Кламидија се открива со брисеви, ќе си побараш да ти направат. Но, не се грижи ако си ја имала кламидијата многу тешко се забременува. А чим си бремена нема место за паника. Исто ме интересира дали сте ставале од канестен кремата. Бев да земам од аптека и ми вика таа дека има за надворешна употреба и за вагинална употреба која се користи во рок од три дена. Не знаев од која да земам.
Кламидијата не се открива со помош на Пап тест. Се прават посебни микробилошки брисеви за неа. Јас ја имав кога бев 16 недела, примав антибиотска терапија, и сега фала богу ја немам. Инаку за кандидата пробајте измивање со камилица, пијте многу јогурт, благо ИЧ...повеќе салати и да се надеваме ќе ја снема. Ако не, кај гинекологот а совет, он ќе Ви даде соодветна терапија, не земајте на своја рака, посебно не во овој период.
Ти благодарам ние сме добри, бебушка исто е добра, сега мака мачиме со грчеви, но и тоа мора да помине. Пораѓајот како пораѓај незнам како помина, царски бев но периодот пред царскиот беше прилично мачен и напорен. Но, кај секого е различно, некои поминуваат со песна, некои се мачат тоа е тоа. Важно се се заврши во најдобар ред Така е силк, си се дружиме си се гушкаме, баш како што ми викаше гирл1985, сега постојано си имам друштво Ветувам дека ќе ве дружам секогаш кога ќе можам, чесен збор никако не ги заборавам феминките кои секој ден беа со мене Јас сум добра, од ден на ден, подобро е. Еве денес 8ден, раната е а не кажам одлична, болки скоро никакви, почнав сосема нормално да се движам, се анведнувам, сеуште ми е тешко клекнувањето, но кај и да е и тоа ќе биде Бебушката е сонце, да не си ја урочам, кенкава е и плаче само кога си има мака од грчеви, инаку си е мирно бебе, си јаде и спие. Да се биде мајка е нешто најубаво на светот, колку и да мислите дека не сте спремни, верувајте не е така, едноставно тоа си доаѓа само од себе, а сите ние сме сосема спремни за да бидеме мајки и да се грижиме за најубавото суштество на светот. Јас многу се плашев како ќе се снајдеме дома , но си фативме ред. Татичко си зема одмор, за да ни помага, па дефинитивно е мнгоу полесно кога се има некој до тебе.
Гледаш дека инстинктот е многу јак. Како ти реков, се ќе си дојде само по себе. Ти само биди смирена. Ова сите вие феминки кои сте бремени и си го чекате вашето мило бебе а се плашите од неискуство, да знаете ама навистина нема потреба од грижа. Верувајте ќе се изненадите од самите вас, колку многу можете. Бидете опуштени и спокојни!
мешенцаа, што правите, добри ли стеее?? Леле јас мислам дека стомакот ми станува секоа ден се поголем и поголем и додека спијам цела се здрвувам, кога ке се свестам колковите и коските на нозете многу ме болат, како некој да бил врз мене легнат цела ноќ. меуу со ова што си го напишала едно 80% ме смири јас многу често размислував како ке биде од кога ке се роди бебето, дали јас ке знам се да правам како што треба оти ова не е некое ново маче или куче (ги имав многу) туку бебе, мало човече што ке зависи од мене. И некогаш ме факаше страв, нормално дека е тоа страв од непознато, оти незнам што како ке биде, исто како што ми е многу страв од породување. Е сега за породување од една страна ми е страв за мене, болки, отварање, шиење, ууу а од друга страна ми е страв за бебето, дане го повредам, дане не направам се како што треба лелееее секакви мисли ми идат, а едвај чекам да го видам и да го гушнам, и да го изнастискам,
И јас често си мислам кога ќе го донесам дома првиот ден што ќе му правам на толкацко човече Кога ќе треба да го бањам да не ми се лизне, да не го повредам додека е кревко? Ама па последна сум од другаркиве со бебе, сите си ги израснаа здрави прави деца, што па јас толку фатена во рацете. Пред некој ден видов една циганка со едвај 18 години, како во крш количка бутка едно бебе, а по нозе и се влече друго бебе малку поголемо и штотуку проодено, и си викам епа Мицика ако овие бебиња преживеале вака, па твоето ли нема да израсне?
