Не е мит дека не треба да им го чистиш песокот на мачките, факт за превенција на токсоплазмоза е. Пошто живееш со 4, се надевам направи или ќе направиш ТОРЧ во 12та недела. Другото се глупости.
Здраво Бремена сум 18 недела, последните 5 дена осеќам како болка, или грчеви,незнам како да го објаснам на левата страна на стомакот, по 5 6 пати на ден,како наеднаш да ме стега и отпушта,и после некое време пак. Дали ви се случило на некоја ова, што може да е ? Многу се плашам, за првпат ќе станам мајка, а претходно имав спонтан во 10 недела.
Леле смешка сум цела Читам “ да им го чистиш папокот на мачките” Читам два пати пак Папок Стојам и се чудам додека прочитав 3 пат остај што заборавам по цел ден како риба хахаха почнав и да не читам инаку имам три дворски мачки не ги чепкам воопшто. Е дома си имам малтезер неумен, па се мислам како ќе реагира на бебе некоја со малтезер?
И јас читав за познавање пол по срце, ама со другарка со исти откуцаи имаме различен пол бебиња така да нема врска
Жени од сношти ме мачат мисли....Што ако бебето во мене не е повеќе живо....Само тоа ме мачи дали срцето му чука дали е в ред...Како да ги победам овие мисли....Знаци симптоми некои ако ова е вистина дали има??
Те молам да се стабилизираш и да тргнеш овие мисли. Во период кога бебе ти се оформува, вакви црни мисли и стресови не ти требаат.
Да ти кажам од 36та па натаму веќе не е ни страшно и да почне процес на породување. Мене тука бабицата ми рече и од 34та ако почне нема да го стопираме ќе породуваме. Е сега секако поубаво е колку може повеќе во меше да си биде. Инаку ќе ги ставам во спојлер моите мутации јас многу не ги разбирам ама имам и јас повеќе. Пијам и јас метилирана фолна и метил б12. Клексаните за жал неможам да ги рефундирам ама добро само за убаво нека биде. Инаку чудни се тука во странство, ама не секогаш се во право. Еве мене можеа глупост да ми направат ако ги послушав. Сега допрва аспирин ми даваат да пијам плус Да те читав и ти имам реплицирано, знам дека е стресно за една мајка ама како што знам и Димчев ти имаше кажано дека не е страшно. Колку можеш опушти се, тука на ехо едвај и гледаат и немам појма ништо. А плус колку лошо се гледа на ехото исто како кај мојот матичен во Мк Спојлер: Мутации
Да те утешам од петок сум 35та недела и немам ниту една слика од бебушка. Единствено од Ремедика од првиот скрининг. А, да не ти кажувам колку лошо се гледа на ехото тука неможам ништо да видам. Се сеќавам за првото во Мк па убаво се гледаше бе бебе, тука не. Пред еден месец побарав дали може поубаво да се види 3D или незнам ни јас како...само добив одговор не веќе е касно
Психата е многу важна во било кој сегмент од животот. Нормално е да се сеќираш за бебето и нас во разни фази ни проаѓале разни мисли, прво дали се фатило, па стрес дали расте бета, па ајде срцева реакција, па дај да помине критичен прв триместар, па идат пренатални, скрининзи дали ќе биде се во ред, па при крај ај да додржиме до 9 месец, па дали мрда често итн. Имаш пред тебе цела бременост и ако волку црно мислиш ќе скренеш психички. Верба дека се ќе биде ок, замислувај се во иднина како ќе се гушкате, сврти си ги мислите со нешто што те релаксира. Оди гледај бебешки работи, па и купи нешто, ќе се стопиш гледај ги алиштенцата само. Биди со луѓе, читај книги, ќе биде се во ред ќе видиш. Сфати какви ти се мислите таков ќе ти биде животот и бебето осеќа се да знаеш, така да стрес не му посакуваш верувам не е страшно да ти пројде мисла, со психата сите си имаме проблем во бременост, хормоните влијаат, но не и да ти трае тоа и да те окупира целосно.
Можеш упат и од општ матичен лекар да земеш не мора гинеколог, со шифра бременост е бесплатно и за хив и хепатит.