Девојки со поодмината бременост...како се носите со 'лажни'/ Braxton Hicks контракции? Вчера и денес штом почнам да се движам ми започнуваат грчеви/стврднување на стомак ..и така секој пат...при седење и лежење сум ок засега. Имате ли слично искуство?
Кога ми земаа бриаеви во 12та баш ми кажа докторката да очекувам исцедок дури и ако сум немала претходно од пап и брисеви пошо сега грлото на матката и вагинални ѕидови се поосетливи и имаат поголем доток на крв, така што има логика дека кога физички ги допираш имаш исцедок. Каротен 50ка за деца го препорачувам кај стасам, 3 години по ред само него го земам, немам ни најмало црвенило, а сум доста бела и многу време минам во вода.
Јас сум 35та недела. Ги имам месец дена уназад. Не можам да ги поднесам Толку неудобни, посебно во одење. Некогаш не ми се смируваат ни во лежење. Некогаш без здив ме оставаат. И јас сама не знам како да си помогнам, гледам да сменам положба, а ако сум во движење барам некаде да потседнам Има денови кога од нив не можам да завршам ниедна обврска, од што не можам да движам. Но, се додека се безболни, не паничам
Оф леле, иста мака навистина се многу непријатни. Јас тек крај на неделава сум на контрола, па да ми потврдат дека се е ок... Ти дали си се консултирала со гинеколог во скоро време на темава?
Зборував со матичниот пред 2 недели кога бев на контрола. Ми рече дека Контракциите се предизвикани од бебето. Ми рече ако е само стврднување на стомак, без никаква болка во половина, долен дел на стомак, да не му ја мислам ич. Така да, без гајле биди си. Ќе истуркаме уште малку
Истото сакав да го прашувам, 34+3 сум и нонстоп ги имам. И во седење и кога лежам ќе ме фатат и најчесто поминуваат со промена на положба ама непријатни се. Во четврток сум на контрола и ќе прашувам дали е нормално, доста непријатни се и чести. Плус бебче ме притиска оваа недела многу ниско и само во тоалет сум. Кога одам осеќам толку нелагодност како да ме влече надолу и одам како шатка. Мислам одеднаш ми порасна меше.
Моето ме искина од мавање и превртување, ваљда од тоа е секоја чест како цел месец се носиш со тоа, јас 2 дена и полудев
И моето, се тегни цело време. Мислам ќе ми направи дупка Ова се припреми а и добра прилика за да вежбаме дишење хахаха
Јас сум 32 + 3 и се осеќам исто како што опиша. И тоа нагло почнаа контракцииве. Знам дека најверојатно не е страшно ама не можам да не ги мислам кога се нон стоп со лесно до четврток!
Исто имам и јас при движење, кога лежам само немам. Пијам два пати по 400 мг магнезиум, гледам да не се движам премногу. Многу незгодно ги осеќам, како да ќе ми прсне стомакот, цел ми се здрвува, едвај се движам. Не знам колку е нормално и колку често треба да ги осеќам.
Според тоа што читав, се додека не се болни и во редовен интервал се ОК. Ама ако овие лажниве што ги имам јас не се страшни, не знам што ќе биде со вистинските
Јас денес бев на контрола кај матичниот, измеѓу контрола одам и как друга докторка онака на преглед дур чекам да ми разминат лоши мисли дали е се во ред да каже и да сум мирна Пред некој ден бев кај докторката кажа 90% е женско, денес кај матичниот го прашувам и вели па ти кажав претходниот да велам ама не бевте сигурен вели абе еве го се гледа машко е сигурно како што кажав а чекав да потврди тоа што кажа докторката за да се фалам и сега уште не знам што носам сигурно. Најважно од се ми е што е се како што треба се развива добро мерките се добри,па здравје кога ќе знам сигурно ќе ви кажам и вас да ме обоите таму во темата Друг случај како мене не верувам да има
Да не се 2 бебиња? Хахахха Која недела си? Мене во 16та сигурно ми кажа за пол. Дотогаш сменуваше на секој преглед
Jas sum 26 + 5 denes I imam 2 dena menstrualni bolki I 2 grca I eve si dojdov vo cair da me pregledaat ako sedam doma samo na toa mislam I na nervna baza ne mi e dobro