Нормално. Мојава е со глава доле и се таму си ика. Па ако не сум седната или легната како треба, се поднаместувам.
Не знам зошто ти рекла НЕ за море, мене на пример ми викаше да не се бањам во езеро и базени а за на море ми даде пред 2г зелено светло. Јас секако не се сончам и сум со 50 фактор и не трпам мокри купаќи. Ти ќе влезеш ке си се бањаш пример 1 час, ќе си излезеш ќе си тркнеш до соба, туш еден и ќе си се опуштиш во кревет во период од 12 до 4, а за пред тоа ако се бањаш во море, секоја плажа би требало да има тушеви и соблекувални и ќе се средиш со суви купаќи.
Можам да претпоставам која и е матична по муабетиве. Само моиве докторки ме тераат да идам на одмор, а јас си седам. Сега и да сакам веќе шанси нема. Ќе треба да се пораѓам на некоја плажа
А, тука пак мене ми предлагаат да одам во базен за да бидам физички активна. Кога и шеќерот дознав дека ми е на граница прво тие ми рекоа што сакаш да возиш велосипед, шеташ или да одиш на базен. Јас секако одбив хаха.
За колку време ви го снемало исцедокот после прогестерон депо? Немам како прегеска, ама сепак сеуште не е исчезнато, сега ептен светла кафена боја е, дури незабележителна. Сега дури ми е страв да ставам утрогестан, да не го разлутам пак .
Нема да го разлутиш, јас ставав утрогестан дур имав исцедок, и за 3-4 дена прекина. Не се секирај ништо нема да влошиш.
Знам дека тука има искусни мајки па ќе прашам и тука. Најдов меченце како крзнено за зимно време, како скафандерче. Е сега ме мислат броевите, има од 1-2 месеци и од 2 -4.. Бебе треба да се роди средина, крај на декември. Кое бројче да го земам?
Не се става доле утрогестан додека имаш исцедок, се пие додека не прекине. Мене така ми препорачаа и така правев.
Мене баш напротив, ми зголеми доза вагинално и тоа, за уште подобро да дејствува. И тоа сите доктори исто ми рекоа.
Незнам како на ова време од 40 степени јас настинав. Носот затнат и кивам. Толку само ама ме мачи. Само витамин ц сум напиена
Затната сум веке една недела цела,и се тестирав и испаднав ковид позитивна,неми дадоа антибиотик само витамини спреј за нос и пастили за лижење.Има многу ковид да знаеш,можно и тоа да ти е
Исто и мене ми рекоја вагинално. Навечер пред легнување, или откако ќе ставам да лежам пола саат, саат.
Јас преку еден ден примав прогестерон депо и утрогестан сабајле вечер од 5 до 15 недела крварев имав хематом.Чим се е во ред и нема крварење во матката,не се грижи ќе запре.
Жени дали одевте на заболекар во 8ма недела и ви ставале лек??? Имам болка а ми е страв да одам да не направам некој проблем со бебето
А во Cm нема колку се? 1-2 ќе ти го смали одма. Ја би земала 2-4, зошто и брзо растат, а јан и февруари ти се поладни месеци... Тоа 2-4 неносено нема да остане...
Од 1-2 56 пишува. Ваљда тоа е тоа не знам. Многу чудно вака ич нема да се изнаноси од 1 до 2, а па тоа од 2 до 4 се мислам да не и е многу големо првите месеци. Зависи колкаво ќе се роди хаха. Иако докторкава ми вика понапредно е и долги нозе има хмм.