Значи надвор е пекол. Уште вакви трчканици ти фалат. Иди порано ако можеш, да завршиш работа. Скандал би им направила на твое место утре.
Лимонада, кока кола, кафе, парацетамол. Ако ептен имаш болки и не ти поминува, јави се кај матичната прашај ја дали ќе ти дозволи нешто да се напиеш, на своја рака не.
Девојки, бремена сум 7 недела, следната недела имам преглед за да видиме дали има плод, бидејќи кога бев во 5 недела видовме само гестациска кеса. Но јас во изминатава недела имав многу проблеми и стресни ситуации, буквално како на моменти да ми стопираше срцето и крвта во вените, се препотува , не јадев, не спиев, апсолутно ништо што е добро за плодот не правев. Сега откако се средија другите работи малку се смирив и јас, но сега се плашам како тој страв ќе се одрази врз плодот. Што мислите вие, дали таа недела во создавање на плодот е клучна за тоа каков плод ќе се создаде и дали овој стрес и нервоза ќе се одрази врз него со несакани последици?
Јас сум со мигрени и мене ми ги одобрија специфичните лекови во краен случај. Ама ако се работи за обична главоболка (а сепак силна), можеш 1000мг парацетамол одеднаш и турско со лимон ама во исто време да ги испиеш.
И јас мислам дека не би требало да има несакани последици врз плодот, опушти се. Верувам дека сѐ ќе биде добро. Те чекаме следната недела да ни се пофалиш дека си го слушнала најубавиот звук.
Девојчиња да прашам каков се исцедок имате? Некои денови приметувам како мала количина жолтеникав исцедок како желе на бришење.. Не знам дали е нормален овој исцедок во овој период зошто кога пребарувам се што ми дава е за мукозниот џеп.. 19та недела сум..
Ставаш утрогестан? Од тоа е. И мене ми е таков. Ајде нема читање. Ако толку многу си уплашена оди до гак ќе те ѕирнат. Ама од утрогестанот е. Плус кога е потопло позголемен ми е мене.
Ист имам уште од 10та недела, а не користам утрогестан и имам нормална бременост за сега, брисеви чисти. Не ни прашував гинеколог зашто сметам дека е нормален. Не е чепот не си прави стресови.
Жени дали досега некоја имала хемоглобин 157 а железо 30....Испитав ддимери 190 хемостаза во ред ...ми даде да пијам аспирин од 100...Да не има некој негативен ефект ?
Доста високо железо. На другарка за високо железо и ги намалија суплементите што ги пиеше. Пошо не е ни тоа убаво.
Што витамини пиеш? Мене 33 ми беше еднаш, ПреМама пиев и ги паузирав 2 недели.. само фолна и магнезиум зимав.
Dali smetas deka biotek ne e verodostoen planiram da go smenam so avicena ama I za nea zborat svasta?
Незнам што да кажам. Мојата ситуација тогаш беше така. Кај нив правев скриен шеќер, неколку пати урино култура. Ама со железово ептен испаничив и проверив на др место и искочи друг резултат.
Не е добро ни високо железо. Но можно е и да е моментална ситуација. Направи уште една контрола во друга лабораторија. Мене пред бременоста еднаш во Авицена ми беше 49 железото, од памет се извадив. По неколку дена направив во друга лабораторија или Биотек или Синлаб беше, си беше нормално околу 18.
Ставам два пати и тоа, веројатно и тоа влијае.. ептен си направив стрес и грижа, малку и подсвесно од време на време ми доаѓа стравот од предходно ама еве пробав да се смирам. Се надевам ќе биде добро