Јас во 28ма бев на море. Се капев, само не се сончав. Баш убаво ми дојде. Се сложувам и јас, доколку бременоста е уредна, нема зошто да не си дозволиш патување и одмор
Каде има најголем избор на 56ки за боденца и шпикозни? Онлајн има еден куп 62ки, а 56ки слабо гледам.
Јас од H&M и Зара, до сега се од таму ми е земено. Не можам да одолеам хахах, ќе видам и во Стружанка, и сакаме со маж ми до она генц бебе да одиме, ене кај е Тетово, има вака слатки ствари на нет што гледам. Ама H&M и Зара, преубав памукот.
Најнормално, 25та влагам баш вчера имав. Сеа и во втор триместар нагло расте меше, еден ден ќе станеш со меше хахаха.
Мене од генцбебе вчера ми стигна ќебенце, преубаво и премекано Инаку од Зара многу работи ми се сејвнати, само чекам да почнат да ги носат зимните работи за беблак, сега повеќе летните се сеуште.
Моето дека девојче и земав хеланчиња и боденца хеланчињана несвест да паднеш се и јас чекам зимско, може и Синсеј нешто да се ѕирне хаха, во меѓувреме.
Баш сега ги гледав работите што ми ср купени од различни места, на некои пишува 56 newborn, na други 56 од 1 до 3 месеци, на трети 56 за 1 месец
Да, не смее во затворени води ми рече, меѓу кои и езеро.. Искрено Охридско е преубаво, но секоја година луѓе со осипи, исфрлања по тело и сл. Се бањам секогаш, но трудна не би се бањала
Јас мислам да си најдеш некое хоби да ти бегаат мисли. Си минала критичен период, правиш редовно контроли, одмори ја психата малце. Пази си се, не се напрегнувај физички, избегнувај нервози, ама мора да се опуштиш малце, уште многу недели имаме до крај за анализа на сите најмали нешта. Најдобронамерно, зашто вака почнав и ми влијаеше на се и на односот со маж ми и на социјален живот.
Мислам дека 50ка за прематурчиња обично земаат, снаа ми ги роди две близначиња во 7ми месец во бременост со итен царски. И 50ки му беа големки.
Сите ствари од Зара се... јас за момче изнакупував периодов..фатив и попуст. Ама какви се сите за девојчиња..тешко да одолееш. Доста работи беа и на попуст, ама сега и јас чекам зимната колекција и скафандерите.
Јас уште еднаш и се ставив на мојава докторка, бев да земам упат и влегов да ја видам на 5 минути. Викам ај уште еднаш напрај ми ехо додека сум тука дали стварно е девојче. Psycho much... Ме легна, ми погледна набрзина и вика девојче е бре, еве ти слика од д***ето и ми заокружи со пенкало, само што јас ништо не сфаќам во движење го фати. И така почнав да купувам розеви чорапи (ко за почеток). На 2 скрининг сум за 2 недели, едвај чекам.
Мене Димчев на прв скрининг ми кажа ја може да ви кажам ама тоа ќе е претпоставка, не можам да сум 100% сигурен, да не речете после овој не излажа хахаха. Ние секако одлучивме да не ни кажува пошо правевме нифти и пукавме балонче.
Нас ни рече аха, го гледам што е одма се познава, а после кога седнав да искуца извештај ми рече, а да не ти запишувам, да не речеш утна докторот после. И јас се запнав, неее запишете докторе ве молам Има ли нешто понестрпливо од бремена жена? Не ми е крив докторот, јас сама сум си. Нека е живо и здраво женчево во мене, првите алиштенца му се неутрални накај машки ама тоа е. Може па до втор скрининг ќе смени накај муж пак хахахах.
Ауу ич да не ти е гајле, јас па не гледам ништо розе хахаха, иам и плави земено.. па стварно ако е девојче немора розе да е, и крем едни у машкиот дел беа, мене ептен ми се свиѓаа си ги земав хаха. Ама пак почекај втор скрининг, и јас имам слика од мојава цуца од д***ата хахахах, кај нас и покрај нифти свекорот не верува хахаха, па Димчев ни даде еве вика да му докажете.