Искрено не бев искусила до сега баш таков исцедок.. жолтеникав да, ама текстурата таква не, и мислам тоа повеќе ме загрижи ама штом и другите имате искуство со таков веројатно се е добро.
Се менува исцедокот постојано, и сеа плус микс од утрогестанот па и кога е потопло мене ми е бетер, апла помочана. И мене така ми е а јас само еднаш ставам утрогестан. И парченца некад имам од него.
Кога сум смирена и одмарам повеќе точно таков е, а кога сум активна по цел ден е по водлест. И јас најчесто слушав дека само водлест е и се чудев зашто мене ми е различен. Ваљда ќе се мења до крај.
Бебе цело време притиска во долниот дел на стомакот. Премногу ми тежи и ми прави притисок, особено на мочниот меур. На 5 минути одам во купатило, а нема мокрење Нормално е?
Исто и кај мене е, мислам кој зна колку ми се моча одам и пуштам по некоја капка. Денес бев на контрола и со главчето пак е завртена надолу и баш прашав дали затоа осеќам толкав притисок. Денес едвај одам искрено малку повеќе одевме по продавници, јас се осеќам како да имам трчано маратон. Инаку гледам исто дато имаме за краен термин, ајде уште малку.
Кога те прочитав се сетив во првата бременост дека имав таков исцедок, како желе што велиш некогаш жолт дури некогаш накај зелен иако микробиолошките брисеви ми беа чисти, само ешерихија имав во урина и тогаш. И јас тогаш скоро цела бременост ставав Утрогестан вагинално.
Oysho, ептен убави. Има и некои локал бутици, мислам Ева се викаше во Буњаковец ама катастрофа, од материјал до избор.
Кај мене свртен е со главата надолу уште од 7ми месец хахаха Јас мислам цел пингвин сум направена. Одам и лелекам Ајде моето маже, за твојата девојка  само да си се олесниме
Вредноста на железото не е баш веродостојна за состојбата на крвта, некогаш истиот примерок да се испита две различни вредности ќе излезат и зависи од самата крв, од што си јадел претходно, итн. Може да се смени вредноста неколку пати во денот од ептен ниска до висока, затоа хемоглобинот е повередостојна вредност.
Да знам, хемоглобинот е доказ за искористеноста на железото. Не се сеќавам тогаш дали тој беше во ред. Веројатно беше.
Фемибион 1,магнезиум,фолна обична и утрогестан од 100 два пати на ден...минатиот пат ми беше 15 железо а хемоглобин 161 ова пред 2 недели
Dali znaete vo cair posle carski koga ti go nosat bebeto? I dali e celo vreme sotebe ili gi zemat? Kako e vo cair
Од 7 ми како се намести го глава доле, така ми е. Кога седам некако е ок, ама станам ли, отидам до маркет или било каде, на третиот чекор ми се иде во тоалет.
Нашите што побргу да си заземат позиција Јас и кога седнувам имам некој си притисок доле во препоните. Овие изминати 2 недели мака мачам. Не сме веќе ни за да излезиме некаде. Само се расправам со мм. Каде и да одиме прво гледам тоалетот каде е
Здравје утре пак ќе идам да давам крв и ќе чекам резултати таму кај нив, еве уште не спијам од колку се изнервирав денес немам сон