колку повеќе ми расте мешето толку повеќе се отежнувам мене рамената ме болат пошто нели на страна спиеме али некогаш заборавам и си спијам на грб и после едвај дишам. Иначе да ви се пофалам вчера бевме во џамбо и за прв пат со мажот ми ги купивме првите алишта за бебчето многу бев возбудена и изгубена меѓу толку алишта за деца и играчки ми доагаше се да купам Вие кога за првпат почнавте да купувате јас сум 7 месец. поздрав до сите
и јас баш вчера му викам на мажево некако стомакот наеднаш ми порасна досега како да не бев баш бремена, сега почна баш да се обликува и тој ми вели ми личел на легната лубеница а исто забележувам дека и почнува да ми тежи нанапред некако... во однос на спиењето јас немам ич мака , фала богу, спијам на страна, и тоа најчесто на десна, а на грб нема шанса,никогаш така немам спиено а сега пак уште помалку мене искрено не мие воопшто страв ни за породувањето ни за доаѓањето дома со бебенцето, за понатака ке видиме, еххех и јас кога ке видам некоја малечка со бебе, си викам штом може таа можам и јас, не сум ништо понеспособна... само едвај чекам да дојде јануари
Не се секирајте труднички само да ви кажам дека потоа ке се ослободите , ке немате страв во случај за бањање , држење итн , јас исто така си мислев леле како ке ја држам во раце да не ми падне да не ја стиснам многу итн ама се е навика а и инстиктот мајчински работи ама за мм не беше така тој дека и си е таков се нешто се плашеше , и кога требаше да ја бањаме прв пат , детето го ставивме во вода и почна некако да плаче дали се исплаши и мм почна да се тресе што да ви кажам пребледе лелеееее неможам неможам , како ме тогаш ама сега кога ке се сетам смешно ми е
Здраво идни мамички еве и јас ви се придружувам во форумот да си муабетиме.Сега сум во 8ма г.н. и да ви кажам супер се чувствувам.Пресреќна сум што сум си бремена и што во мене има едно мало мало човече. Ви го читам муабетот од почетокот на темата и мноогу ми се свиѓа што денот ви почнува и завршува со споделување на настаните и чувствата на милите идни мамички некои со стомачиња некои сеуште без стомачиња како мене Од денес и јас ке си споделувам се со вас што се однесува на бременоста и ќе бидам колку можам почесто прсутна да ве поздравувам
И јас се плашев како и што ќе биде кога ќе си дојдеме дома, дали ќе знам да препознаам зошто плаче, што сака... но тоа си доаѓа толку природно, а и додуша или и се јаде или има грчеви, или е покакано. Така да место за паника дефинитивно нема. Ние мајките , знаеме СЕ Кога ќе дојде време за пораѓање, сконцентрирај се на тој момент, до тогаш психички припремај се. Бебето нема да го повредиш има д-р кои ќе те следат, па ако постои опасност за било што, веднаш ќе превземат нешто. Така да тој страв целосно исклучи си го од глава. Да сте здрави и живи до тогаш, со лесно да стасате до таму, тоа е најважно. За маче -куче и јас така си викав, нема да е животно, и не е, но инстинктите се тие , баш животински Кога си е гладно си реагира, кога има болка реагира, само треба да се следи и да се потруди човек да ги распознае. Распознавањето е многу лесно, само треба да се сака
broime sitno,neli volku pomina ke izdrzime uste malku. edvaj cekam i brojam ,ovie denovi nikako da se smiri samo ripka vo meseto,a naprotiv poslednite denovi treba da e pogolemo i da bide pomirno,mislem deka rebrata mi gi iskrsi
Те цитирам оти сум иста ко тебе мојте другарки т.е нашето друштво со мм што го имаме не само по едно туку по две деца имаат се то тоа дури сме ние заедно а ние никако не се решававме и сега си викам ко можат тие можам и јас не сум ништо понеспособна и сите дури сме од други градови дојдени а и плус од деверицата првото дете што се вика го изгледав јас оти секој ден бевме заедно и се му помагав а тој е најстар од сите деца значи другиве се после него и на некој начин ги имам гледано и сега си викам нема што да се плашам
