошто езеро не? Езерото има природна филтрација, и не е никако штетно за бремени. Посебно Охридското. Како може да не смееш да се капеш во таква убавина. Секако нема да се капеш во гужва и нечиста вода.
Зашто е слатка вода и затворено а се влеваат разни прљавштини, па посебно во Охрид. Подложни се бактериите на размножување мене вака ми кажа мојата
Не е баш затворена. Да е вештачко се сложувам ,-вака не. Овој период ние Охригани не се капеме и онака. Чекаме мир малце
Ајде и јас да си кажам став во однос на патувањето во бременост. Мислам дека доколку имаш нормална бременост, немаш пречка и најважно е твојот став и опуштеност во однос на море и одмор. На пример јас сум толку перфекционист, што и да отидам во хотел, нема да ги користам нивните пешкири за бришење, храната ќе ја мислам дали е убаво измиена или термички обработена, ќе бегам од сонце да не ми наштети, ќе се плашам во море да влезам Плус самото спремање пакување да имам се што ми треба таму, од лекови и облеки, дремење на граница со саати ќе ми биде огромен стрес. Да не нагласувам дека енергија немам ни за до продавница да отидам. Плус не дај боже нешто да ме здоболи, а да не немам во близина доктор на кој му верувам, мислам психички ќе скренам. Така да се помирив дека оваа година ќе си седам дома, здравје боже одморите нема да ми избегаат понатаму
Езеро никако на слатки води се размножуваат бактерии.И јас бев охрид ама во вода невлегов воопшто.Докторот ми забрани дасе бањам
Жени, нормално е нели одвреме на време благи менструални болки во матката и кичмата? Не се јаки воопшто, ама ги сеќавам. 13+0 сум.
Девојчиња да прашам некаде пишувавте за големини за облека за новороденче и не ми текнува која тема беше.. Јас се побркав врска немам дали треба 52, 56 или 62 и од која големина по колку треба
Јас бев на море во 25 недела и целото тоа искуство многу ме освежи. Секако не правев акробации во вода и не се печев на сонцето, али се што е умерно е добро. Ако имаш уредна бременост, слушај си го телото што ти бара Порано ни пола од ова пазење не го правеле жените па раѓале по 5 здрави деца без проблем
Јас мислам да земам и такви и такви, може ќе треба 56ки ама не знаеш за колку време ќе му се смалат, така да не е лошо и 62ки да си имаме на залиха
Кај мене и постои можност и порано да се роди, односно докторот ми вика 35-36 јас се молам барем до 37 да стигнеме и тоа уште толку ми прави збрка зошто сигурно ќе е малечко ама пак не ми е јасно за кое бројче ќе биде на почеток..
56ки повеќе ме советуваа мене, и по некоја 62ка. Се зависи од бебето. Деугарка се породи пред месец, веќе се префрлени на 62ка зашто големко бебе се роди. Јас 56ки земав и 62ки. Ќе докупам уште нешто 56ки.
52 е за баш баш малечко 56 за до 3 месеци 62 за над 3 месеци Другарка ја роди малата 4кг и 500 гр. па од старт почна со 62ки Секако брзо растат, и да му е малку поголемко брзо ќе го надрасне