Ви се има ли случено промени кај срцевата акција? Докторката рече сѐ е во ред, се што е од 120 до 180 е во ред, ама дека мене ми се движеше од 160 па нагоре денеска ме зачуди дека беше 135. Инаку секој преглед ми е различно.
Обично и машките имаат помалку од 140, не секое ама повеќето. На почетокот им чука позабрзано и на нив се развива највеќе првите 3 месеци. Не се секирај, плус знаеш како иде со мерење кај нас, утре па друго ќе ти кажат. Не се ослонувај на тоа.
Да и како што гледам мерките не се исти никогаш, во саботата одговараше точно за неделата, денеска си одговараше за 14+0, а јас сум 13+4 денес. Не се секирам мила за срцевата дека е во рамки на нормала, ама сепак знаеш женски ум мораш да прашаш.
Леле ме нервираат со такви коментари. Мене воопшто не ми прави проблем за тоа. Јас имав како некое стегање долу во мускулите/лигаментите и ми беше во мисла. Па му реков да ми го измери за секој случај.
Оххх и ти ли си со клексани и тоа по 2 на ден Бог да ни е на помош Јас купив денес влошки мрежасти за мене, памперс бр.1 едно пакување, павличева, влажни Што знам да не се породам порано а 35+3 сум Дај Боже да тераме до таму после 38ма Бев за штитната на преглед само упат ми дава за вадење анализи А утре здравје д димери хемостаза штитна крвна слика урина железо А немам клексани Ќе купам уште 3 до 16ти да одам кај Јани Ти кај кого одиш за клексани И зошто примаш по 2 на ден Која недела си?
Нормално е да биде така На ептен почетокот 5-6 недела кога и почнува срцевата акција е многу мала 90-100bpm. Како прогресира бременоста, најчесто 9-10 недела срцевата акција расте и знае да достигне и до 170-190bpm. Ова се случува заради рапидното растење на плодот и автомомниот нервниот систем кој уште се развива и не е целосно регулиран. Негде 12-14 недела почнува да се стабилизира и обично се движи од 120 до 160bpm. Оваа промена се должи на тоа дека автономниот нервниот систем созрева и срцевата акција е подобро регулирана од вагус нервот, кој ја успорува. Во трет триместер може да има благи варијации али горе дело тоа е срцевата акција Растењето на плодчето иде скалесто, не е линеарно секој ден . Може неколку дена да стагнира во должина, па одеднаш да порасне повеќе.
Имам мутации и јас, со историја 3 спонтани. Имам една успешна бременост благодарение на клексаните и тогаш се боцкав по 2 пати на ден. Инаку одев кај др Јани и јас и првата бременост ми беше водена во Мк. Немав тогаш проблем со Ддимери туку со скратени времиња. Сега сум во странство и се е поразлично. Клексани исто боцкам бидејќи Јани ми рече веднаш од позитивен тест, додека тука воопшто не ни беше јасно и не ги прифаќаат. Сакаа во 7ми месец да ми ги прекинат на лепи очи што се вика. Бев упорна дека јас ќе си продолжам да боцкам и неможат ништо да ми гарантираат. Решиа да ми прават некои крвни анализи, некои антитела и дури после 2 месеци излегоа резултати и ми најдоа нешто во крвта и ми рекоа добро што сум примала инекциите инаку можело и нешто лошо да се случи недај Боже. Денес ми се јавиа и ми рекоа дека малце ми биле клексаните и да пијам и апчиња Уште не ги зедов ама мислам дека се некој вид на Аспирин. Мене стварно ништо не ми е јасно, во Мк го прекинуваат во големите недели јас допрва да пијам. Инаку од петок сум 35 недела.
Devojki beev na pregled odma stom stignav doma, i fala na gospod bebus e vo red, bolkite rece ti se ili od carskiot deka sega se sirit matkata a mestoto ne e celosno zazdraveno ili nesto urinarno zatoa utre ke si pram urinokultura… fala vi na site za podrskata
А кој ти се мутациите ако не ти е мачно да ги пишеш. Јас имам 4 Од кој една од нив знам дека треба метил фолат од 1000 да пијам секој ден другите незнам Имам едно родено со 37 клексани на крај на бременост заради високи д димери и ниски времиња Лани имав спонтан во 6та недела Оваа година од 7ма недела примав 2 месеци клексани па ми ги стопираа и после пак почнав да ги примам заради исти причини високи д димери и ниски времиња А во меѓувреме незнам дали ме читаше во 33та недела видоа на ехо дека бебето има проблем со бубрегот зголемен не се празнува, се ми е страв да не е нешто поврзано со паузата на клексани или дека оваа бременост не пијам мултивитамини труднички дека сум со хипо хаши штитна и ми забранија заради јодот во сите витамини А за клексани во странство да никој скоро ниту ги бараат Еве сестра ми има 4 родено никогаш не примаше ниту и бараа резултати од нив Како се снаоѓаш таму за рефундирање боцкање? Тука сме блиску со неделите Уште малце да издржиме Се заради нив да бидат само добри Јас толку сум исплашена за бебето и толку ми е тешко неможам да опишам
Здраво девојки. Вие што земате плата преку фонд, ве исплатија ли месецов? Исто и за клексани, дали ви рефундираа? Колку знаат да закаснат?! Трошоци се собираат за витамини, прегледи, клексани, овие никаде ги нема.
Здраво! Дали почитувавте од оние митовите за бременоста, зошто сум слушнала нешто за мачки има ама не знаѓ точно што е а јас 4 си чувам и нешто знам имаше за прескокнување јаже или црево или како беше?
Ништо такво, глупости. Не ни знам многу митови, ама нормално си функционирам, не ме ни интересираат. За мачки знам има ризик од паразитска болест да се добие во бременост, а митови не знам.
Бидејќи јас правев тест за ддмери и хемостаза на трансфузиологоја и толку, само ми дадоа резултати, нит мислење од трансфузиолог ни ништо...ги виде мат.гинеколог и тоа беше се..значи откако ќе земам резултати всушност треба да барам термин др.Јани да ги види?
Што ти рече гин. ? Која недела си? Незнам какви ти се рез. Инаку кај Јани највеќе го бараат, а тој е во понеделник на работа тој ден го фаќам терминот
Ништо такво немаше, само резултат со реф.вредности за стандард пациенти (не за трудници). И тоа ги добив после 7 дена со молење и барање врски тоа пред месец дена. Утре одам пак (со упат од ГАК) па затоа прашувам.