мешенца денес за прв пат почуствував дека навистина било тешко трудниците да работат по цел ден. Бев излезена од 17часот и пешачев до кај 21часот, низ продавници, па на панаѓур завршив, на крај си дојдов дома само оставив стварите па пак излегов, и како што одев наеднаш ми се стресија нозете, ми се исуши устата, и така жешка пот ме обли, почна да ми се магли во главата и силата ја изгубив, едвај некако отидов до кај тетка ми, седнав кај неа и веднаш кока кола се напив, вакво нешто прв пат во животот ми се случи, изгледа многу се изморив, а оти бев возбудена не сум осетила дека треба да седнам. и сега си одмарам ама па ме боли стомакот, пак околу папчето како пред некоја недела што ме болеше папчето , и така јас си се пожалив ама ако не ви кажам вас нема на кој, другите сите многу паничат и не сакам да ги плашам. Убаво да си спиете со бебињата во мешињата, и вие што си ги родивте убаво да си спиете со бебињата до вас
Сењорита Ломбарди нормално е дека ќе ти снемува сила па во поодмината бременост си и треба да внимаваш.Пешачи ама и одмарај прави го тоа со паузи да не ти ојде напорно.Јас уште сега го губам здивот на кратки релации, можеби е и од тоа што не пешачам редовно.Ти како на панаѓур во Кавадарци да не оди? Да си кажам и јас бебушот многу се растропа само мрда уште пред една недела го осеќам .а јас денес како некоја стара баба стана се држам за половината имам многу болки лошо сум спала.Времето какво е тмурно ич не ми се работи , мрза ме фаќа, ама морам да станам сакала неќела морам да станам.Вчера ги вади зимните алишта и го прередува плакарот,денес ќе чистам оти викендот правиме зимници и собата ми е хаос. Поздрав и до Зајче и имај лесна бременост
Добро утро или добар ден мешенца. Како сте денес на ова тмурно и есенско време? Јас синоќа не можев да спијам некако ме болеше под десната града,не знам како да објаснам, кога издишувам и вдишувам осеќам ме боли, дали сум измрзнала пак некаде и така се разбудив сабајле и пак ме болеше Којзнае пак сега што е ова, оххх раат да се немало, едно ќе помине па друго ќе се јави
И прв пат кога фатив дете в рака да го искапам не ми беше страв. Имам богато искуство така да нема да се потресам при чинот.. Не само тоа, големо олеснување ми е искуството во домот за доенчиња, таму научив скоро се што е потребно да се знае , еден вид мајчина школа. Прашање до вас, дали е непријатно чувството кога го доите вашето бебе ?! За првородки имам слушано дека имале проблем. Нека звучи колку сака чудно ама имам чувствителни брадавици па сум загрижена Најголем страв ми е дека несакајќи ќе го одбијам. Знам дека ептен избрзувам со плановите, ама ја гледам и свекрва ми идна и народот таму се големи гушкала, ај некој совет да не ми го тормозат бебето, како да заобиколам а сепак јасно да се изјаснам дека бакнување, многу многу нема а да не се навредат ? Мамички ...совет ?
^ Цел 9ти месец мачкај се со ланолин маст, за да ти ги омекни пупките, да не ти се направат рани/рагади кога ќе почне да цица малото. Така ќе бидеш спремна од физички аспект. Непријатно е само на почетокот, затоа што 40 дена матката ти контрахира и се собира, а со цицањето тој процес се интензивира (затоа и велат дека, колку што е добро за бебето, толку е добро и за мајката да дои, заради побрзо собирање на матката, помеѓу другото). Во секој случај, немаш потреба од предвремен страв ВООПШТО, по кратко време ќе увидиш дека тие моменти ќе ти бидат незаменливи и нема да осеќаш никаква нелагодност За гушкањето - па објасни како со гушкањето секоја бактерија и вирус што ја носат во себе ќе му ја префрлат на бебето, и прашај ги дали би сакале внукот/а од мало да се бори со болести? Ваљда ќе кажат не