Фала ти мила. Колку ми беше стресно ова прво тромесечие, сѐ надевам второто ќе биде подобро и нема да се повтори ова пак, оти стварно вади од памет.
Не се секирај, пречеста појава е кафен исцедок во првиот триместар. Секоја втора има ако не и секоја. Еве јас дури два пати и да престресно е. И сите утрогестан примаме еве јас 25та уште примам, заради болки што имав. Ми рекоа до 28ма па ќе видиме, да ми речат да го прекинам нема да знам да се понашам.. жими се некако веќе и навика. Али помага, тоа е најбитно.
Која недела си? Пиј барем фемибион тој има метилфолат ама 0.2 , подобро отколку ич. Сега видов дека не можеш со јод. Во фемибион има
Би требало да ги пиеш секој ден, но не значи дека неколку дена ако не примаш ќе стане нешто. Сепак тие се за превентивна. Не знам од кај си, но ако има некоја аптека таму што работи со достава, нарачај си. Гледај во меѓувреме јади храна која е богата со фолна, мислам брокулата е, авокадо, просурфај на нет што најмногу содржи.
35+1 денес во 9ти сум Ќе купам денес, по комшинка една ќе ми земе Пијам само метил фолат 1000 И еутироксот само
Не знаев Ќе треба да земам и клексани и доста Еххх колку сум нервозна и стресна и исплашена некако се ми се собра
Немој мила, ете готово при крај си веќе, за брзо ќе се запознаете со бебуш. Разбирам ти била стресна бременоста, ама барем сега на крајот пробај да останеш смирена, барем за тоа бебенце што ти е во меше, знаеш дека сѐ осеќаат. Ќе биде сѐ во ред, за брзо ќе си го држеш во раце.
Вие што одевте на Гак за втор скрининг или 4д како поминавте, се почитува ли термин, доктор прегледува или некој специјализант и во која недела бевте ?
Доктор прегледува, кој ќе ти се падне. Си влагаш по ред, ама се касни пошо џабе пишува од 8 термин од 8 и пол почнуваат. Јас во 8 имав термин во 8 и 50 влегов зашто таман дојде докторката, отиде на визита. Епа замисли тие после мене. Ама доктор прегледува тоа да бидеш сигурна, мене Ана Данева ми се падна и презадоволна сум, 30 минути ме гледаше и објаснува до детал, само понеделник е она на распоред од сабајле.
Кој фактор да го земам за на одмор? Добар ли е овој бекутан фемили 50ка? Или подобро каротен да барам на попуст. Или блек ап?
Ова малово ко звезда многу тешко се размачкува да знаеш. Има бела ко креда да бидеш хаха. А за прскалкава не знам, јас на нивеа детско земав. Не изгорев, ама не се ни изложував на сонце, и маж ми го мачкаше он се печеше и не изгоре.
Јас го користам цело лето од Каротен 50спф, детскиот. Не изгорев воопшто и покрај што сум многу светла, а и се изложувам на сонце.
Здраво девојки, Јас повторно после 2 години во темава. На сите ви посакувам лесна и убава бррменост ❤ Имам прашање, матичната ми кажа дека на ГАК немало термини за прв скрининг..па таа ќе ми видела мерки и со истите да одам на ГАК за приска.. Дали тоа беше случај и кај вас што сте поминале прв скрининг или сепак да закажам ремедика/систина... Ви благодарам
Фала душо Господ здравје да ти даде, кога прочитав се солзи ми идат, така некако ми дојде тешко и мило само што спомна ниту ме знаеш да направиш услуга Еве комшиката после работа ќе ми земе Се погоди овие денови никој да имам блиску да ми земе а и мм не е тука Како си ти Мене се спуштил стомакот доста доле Дали ќе го дочекам терминот незнам Овие денови сум по доктори анализи Матичната ми е до 20 на одмор уште неможам да почнам со цтг додека се врати да земам упат
Јас четврток влегувам во 36 та. Да и пишам на др на Гак што како. Она ќе иде на одмор, ама ме предаде на друга др, ако има нешто да ја барам неа. Јас незнам да проценам што е спуштено До крај на неделава ќе идам на преглед сигурно. И јас мислам дека тешко ќе издржам до термин, али никад се незна. Само знам дека се потешко и потешко ми е. Преку ноќ ми стана многу тешко. А до пред два дена бев како со моторче во мене.
Незнам што ми е ама денес толку сум некако нервозна тажна Дали дека и се доближува крај а не спремив уште ништо Со првото беше така полесно ама сега некако се до крај, и од кога ми рекоа за бубрегот на бебето се некако се обвинувам себеси да не направив јас нешто Ајде да не сум негативна многу и да ти ја ширам негативата Како си ти Која недела си
Те читав за бубрегот на бебе. Прочитав дека и на друга членка така и кажале ама дека не било ништо сериозно. Ќе видеш дека бебе ќе биде добро, само немој да се обвинуваш себе си, ти не си внатре во меше и неможеш да знаеш што/како се случува. Од тебе се очекува само да си пиеш која и да ти дале терапија и да останеш смирена барем на крајот сега. Ајде сѐ издржа па за уште 2-3 недели. Добра сум јас, 13+3 сум. Незнам дали си ме читала имав кафен исцедок во 11та, ама прекина за неполни 24ч, ама еве сега во 13та пак ми се појави, ми траеше до вчера минимално, денеска гледам нема ништо. Бебуш е супер, што ме смирува. Заклучивме дека е од постелката, дека е доле. Пак проверивме нема никаков хематом, нема никакво крварење внатре(фала му на Бога), нема ништо на ехо. Како и да е, и мене првиот триместар поготово сега кон крајот ми беше стресен ама еве гледам да бидам опуштена колку што можам за бебево во стомак. Ќе биде во ред кај сите, те гушкам