Гинекологот ми даде упат мене. По некоја логика би требало и општ матичен да може ама не знам, немам искуство. Нека каже некоја феминка доколку е упатена.
Е сеа да полуди човек… не знам сега шро да мислам, ќе и кажам да ми даде… не сакам да не испитам. Гледам сите испитуваат, сакам да сум раат.
Те разбирам. Мене ме караше и разубедуваше , ама џабе..инсистирав. И ова моево не е ок, ама не бев мирна.
Амоксиклав на крај и ја снема. Предходно пиев брусница, вода доста и Д-мануро ама не мрдна од милион единици никако..
Имам искуство и со такво и со такво. Тоа како на чарли се расклати одма( ако е со нишање) квичеше, па го прицврстивме, џабе некако место многу зафаќаше. А преносното шушка кога се користи секојдневно многу нервира а и за повисоко ниво некако е безвезе. На патување да. За дома не
Повеќето се до 15кг, помалиот е 14+кг ама се качуваат двајцата во креветчето секое сабајле и скокаат како луди, не е мрднато. Еве сега купив уште едно за бебево, дрвено креветче никогаш повторно не би купила.
Дали можеш ако имаш слика да ставиш какво имаш купено? За првото зедовме дрвено абе воопшто нема спиено таму, сега не сме во Мк и се мислам какво да земам. Сакав прво од овие транспортни што се докај 9кг, ем ни е помала спалната и да видиме дали ќе се научи таму да спие.
Спојлер Ова прво го земавме, а сега земав исто на Чиполино само без додатоци. Креветче и душек. Тоа што не спие во креветче веројатно е до детето ама во секој случај транспортните се побезбедни. Еве го и ова кој модел е, сега го сликав не ми е распакувано уште. Спојлер
Да. И мене ми беше објаснето дека за оваа анализа треба да се има индикација и да се води првично според ехото. Ако бебе добро се развива, ако има соодетен проток во папочната врвца, ако постелката е добра нема зашто да се испитува. Ама јас бев иста како ти, се секирав да не се пропушти нешто и се прашував зошто сите да испитуваат а не јас и инсистирав на упат Компликацијата беше тоа што обично мат.гинеколог издаваше упат за 8 септември но сега таму нема доктор и единствениот пат е преку трансфузиологија. Мојата матична не можеше да издаде упат за транфузиологија па ми даде упат за ГАК, па од таму добив преглед па упат за трансфузиологија. На крај резултатите беа добри фала богу Види дали твојата може да издаде упат за трансфузиологија, ако не направи си на приватно, во Биотек ддмери се 900 ден.(без хемостаза) но треба да е доволна анализа за старт.
Зошто интернист би издавал само… Мене ми даде матичниот гинеколог, а приметив имаше шифра за Торч - препорака за боледување.
Пред една недела земав и истиот ден испитав, нема шанси таа измена да им е за толку кратко. Ако така отиди кај било кој интернист кажи им дека си трудница, 2минути е еден упат. Ама интернист со овие испитувања баш не ми иде. Пак инсистирај кај матичен може се прават дека не можат